Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво јас сум иден студент на ФИНКИ и ваш колега. Па ве замолувам ако може одговор на неколку прашања
1. Дали има учебници. Од каде се набавуваат. На кој јазик се?
2.Дали постои некој калкулатор со кој ќе можам да пресметам поени за упис.
3. Во кои програмски јазици се работи односно се изучува
4. Замолувам да ми испратите материјали или книги(ако има) за смерот Софтверско инженерство и информациски системи односно овие предмети
Бизнис и менаџмент
Вовед во компјутерските науки
Калкулус
Професионални вештини
Структурно програмирање

ОДНАПРЕД ВИ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВАМ

1. Има. Во електронска форма на англиски јазик. Мал дел на македонски јазик во библиотеката.
2. Имаше. Гледам не е достапен моментално.
https://www.finki.ukim.mk/mk/enrollment/calculator
3. По задолжителните предмети Ц, Ц++, Јава. По изборните C#, Python, JavaScript (и негови библиотеки, frameworks)...
 
не работи линкот инаку фала за информациите ако имате некои материјали други може да ми пратите[DOUBLEPOST=1548797850][/DOUBLEPOST]
Структурно - C
Објектно ориентирано - C++
Алгоритми - Java

Ова ти се од задолжителните

https://www.mediafire.com/folder/wzdaa8g18f7rw/ФИНКИ

Тука имаш за повеќето предмети

Вовед во компјутерски науки - вовед во информатика
фала многу
 
За втор семестар , Основи на Веб Дизајн или Компјутерски Компоненти?
 
Едниот ти е корисен, другиот само лесно да поминеш. Моја препорака ти е КК да го чуваш за наредните години, а сега ОнВД да земеш.
 
За корисност беше :D
Иначе повеќе детали можеш да ми дадеш за предметов?
Фала ти иначе :D
 
Подетален опис нека ти пишат колегиве што го слушале годинава. Јас пред 3-4 години го слушав, па можно е да има промени во програмата или организацијата (асистентите тогаш се професори веќе :D).
Иначе учевме html за почеток, а на крај фокусот беше ставен на CSS. Лабораториските ни беа како домашни, но строго ти препорачувам да си ги решаваш сам, за да немаш тешкотии понатаму. Тежина - лесен, но ќе мора да одвоиш време за вежбање и решавање домашни.
 
Дали ќе може подетално објаснување за предметите оперативни системи и софтверско.Кој професор како го предава материјалот,начин на кој се полага и кој е потежок.
 
Ново мислење во 4 саат, секако дека ќе е во финки темата од некој намачен финкаш.
ОС предавање оди кај Граматиков, супер објаснува човекот, може и другите ти се добри, знам Боро беше и уште некои други, ама конкретно Граматиков за ОС беше топ бар за мене. Вежбите оди кај Мишев, и особено првите вежби многу многу внимавај, ако треба и кај сите оди, бидејќи памтам катастрофа беа објаснети на аудиториските, јуниксот веќе можеш и сам дома, ама и тоа убаво е да не пропушташ. Софтверско ти е најлесно кај Катерина, предавањата се океј, мадај малку досадни особено вториот дел, т.е. што ќе те лажам, досадни се предавањата во целост, кај Маџаров малку се поинтересни предаваата ама они плус уште нешто учеа, Гит мислам учеа командите. Значи ако сакаш полесно кај Катерина, ако сакаш поинтересно и покорисно донекаде кај Маџаров, иако ова за дали е интересно базирано ми е од само едно предавање што отидов да чекам друг час. Вежби не знам кој држи, некако исто ти е кај сите тоа, сите просечно ќе научиш, а толку и треба за да го сфатиш предметот. Софтверско нешто на памет, нешто ќе сфатиш, нешто од чиста логика да нацрташ, не е тешко да положиш. ОС е доста потежок, особено практичното, теоријата повеќе задачи беа со формула едноставна и лесни дефиниции.
 
За корисност беше :D
Иначе повеќе детали можеш да ми дадеш за предметов?
Фала ти иначе :D
Се учи HTML и CSS. Прв колоквиум е само теорија на courses, а втор се полага теорија и се прави веб страна, меѓутоа може да се менува само CSS документот. Место втор колоквиум можеш и проект да правиш, но мора да освоиш 90+ поени на првиот колоквиум.
 
Ново мислење во 4 саат, секако дека ќе е во финки темата од некој намачен финкаш.
ОС предавање оди кај Граматиков, супер објаснува човекот, може и другите ти се добри, знам Боро беше и уште некои други, ама конкретно Граматиков за ОС беше топ бар за мене. Вежбите оди кај Мишев, и особено првите вежби многу многу внимавај, ако треба и кај сите оди, бидејќи памтам катастрофа беа објаснети на аудиториските, јуниксот веќе можеш и сам дома, ама и тоа убаво е да не пропушташ. Софтверско ти е најлесно кај Катерина, предавањата се океј, мадај малку досадни особено вториот дел, т.е. што ќе те лажам, досадни се предавањата во целост, кај Маџаров малку се поинтересни предаваата ама они плус уште нешто учеа, Гит мислам учеа командите. Значи ако сакаш полесно кај Катерина, ако сакаш поинтересно и покорисно донекаде кај Маџаров, иако ова за дали е интересно базирано ми е од само едно предавање што отидов да чекам друг час. Вежби не знам кој држи, некако исто ти е кај сите тоа, сите просечно ќе научиш, а толку и треба за да го сфатиш предметот. Софтверско нешто на памет, нешто ќе сфатиш, нешто од чиста логика да нацрташ, не е тешко да положиш. ОС е доста потежок, особено практичното, теоријата повеќе задачи беа со формула едноставна и лесни дефиниции.
Катерина неколку пати спомна дека програмата ќе се менувала по предметот, па најверојатно нема да го учат тој досаден материјал веќе. Како и да е, кај кого и да одат по тој предмет, нема да погрешат.
 
Кога се одлучува дали сакаме со три или со четири години да студираме?Дали ако имаме наведено при упис(бидејќи не се сеќавам)може да се измени.Поздрав
 
Нема потреба никаде да се наведува.
Одлучуваш дали по 174 кредити ќе браниш дипломска или по 234 кредити.
 
Предлог интересни предмети за летен семестар, по можност да не се како Бизнис ?
 
Некој да не знае со сигурност да каже дали читалната на електро работи со нормално работно време и во недела, односно исто до 22 часот или пак затвара порано? Во тмф знам порано затвараа во недела, ама за електро ич не ми текнува.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom