Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата unforgiven
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со огромно задоцнување нека ни е честита победата. :smir:

Ова беше натпревар во кој се вложија многу емоции, но момците веруваа во победата и издржаа до крај. И Волкот беше изјавил дека не тренирале пенали бидејќи сметале дека лесно можат да ја совладаат Рома. Сепак се покажа дека младите фудбалери на Арсенал имаат поголема психичка стабилост од римјаните. Од тие вчера што шутираа има неколку кои никогаш во животот не извеле пенал на официјален натпревар. Жал ми е за Едуардо што не го постигна голот, но сепак притисокот кој го немаше почуствувано скоро цела година го совлада. Тој е вистински професионалец и верувам дека ќе се врати посилен од оваа ситуација. Голот на Денилсон, а и на Сања побуди посебни емоции кај навивачите низ целиот свет. Во секој момент кога ги гледав изведувачите како се приближуваат кон белата точка си реков тука е крајот, на Арсенал му преостана само ФА купот, но не беше така. Момците во најтешките моменти после петтата серија останаа прибрани и си ја завршија својата работа. Нескам ни да помислам што ќе се случеше понатаму ако Тонето не ја откараше топката кај некој негов познаник во публиката. Останаа само Клиши, Галас и Алмунија кои можат да шутираат. Сепак подобриот и поцврстиот победи.

Играта во текот на 120-те минути не беше како од најдобрите времиња, но сепак доволна за победа и пласман во четвртфиналето. Секој од тимот се обидуваше да направи нешто повеќе, но играта беше читана како од буквар, а одбраната на римјаните одлично си ја заврши својата работа. И кога не беа на своето ниво победија и докажаа дека од нив во иднина можат да се очекуваат големи нешта.

Диаби одигра солиден натпревар, исто и Насри. Останатите останаа премногу импресионирани од стадионот и публиката. Барем навивачите кои што патуваат се подобри од сите 60 илјади на домашен терен. Се испеваше името на Арсенал, Венгер, Ван Перси, Едуардо...

За следната фаза најверојатно ќе биде подготвен Фабрегас и Арсенал ќе се подготви за вистинска битка за трофејот. Должници има многу. Меѓу нив се Ливерпул, Барселона, Челзи, Баерн Минхен. Лична желба ми е Арсенал да биде извлечен со Барселона, па да се врати со камата за финалето во Франција. Не би сакал тоа да биде Виљареал или Порто бидејќи тогаш Арсенал ќе испадне. Тие се такви типови на екипи кои знаат како против Арсенал, а Арсенал не знае како против нив.

Одиме кон нови предизвици, а тоа е тимот на Блекбурн. Потребни се трите бода и се надевам дека сите во клубот ќе си ја сватат работата сериозно бидејќи сега веќе нема место за грешки. Сега започнува она вистинското и ќе видиме дали Арсенал е спремен да одговори на предизвикот.

Поздрав. :smir:
 
Кретени.
Ипак, ништо сериозно се ќе биде ко шо треба со навивачот.
У наредна фаза го сакам највеќе Порто.
Оваа година и не сме баш така убедливи како минатата, затоа немојте да рипате премногу после овој меч.
Играта не беше нешто, но океј споредувајки како играат тие во Лондон а ккако ние во Рим, заслужено одиме даље. Што е најбитно, не браневме ништо.
Виљареал исто така заебан тим, знам како искинав живци пред некоја година против нив а Порто незнам зашто но нее ми излгеда на тим што може да го елиминира Арсенал.
Одбраната не им е баш кој знае што така да ако се паднеме со нив(или било кој) прво сакам да играме на гости.
У групи јес да беа први, ама ... првиот меч кога бевме во полн состав ги тепавме 4-0 а на Драгао игравме со Вилшер, Томас, и тако даље да не наборјувам.
Ке бидеме уште бољи, само Едуардо уше малце да се уигра, исто така Волкот, а и Капитенот да има одличен кам-бек па да им покажат кој е вистинскиот Арсенал.

gun__1236850838_roma11032009_15.jpg

Веќе мислам дека нема посакуван противник...ни порто ни манчестер...исто е за сите сега во оваа фаза..до тука чим некој тим стигнал...значи има огромен квалитет...:helou:
Со кој и да играме...важно е да иаме доза на среќа и да идеме даље

едит: и само сакам да додадам тука...ако Арсенал стигне во било кое натпреварување во финале...оваа сезона тоа се.. Фа и ЛШ што преостануваат...сакам сите кајгана фанови заедно да ја проследиме утакмицата... да се осеќа малку таа потребна атмосфера хехе...
 
Веќе мислам дека нема посакуван противник...ни порто ни манчестер...исто е за сите сега во оваа фаза..до тука чим некој тим стигнал...значи има огромен квалитет...:helou:
Со кој и да играме...важно е да иаме доза на среќа и да идеме даље
Во ЛШ не треба само на терен да имаш среќа.
Треба да имаш среќа и со ждрепките.
Минатата година и тоа како ги посакував појакиве тимови, ама оваа година мислам дека неможеме да се мериме со Барселона, Манчестер . . . имаат далеку поквалитет играчки кадар во тимот за разлика од нас и згора на тоа имаат +1 играч на сите позиции, одбрана, средина, напад кој може во најдобро светло да ги заменат.
Првиот нека биде Порто, па кога ке се уигра Дуду,Волкот, па и Фабрегас тогаш ќе расмслуваме и за појаките тимови .
 
ајде нека ви 4етиото победата браво.. и најсериозно мислам дека едуардо ке стане број 1 во арсенал до другата год.многу е снаудлив овој играч многу се снаоѓа во шеснаесетникот не прамашува ајде:helou::helou::helou::helou::helou::helou: со срека да ви е понатаму
 
Арсенал ми го испуни срцето повеке од Манчестер

Итаљаните ги нема у Лигата каде играат само ШАМПИОНИТЕ
 
ај честито победа!мислев дека ке заврше 2-1 за рома и арсенал ке оди понатаму но и вака е добро! само малку играчите што се изморија повеке! :toe:
 
ај честито победа!мислев дека ке заврше 2-1 за рома и арсенал ке оди понатаму но и вака е добро! само малку играчите што се изморија повеке! :toe:

Се изморија...Галас и Туре еден кикс..и примивме гол... а потоа незнам како...ама иако имавме многу шанси..и морам да ја издвојам на Туре со глава од 20 сантима.. нејќеше да влезе едноставно топката...океј...се надевам добро им дојде тоа на Дуду у Волкот...што изиграа малку... се знаеше дека нема концентрација кај Едуардо за пеналот да го изведе...ама океј успеавме и без тој пенал...

Арсенал ми го испуни срцето повеке од Манчестер

Итаљаните ги нема у Лигата каде играат само ШАМПИОНИТЕ


а брат...италиани..па види.. секогаш ги има...а најлош фудбал имаат ... подобра од англиската лига..нема никаде...колку би сакал некогаш и македонија да има бар ко 3та англиска лига ... ама тоа неможе а првата англиска...Премиер Лигата...не може да се рамни со никоја друга зашто е убедливо најдобра и секој играч...ако не е во реал или барса...сака во англиско да игра:toe:
Конечно успеавме и да ги елиминираме и тоа во директни судири со нив...
Арсенал-Рома
Манчестер - Интер
Челзи - Јувентус(тука беф за јуве зашто сепак ги симпатизирам од италија...ама ок..англиско доминира)
Ливерпул....без италиански противник...
се надевам и 2 англиски ќе бидат во финалето:helou:
 
Едуардо е повреден и нема да игра против Блекбурн. Силвестер се враќа, но нема да се ризикува со него.

Венгер изјави дека Едуардо се повредил во првата половина од продолжението против Рома. Сепак тоа било мала повреда и би требало за една недела да се опорави. :toe:
 
"My heart was nearly out," admitted the keeper.
"I'm sorry I couldn't have saved more than one. In the end it was enough and I am so happy to go through to the next round.
"Roma took some good penalties. It was difficult to save them as they have so much quality.

"I'm just so happy for my team-mates because they kept their nerve and showed their maturity in the penalty shoot-out. I'm proud."
 
"My heart was nearly out," admitted the keeper.
"I'm sorry I couldn't have saved more than one. In the end it was enough and I am so happy to go through to the next round.
"Roma took some good penalties. It was difficult to save them as they have so much quality.

"I'm just so happy for my team-mates because they kept their nerve and showed their maturity in the penalty shoot-out. I'm proud."
Yes, he's so proud... Најдобар на синоќешниот натпревар, направи клучни одбрани, а и го исплаши Тонето. :vozbud:
 
Пак ли проблеми има Дуду:tapp:
Лелее вишее...тоа повредата... незнам како тој играч ќе опстане.. доаѓа најбоље изигруе... и толку..:tapp:
 
Пак ли проблеми има Дуду:tapp:
Лелее вишее...тоа повредата... незнам како тој играч ќе опстане.. доаѓа најбоље изигруе... и толку..:tapp:
Што да се прави, не играше фудбал една година, се надевам дека нема да се повредува барем три недели... за почеток... па постепено да се враќа во форма... :toe:
 
Едуардо е повреден и нема да игра против Блекбурн. Силвестер се враќа, но нема да се ризикува со него.

Венгер изјави дека Едуардо се повредил во првата половина од продолжението против Рома. Сепак тоа било мала повреда и би требало за една недела да се опорави. :toe:


Аман бе тоа Едуардо ич среќа да нема..Се повреди ...
 
Сеа следниве 2 месеци...се вака ќе му се... малку допир... и оп...готоо..една недела седење...несмее да игра:toe:
И Венгер се плаши пак да не му се деси нешто такво...
а коментаторот глуп...вика . едуардо поради големата повреда сега пробува да извлече фаул... ете колку глумеше-_-
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom