Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата unforgiven
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Честито за победата,глеам Аршавин се приспособи на Премиер Лигава.Со среќа нека му е.
И Што кој к*р го чувате тоа срањето Бендтнер?
 
Супер одигравте денеска конечно тепавте :)

Аршавин одигра супер незнам зошто не му даде да го пуца пеналот за хет-трик :smir:
 
ее и ја мислеф Арша ќе го изведе пеналот... одлична шанса за прв хет-трик :vozbud:
а денес сепак..добро изигра Бендтнер...само втор пат да ми се свиѓа како игра оваа сезона...ама ме разочара...што неможеше да погоди тоа голот бее...
све ќе напраи најбољеее... и на крај... :tapp:
 
Честитки за победата. :smir:

Конечно 4 гола во мрежата на противникот. Одамна во Премиер лигата го немаше тоа, но вчера благодарејќи на Волкот, Аршавин, Сонг, Денилсон, Ебуе, Насри, Бендтнер и останатите Арсенал докажа дека заслужува да игра во Лигата на шампионите и следната сезона.

Волкот со своите дриблинзи ја збунуваше одбраната и бушеше по десната страна, асистираше кон Аршавин кој не го постигна првиот гол, туку имаше одбивање од противнички фудбалер (си призна и Арша). Се гледа колку недостасувал овие 4/5 месеци.

Аршавин постигна одличен втор погодок, од мртов агол откако ги помина дефанзифците (негова специјалност). Асистираше се движеше по теренот, севкупно може слободно да се каже дека влезе во форма.

Сонг одигра одличен натпревар, не погреши многу при додавањата, одземаше топки. Сега за сега овој и минатиот натпревар со Барнли му се најдобри натпревари во дресот на Арсенал оваа сезона. Комплетен ДМФ, нешто што фалеше цела сезона. Се надевам дека вака ќе изигра и до крајот на сезоната, па Венгер да не мора да фрла пари по некој друг.

Ебуе влезе во игра и два гола. Браво за него, постигна гол против Барнли, а сега 2 и против Блекбурн. Почнува да биде корисен за тимот. :vozbud:

Денилсон реши да подава и топки во длабочина и тоа резултираше со гол. Стабилен во текот на целиот натпревар, заедно со Насри кој имаше одлично изведен слободен удар (штета што не го посака среќата па топката заврши во пречката) и го тестираше Робинсон.

Бендтнер изигра добар натпревар, трчаше дриблаше, го пронајде Волкот за првиот гол. Сепак неговата деконцентрација пред голот беше огрома и неможеше барем еднаш да погоди. Му треба само еден погодок во мрежата на противникот за веднаш потоа да постигне два или три. Има само 20 години, ќе стане одличен фудбалер во иднина. Се направи добро, само да си го подобри финишингот.

Следува Хул и борба за Вембли. Одамна Арсенал не беше играл таму па се надевам дека овојпат ќе биде поуспешен од „тигрите“ и да биде чекор поблиску до долго очекуваниот трофеј.
 
Како и да е... мора да се купи еден дмф мора тоа ... баш ми е мило што Сонг и Дени влегуваат во форма а тука се и Фабре коа ќе се врати и Диаби... ама... еден позатворен... мора да се земе...неможеме да го оставиме тоа на Сонг или на Дени... сепак тоа го свативме после оваа целокупна сезона:toe: за жал...ама вака ќе иаме и одлична клупа а и супер прв тим:baeh:

Потоа... за Ебуе..одсекогаш бил многу корисен за тимот но не секој го ценел тоа и гледал...секогаш се од себе давал за тимот и едноставно гинел на теренот за Арсен и Арсенал:vozbud:
Се надевам дека ќе продолжи договор со нашиот тим и дека ќе игра дури и подобро во следните сезони каде што очекувам да биде главно резерва на тимот...и да имаме тим како до пред една па може да се каже и 3 4 сезони:salut:
 
Пазетего смешково Педерсен ... а се утепа од бунење на пенал ццц.
2dkd8d2.gif

:pos2:

А за ова ...
2epsg3b.jpg
 
хахаха ме изнасмеа тоа ја гледав утакмицава се виде дека сам падна добро е што и судијата виде но и да беше пенал ништо не мењаваше..
 
Зоки од кај ги вадиш овие репетицииве?

Како падна хахахах не ми се верува а првин гледа кај судијата:pos2::pos2:
 
Зоки од кај ги вадиш овие репетицииве?

Како падна хахахах не ми се верува а првин гледа кај судијата:pos2::pos2:
Има Англиски форуми, ај да не спамувам сеа тука.
И таму имаше еден постирано од ЈуТуб клипот а и анимацијава. :)
Инаку, ќути комедија е.
И Денсот на Ебуе :pos:
 
Супер....денес немам никакви забелешки за играта и играчите....Задоволен сум....Фантастична игра на одбраната....исто и на средниот ред....Сонг и Денилсон фантастични, посебно Сонг....Аршавин мен од д меч, а пак Насри заедно со Волкот изиграа одлична уткмица, посебно Волкот....Бендтнер се трруди ако ништо друго, и тоа е она кое ми се допага кај него...Се труди, трча имаше неколку ассистенции кон Волкот и кон Насри...Како и да е...задоволен од играта и резултатот....

п.с. Мислам дека првиот гол на натпреварот е запишан како автогол...Дали некој има потврда за тоа...да знам...чисто информативно....Оти на официјланиот натпревар, кога го дадовме голотне пишеше стрелец туку пишеше....Live from Emirates stadium, London....Затоа ме интересира...

После сите навиваме за Евреите.....Типувам победа на Тотенхем...

оф топик: Манчестер Јунајтед - Ливерпул 1-4....за малку 4-4....ххиихихихих....Можеби ние не сме во форма ама немаме изгубено на домашен терен со 3 гола разлика од тим од големата четворка, не знам дали тоа се случило во ерата на Венгер ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom