Фантастично !!! Тој е вистинскиот збор !
Обично на сите фанклубови, моето мислење го изнесувам по 1-2 дена од натпреварот, се со цел да се земе во предвид !
Ова мое мислење ке биде најкратко и наједноставно !
Фантастично, Брилијантно, едноставно браво за дечките !
Покажавме и докажавме дека можеме без некои играчи во нашиот тим како Адебајор и Туре кои веќе само се сеќавање на фановите, некој во добро, а некој во лошо !
Доколку ја презентираме оваа игра во текот на сезоната, несомнено дека ке освоиме повеќе трофеи !
Некои од навивачите тука беа многу песимисти. Прочитав дека некои се извинуваат за тоа, но сепак јас ке речам дека тоа е нивно мислење, какво и да е ! Јас мислам дека никој на фанклубов нема право да бара некој да се извини, или нешто слично, освен ако се работи за нешто лично !
Како и за Arsheavsin и некои други беа скептици пред почетокот на сезоната, но сепак Ние сите сме едно, и сите сакаме Арсенал да победува !
Некои од нас имаат 15 години, некои 21(јас), и сите ние не гледаме исто на фудбалот !
Некои сакаат ѕвезди во тимовите и инстант резултати, а јас пак сум најголем подржувач на играта и начинот на Венгер !
Како што кажа Сер Алекс „ Венгер знае најдобро кој му треба“ !
