Еве вака, знаете дека јас не пишувам веднаш по натпреварот, бидејки да има време за анализа(ми се спиеше)...Натпреварот го гледав наизменично, бидејки ме нервираше албанскиот коментатор на МТВ2....Ги гледав и шансите наши на прегледот на ХРТ2...Од сето ова само ми се оствари тоа дека Арсенал во ЛШ и во ПЛ не е ист тим...Имавме шанси, ама немавме играч кој можи да погоди...Колку и да звучи сурово, и тоа дека не сум ниту за двајцата, Адебајор е за една класа подобар од Бендтнер....Како и да е....некој рече дека нема да ја играме нашата игра ?! ГРЕШКА....Ова беше првиот натпревар во сезона каде ја игравме нашата игра, заедно со оној на Јунајтед...Еден куп шанси, подсед на топка од преку 65%....Така да изостана само реализацијата....
Како и да е....задоволен сум...обично можеме да постигнеме гол на двомечот и обично ни успева тоа....Ке видиме....Рома не е тим за фрлање....Ке имаат 75,000 публика позади нив....Ке видиме....
Единстевно задоволен сум од играта....а не од реализацијата.....Не очекува 2-то полувреме во Рим...Очигледно ке играме уште 2 пати на Олимпико....
Тренерот на Арсенал Арсен Венгер тврди дека неговиот систем на работа ќе даде одлични резултати за две години и дека "златната генерација топџии" ќе владее со англискиот фудбал кога неговите играчи ќе соберат уште малку искуство.
"Тимовите како Манчестер Јунајтед и Челзи само одат наоколу, купуваат играчи, освојуваат трофеи и потоа се фалат со нив. Арсенал има чесен систем на вредности и развива сопствени ѕвезди. Верувам дека Ван Перси, Сеск, Фабрегас, Тео Волкот и Денилсон ќе докажат дека се подобри играчи на долги патеки и дека ќе го вратат Арсенал на чело. Дека се способни за големи резултати покажува и тоа што сезонава го победивме Манчестер", изјави Венгер.
"И понатаму веруваме дека побитно е да ги задржиме сопствените вредности отколку да купуваме играчи, да освојуваме трофеи и да се фалиме со нив. Сакаме да го задржиме овој тим, играме со Волкот, Фабрегас, Насри, Диаби, Насри и Денилсон, од кои најстариот има 21 година. Кога ќе имаат по 23 или 24, ќе победуваат се без многу проблеми, верувајте ми", изјави Венгер.
Венгер и Арсенал одамна се мета на критики поради тоа што во витрините нема нови трофеи.
"Додека не освојуваш трофеи, луѓето поставуваат прашање дали си воопшто во состојба да го направиш тоа. Јас велам дека треба да продолжиме вака и титулата ќе дојде со време", изјави Венгер.
Ова е извадок...Само ке ве потсетам дека Сер Алкес чекаше 8 години за првата титула по доагањето на Олд Трафорд....Венгер тоа го направи одма, и тоа во првата сезона кога дојде и подоцна во наредните 3-4....Сега Венгер е тој кој му треба време и со ова, кажаното....ке успее....Замислтете Сер Алекс игра со истиот костур веке 15 години....Арсенал и смена генерации и имаше проблеми и се...Ман.Јунајтед мислите дека ке успее да преболи тоа кога Сер Алекс ке се пензионира...???...И тие ке имаат проблеми....8 години чекаше Алекс, ако треба и ние ке чекаме....Мене не ми претставува проблем...Штом Венгре вели дека ке успее....Му верувам...
