-=
Mлад бугарин пред потпис за Арснеал Николај Димитров, 20-годишен крилен играч на Левски Софија, има големи шанси да стане нов член на Арсенал.
Димитров е член на младата бугарска репрезентација и исклучително ценет во својата земја. Челниците на Арсенал го пратат овој играч кој игра на позицијата лево крило, па од Левски побарале до го пуштат на проба. Левски се сложиле и го пуштиле нивниот млад фудбалер, а менаџерот на Топчиите, Арсен Венгер бил повеќе од задоволен од прикажаното на Димитров. Но прашање е дали ќе дојде до реализација на овој трансфер, кој Арсенал би го чинел 700 илјади фунти, а Венгер не планирал да троши од клубскиот буџет за засилувања во овој преоден рок.
Димитров изјавил, дека доколку потпише за Арсенал ќе се исполни неговиот животен сон.