Dolphin
Pirate of the Caribbean
- Член од
- 3 март 2005
- Мислења
- 1.296
- Поени од реакции
- 57
FortunE напиша:Едвај ја најдов темава :lol:
Сакам да наведам неколку реченици (од интересна книга) во врска со женскиот оргазам.
Нервоза и незадоволство
Нервозата и незадоволството не ни дозволуваат да го почувствуваме задоволството, а често ја притапуваат и целата чувствителност. Меѓутоа, многу жени се разочарани од мажите со кои водат љубов или пак уште носат во себе нервоза кон мажите со кои пред тоа биле. Ако сте нервозни за време на секс, тешко дека ќе стигнете до оргазам. Можно е и самите да не ја почувствувате нервозата, но верувајте дека е така.
Страв да не се контролирани од партнерот или да не ја загубат контролата кон самите себе
Чувството на контрола е спротивно на оргазмот кој означува целосно ослободување на страста. Ако чувствувате страв да му се предадете до крај на задоволството и да ја отворите душата затоа што партнерот би можел да ја искористи вашата незаштитеност и да ве навреди на некој начин, вие може да се контролирате така што нема да му дозволите на телото да се опушти до степенот неопходен за доживувањето оргазам. Научете да му се доверувате на телото, дајте и можност на својата природа.
Борба за надмоќност
Ако односите со партнерот ви се такви што, вие често пројавувате слабост и попуштање кон него, можеби го задржувате оргазмот затоа што сметате дека тоа е еден од малкуте начини да се почувствувате "посилната". На крај, незадоволството си останува пак за вас. Се казнувате како самите, така и својот партнер. Помислете добро на моментите во кои пројавувате слабост и обидете се да се почувствувате посилни, затоа што сте во состојба да и се предадете до крај на сексуалната страст!
"Не постојат фригидни жени, туку само лоши љубовници".
До администраторот... Можно ли е некако постот да му се направи недостапен на Никола за читање... ПРемногу негативно ќе му делува на здравје, само што ќе го прочита :wink:

