1-1 на гостински терен е одличен резултат. Уште од почетокот и двата тима покажаа дека сакаат да победат, но на крајот добро беше што Арсенал постигна гол и примарната цел беше да се сочува мрежата. Повторно тандемот Фабрегас - Адебајор донесе погодок. Три асистенции на Фабрегас во два натпревари, а Аде даде 4 гола на 3 натпревари. Во вистинско време се вратија да помогнат.
Алмунија се повреди и првичните прогнози велат дека ќе отсуствува од терените 2/3 недели. Значи сега ќе мора Фабијански да ги покаже своите квалитети. Тој е одличен голман и верувам дека нема да прави почетнички грешки. За разлика од Алмунија тој е многу подобар кога противничките фудбалери шутираат од непосредна близина, но е многу по несигурен кога се работи за топки од далечина. Синоќа веднаш кога влезе одбрани еден удар од далечина на Сена и веднаш одлично се постави и го одбрани и вториот удар. Во Карлинг купот против Виган имаше одлична интервенција кога од непосредна близина шутираше Заки. Сега во овој круцијален месец е најмногу потребен сигурен голман, а верувам дека Фабијански ќе ја продолжи одличната работа на Алмунија пред голот.
Уште во првиот момент кога видов дека коленото на Галас претрпи таков удар знаев дека сезоната можеби е завршена за него. Според Венгер страдале лигаментите на коленото и најверојатно ќе отсуствува повеќе од еден месец. Од огромно значење за оваа млада екипа е неговото искуство, но Џуру мислам дека ќе покрие таму. Можеби и Силвестер ќе биде поставен таму, па така да има добра замена за таа позиција.
Волкот изјави дека голот на Адебајор е најдобриот што некогаш го видел. Тоа беше одличен погодок, се надевам дека ќе продолжи во ист стил и исто темпо.
Adebayor, Adebayor give him the ball and he will score...
Следува тешкото гостување на Џеј Џеј Би стадионот. Се надевам дека Ван Перси и Едуардо ќе бидат спремни за тој натпревар и Арсенал да ги собере трите поени.
А во меѓувреме утре Росицки треба да го одигра својот прв натпревар по повеќе од една година. Резервите на Арсенал ќе играат против оние на Евреите. Се надевам дека ќе има успешен кам бек.