Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Да прашам за полагање треба индекс да носиме и дали треба нешто друго?
 
Да прашам за полагање треба индекс да носиме и дали треба нешто друго?

Индекс или студентска легитимација, евентуално лична карта.
Не секогаш бараат документ за идентификација, но носи нешто со себе за секој случај.
 
Индекс или студентска легитимација, евентуално лична карта.
Не секогаш бараат документ за идентификација, но носи нешто со себе за секој случај.
Ти благодарам на брзиот одговор :)
 
Некој да ми прати скрипта да споредам нешто, Вовед во информатика за 1 колоквиум?
 
100% од прва и 33.33% од втора, се положува ? За структурно зборам.
 
Во кој случај не би значело?
Доколку задачата не ги исполнува условите од текстот. Задачата се тестира според влезот на тестпримерите и излезот според тие тест примери за нивното решение. Во секој случај, по СП не мислам дека може да се добијат помалку од 50% од поените за задачата со 100% тест примери, јас кога положив во прва година матрицата ми ја имаа оценето со 30/35, а си работеше 100% тест примери. Интересно, мој другар со кој заедно решававме, ја реши матрицата на ист принцип кај друг професор/асистент и му беше оценета 35/35. Ако ви е Томче Делев, good luck.
 
Можеа по СП да уклучат и некоја равенка по Физика да изведеме во задачите ;)
 
Затоа си на ФИНКИ, математика да програмираш. Ќе ти треба за работа!

Не е проблем тоа, само дадоа задачи кои прво треба да ги знаеш од математичка природа ( кои прво треба така да ги поставиш и да најдеш некоја формула) па потоа да ја програмираш. Значи, повеќе време ќе утепам да најдам соодветна формула откако како да ја поставам задачата во C :)
И да, прв колоквиум, некои првпат се среќаваат со програмирање воопшто :)
И плус, во предавања и на презентации никаде не видов, ни па слушнав дека треба да знам да изведувам формули, ни па е даден никаков пример за тоа.
Така да, мислам дека треба да се земе тоа во предвид, не е се во тоа да ги заебаме студентите да полагаат во Јануари, или да презапишуваат. Сето тоа се учи да, ама не за рок од 1 месец ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom