- Член од
- 8 октомври 2008
- Мислења
- 1.686
- Поени од реакции
- 20
Со огромно задоцнување нека ни е честита победата. :smir:
Ова беше натпревар во кој се вложија многу емоции, но момците веруваа во победата и издржаа до крај. И Волкот беше изјавил дека не тренирале пенали бидејќи сметале дека лесно можат да ја совладаат Рома. Сепак се покажа дека младите фудбалери на Арсенал имаат поголема психичка стабилост од римјаните. Од тие вчера што шутираа има неколку кои никогаш во животот не извеле пенал на официјален натпревар. Жал ми е за Едуардо што не го постигна голот, но сепак притисокот кој го немаше почуствувано скоро цела година го совлада. Тој е вистински професионалец и верувам дека ќе се врати посилен од оваа ситуација. Голот на Денилсон, а и на Сања побуди посебни емоции кај навивачите низ целиот свет. Во секој момент кога ги гледав изведувачите како се приближуваат кон белата точка си реков тука е крајот, на Арсенал му преостана само ФА купот, но не беше така. Момците во најтешките моменти после петтата серија останаа прибрани и си ја завршија својата работа. Нескам ни да помислам што ќе се случеше понатаму ако Тонето не ја откараше топката кај некој негов познаник во публиката. Останаа само Клиши, Галас и Алмунија кои можат да шутираат. Сепак подобриот и поцврстиот победи.
Играта во текот на 120-те минути не беше како од најдобрите времиња, но сепак доволна за победа и пласман во четвртфиналето. Секој од тимот се обидуваше да направи нешто повеќе, но играта беше читана како од буквар, а одбраната на римјаните одлично си ја заврши својата работа. И кога не беа на своето ниво победија и докажаа дека од нив во иднина можат да се очекуваат големи нешта.
Диаби одигра солиден натпревар, исто и Насри. Останатите останаа премногу импресионирани од стадионот и публиката. Барем навивачите кои што патуваат се подобри од сите 60 илјади на домашен терен. Се испеваше името на Арсенал, Венгер, Ван Перси, Едуардо...
За следната фаза најверојатно ќе биде подготвен Фабрегас и Арсенал ќе се подготви за вистинска битка за трофејот. Должници има многу. Меѓу нив се Ливерпул, Барселона, Челзи, Баерн Минхен. Лична желба ми е Арсенал да биде извлечен со Барселона, па да се врати со камата за финалето во Франција. Не би сакал тоа да биде Виљареал или Порто бидејќи тогаш Арсенал ќе испадне. Тие се такви типови на екипи кои знаат како против Арсенал, а Арсенал не знае како против нив.
Одиме кон нови предизвици, а тоа е тимот на Блекбурн. Потребни се трите бода и се надевам дека сите во клубот ќе си ја сватат работата сериозно бидејќи сега веќе нема место за грешки. Сега започнува она вистинското и ќе видиме дали Арсенал е спремен да одговори на предизвикот.
Поздрав. :smir: