Еве го и тоа...Очекувам коментари и ваши мислења за ова...Се надевам дека ке увидите каков тип на игра сакал, сака и ке сака, од секогаш....Поздрав и
.....Уживајте....
РЕЦЕПТ ЗА УСПЕХ....
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]По неверојатниот успех и двојната круна, Арсен Венгер ги освојува симпатиите на сите во Арсенал: од акционерите, преку фудбалерите па се до оние најважните – фановите. Венгер го „бетонира“ своето место на клупата и во историјата на клубот.
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]НИКОЈ не очекуваше ниту бараше од Арсен Венгер двојна круна во првата негова комплетна сезона на чело на Арсенал, но тој успеа да ја освои. Токму затоа сега амбициите на клубот се зголемија. Акционерите, фудбалерите, фановите и менаџерот веќе не се задоволни само со висок пласман на табелата, туку се бараат и трофеи. Како и секоја сезона, пред стартот на сезоната се одржуваше познатото Куп натпреварување Черити Шилд Куп во кое Арсенал го победи Манчестер Јунајтед со 3-0. По ова финале се одржа Генерално собрание на акционерите во клубот. Но, сега работите беа поинаку.
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]НЕКАДЕ околу 11 часот наутро сите акционери беа собрани во Салата за конференции на Хајбери и пред нив беше една необична слика, кога се во прашање вакбите собори. На бината седум трофеи: Премиер Лигата, ФА Купот, Черити Шилд и други четири од младинските и женските тимови на Арсенал. Низ сивилото на постарите господа од управата на клубот и главните акционери, светлата точка беше менаџерот: Арсен Венгер.
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT] Токму овој човек беше најзаслужен за најважните трофеи од поновата историја на клубот. Расположението на овој состанок беше многу поинакво од предходните состаноци. Претходно, во 1995 и 1996 состаноците изобилуваа со караници помеѓу акционерите, претседателите, менаџерот и претставниците од фановите, главно предизвикани од недостиг на успех. Сега, изјавата на претседателот Хил-Вуд гласеше: „ Задоволство ми е што денеска стојам покрај толку многу трофеи. Јас лично не можам да им се изнагледам, а не верувам дека некој од вас постарите повторно ќе доживее за да ја види истата слика, па затоа гледајте ѓи додека можете“ – рече Хил-Вуд. Ова беше средбата со целата раководствена структура на Арсенал на која Арсен Венгер ги освои симпатиите на сите и си го „ забетонира “ местото на клупата на Арсенал. Покрај другите прашања еден од младите акционери праша : „ Јас мислам дека најсалужен за успехот е нашиот менаџер. Колку што знам, постојат многу фудбалери низ клубовите во Англија кои се повеќе платени од менаџерите. Дали е тоа така и кај нас? Предлагам Г-нот Венгер да е нашиот највисоко платен вработен менаџер досега.„Од бината Арсен Венгер дофрли: „ Тоа е мојот агент!“ – изјава која предизвика гласна смеа во салата, толку гласна што се загуби сериозноста на прашањето.
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]ЕДНО од следните прашања за Арсен Венгер беше она за Николас Ањелка. Еден акциноер запраша: „ Г-ине Венгер, ние го донесовме тука Николас Ањелка тука бесплатно, а сега тој вреди многу пари, преку 10,000,000 фунти.
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]Знаеме дека клубот инвестира многу во младинските школи и со тоа ќе ги спречиме останатите клубови на нас да ни ги земаат играчите како што ние им го зедовме Анелка од ПСЖ?“. Претседателот Хил-Вуд сакаше да го заштити својот менаџер запрашувајќи го: „ Сакате да одговорите веднаш или подоцна по писмен пат?“ – секогаш кога некој ќе поставеше некое незгодно прашање вообичаено беше менаџерот или оној до кого е упатено прашањето да се воздржи од одговор и подоцна по писмен пат заобиколувајќи го вистинскиот одговор да возврати. Но, Арсен Венгер не беше таков. Тој веднаш стана и се упати кон говорницата и веднаш доби громогласен аплауз од пристуните. „ Па видете, постои правило дека да се биде фудбалер е како и секоја друга професија. Така, секој полнолетен кој имал професионален договор со еден клуб, на крајот на тој договор може да го напушти клубот без оштета. Така и ние дојдовме до Николас Ањелка. До мене дојде информација дека тој не е баш среќен во Париз и дека е на прагот да замине во Барселона или Реал Мадрид. Сепак, бидејќи дека сум од Франција и дека сме сонародници, Ањелка се реши да дојде овде. Со неговиот трансфер, освен што добивме одлично засилување за тимот, всушност се бориме да опстаниме и финансиски. Го доведовме без оштета, а сега можеме да го продадеме за многу пари, бидејќи тој има договор со нас. Да ви одговорам директно на прашањето – не можеме да се бориме против тоа останатите клубови да потпишуваат договори со фудбалерите на кои им истекол договорот со Арсенал. Можеби, доколку има финансиска логика би потпишале договор со некој фудбалер кој воопшто не ни е потребен, но само доколку сме сигурни дека
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]на краток рок ќе профитираме од неговата продажба – секако не сакаме да ги злоупотребуваме фудбалерите“ – гласеше првиот дел од одговорот на Венгер, кој продолжи да зборува. Сите слушаа внимателно и се повеќе и повеќе се воодушевуваа до својот менаџер.: „ Би сакал да проговорам и општо за трансфер-пазарот. Кога дојдов тука пред две години имавме солиден тим, но ни требаа засилувања ако сакавме да се бориме за титулата. Пред се мислам тука на млади фудбалери. Нам ни требаа млади за да го обновиме тимот, а по неколку месечна обсервација заклучив дека во Англија не можеме да дојдеме до квалитетни млади фудбалери, бидејќи сите се веќе во некој голем клуб: Манчестер Јунајтед или Ливерпул. Токму затоа и почнав да купувам фудбалери од странство. Откако го засиливме тимот и ја освоивме титулата, повторно сме на трансфер пазарот и верувајте дека јас повторно ќе се ориентирам на купување фудбалери кои се подобри од оние кои ги имаме сега и во прв план повторно ќе му бидат фудбалерите од Англија. Мислам дека за клуб како Арсенал е важно да го поседува тој англиски дух и базата да биде составена од домашни фудбалери. Но, не сум погдотвен да го жртвувам успехот на клубот за таа цел – доколку не најдам добри засилувања тука, повторно ќе барам фудбалери од странство“ – заврши Венгер.
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]„ СЕКОГАШ постои таа борба помеѓу традициналното и модерното. Традицијата е нешто што сакам да го зачувам тука во Арсенал. Посебно силниот дух на фудбалерите кои доаѓаат од Англија. Иновацијата е доведувањето на фудбалери од страна кои можат да придонесат во успесите на тимот.
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]Мислам дека успехот од минатта сезона се должи најмногу на добра мешавина од две компоненти: традицијата и модерното. Мојата главна цел е стабилноста на овој клуб. Затоа најпрво се решив да ги продолжам договорите на фудбалерите на кои им истекуваат договорите, а потоа и со фудбалерите кои дојдоа: Ањелка, Виера, Пети, Вре, Овермарс – бидејќи сите се млади, потпишавме долгорочни договори кои ќе ги задржат во клубот барем пет до шест години и ќе не заштитат нас од некој друг клуб да им пристапи и да сака да потпише договор„ - ја заврши мислата Венгер и беше поздравен со громогласен аплауз, небаре е политичар на предизборен митинг. Следуваа уште две прашања кои изгледаа како врв на еден „ вид предизборна кампања „ на Арсен Венгер – најпрво некој праша за договорот на менаџерот, по што Хил-Вуд на огромно задоволство на сите одговори: „ Го продолживем договорот со Г-нот Венгер на уште 4 години со иста заработувачка како Сер Алекс Фергусон, тогашниот најплатен менаџер во светот – и веднаш громогласен аплауз. На крај, еден од постарите акционери предложи целото Генерално собрание да се претвори во голема забава и игранка, што беше проследено со уште еден аплауз, а прв на подиумот застана Арсен Венгер.
[FONT="]•[FONT="] [/FONT][/FONT]ВАКА изгледаше Генералното собрание на акционерите на Арсенал во 1998 година, денот кога Арсен Венгер си го загарантира местото на клупата на Арсенал, во историјата на клубот и во срцата на навивачите.