Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто на courses нема лаб вежби по структурно програмирање?
 
Дали знајт некој во Скопје шо дават приватни часој програмирање во C, хитно е , фала многу.
 
Па, една причина што отидов на финки и покрај тоа што немам искуство со програмирање и слаб интерес за математика беше што не знаев каде на друго место. Си се тешев дека ќе имам изборни во 4та год за когнитивни науки и биоинформатика зошто биологија и психологија ме интересира, а дека до тогаш ќе си земам нешто за графички дизајн зошто многу добро цртам. Плус сите спамаа "Само со финки ќе најдеш работа" и се мрднав. :yid:оло

Инаку да одговорам на прашањето најверојатно на ПМФ ќе одам :)

А што мислеше дека ќе правиш во биоинформатика? Цел предмет ти е програмирање со матрици, барање најкраток пат итн. Предметот се вика биоинформатика, значи да примениш знаења од информатиката во биологијата. На почеток можда основите се досадни и е напорно ама после кога си ги бираш сам предметите е поинтересно.
 
Две прашања.
Предметов вовед во интернет, дали сите овие набројувања што ги има треба да се учат на памет?
Не се жалам , ќе ги научам , ама радо би не, бидејќи најтешко од се ми е набројување.
Пр има многу интернет сервиси, многу протокли , многу тела за организација, и у едно предавање статистика за интернет 10 слајда. Ова се се бара на испит, или само поважните од нив?
А друго , ако донесам лаптоп на СП лабораториски, може на него да решавам?
бидејќи минатиот пат изгубив пола саат дур да се логирам на компјутер што работи.
 
Можеш со лаптоп да отидеш, нема да ти прават проблем. А околу вовед во интернет, колку што памтам од презентации учев за теорија, види може да има некој ворд/пдф скратена верзија, извадени побитни работи, имаше мислам еден ворд документ таков.. Како и да е, не е тешка теоријата, повеќето е на заокружување, само пази на негативни поени :) На практичниот на прв колоквиум лесно се вадат дури и сите 100 бодови, тоа ќе ти дигне просек
 
Алгоритми и податочни структури почнати се лаб? Каде се?
Ако се на CODE изглеа не сум додаден треба мејлови да праќам -.-
 
Алгоритми и податочни структури почнати се лаб? Каде се?
Ако се на CODE изглеа не сум додаден треба мејлови да праќам -.-

На code се, уште 2 или 3 дена има време за првите мислам ..
 
Дали има некој испитни по Системи на знаење?
 
Дали е подобро СП да полагам испит во јануари место колоквиум наредната недела? Не се чувствувам доволно спремен моментално, ќе се исплати ли да се фокусирам на предметот или подобро е повеќе внимание да обрнам на ДМ1 за да поминам на колоквиум? Некој ако може искуство да сподели како го исчистил СП.
 
Па у принцип, втор колоквиум ти е исто со испит, односно ист тип на задачи (3 задачи се), со тоа што на испит веројатно нијанса потешки би паднале. Прв колоквиум е доста лесен, ама откако ќе научиш, и јас на прв помалку знаев и помалце поени имав него на втор :D Како и да е, не ти мења ништо ако отидеш да полагаш, и не ја оставај задачата празна ако ништо не знаеш, пишувај што ќе ти текне, да видат дека имаш некоја логика и дека знаеш нешто од нешто, даваат бодови за се :) Ако извадиш океј поени на прв, зашто да не го исчистиш после на колоквиуми и да не се замараш со испит, освен ако не бркаш просек..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom