Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Многу глупи реченици во еден пост :

1. 50-60 не се , дупло повеке се .

2. Не бегаат сите од математиките , статистички можеби да, но има и некои кои сакаат да ја трошат енергијата на некоја тесна бранша од оваа професија , а не да се замараат со досадни математики кои после положување нема никогаш да ги употребиш , да речиме Калкулус.

3. Се што ти правиш е величење на твојот смер ...

4. Предметите како Е-влада , Бизнис и менаџмент и Маркетинг ние ги имаме како задолжителни и 99% студенти од КНИ ги земаат како изборни . Да не зборувам за Медиуми и Комуникации пак...

5. Мојот совет до идната колешка е да се запише на ПЕТ , со цел да добие диплома од ФИНКИ ,а доколку ти оди програмирањето и останатите сродни области верувај дека нема никогаш да се покаеш што не си на некој од 'поценетите' смерови . До сега не сум видел оглас за работа во кој што не дескриминираат по смерови , уште помалку оглас во кои што треба да знаеш да решаваш интеграли итн ...


И што мислиш, економските предмети ќе ти вредат повеќе од математиките ?
Ако сакаш полесно да поминеш и да имаш време да се посветиш на некоја технологија, тогаш е најдобро воопшто да не се запишуваш на факултет. Ќе имаш 4 години, ќе станеш експерт да го ебам :D. Никаде не бараат диплома ако знаеш да работиш.
Факултетот е да се запознаеш со сите сфери на информатиката, па после можеш да одбереш со што сакаш да се занимаваш. Ај за калкулус, можам да речам дека послабо се користи, но веројатноста и статистиката се основа на огромен број системи.
За крај, КНИ/ИКИ се одлични смерови ако сакаш да продолжиш со образование (магистратури / докторати) бидејќи едноставно се постручни.
 
И што мислиш, економските предмети ќе ти вредат повеќе од математиките ?
Ако сакаш полесно да поминеш и да имаш време да се посветиш на некоја технологија, тогаш е најдобро воопшто да не се запишуваш на факултет. Ќе имаш 4 години, ќе станеш експерт да го ебам :D. Никаде не бараат диплома ако знаеш да работиш.
Факултетот е да се запознаеш со сите сфери на информатиката, па после можеш да одбереш со што сакаш да се занимаваш. Ај за калкулус, можам да речам дека послабо се користи, но веројатноста и статистиката се основа на огромен број системи.
За крај, КНИ/ИКИ се одлични смерови ако сакаш да продолжиш со образование (магистратури / докторати) бидејќи едноставно се постручни.

Секако не вредат.
А што мислиш ти, што е подобро... Да ти бидат задолжителни калкулус и веројатност, а изборни да земеш бизнис, маркетинг, медиуми* (за да може да ги исчистиш задолжителните, кои не се баш лесни), или задолжителни да ти се маркетинг и бизнис, а изборни интернет, напредно, визуелно програмирање или интерактивни апликации* (пошто имаш време да им се посветиш нели) ? *рандом предмети
Верувај многу студенти од појаките смерови го прават ова првото. Секоја им чест на исклучоци.

Така што кој не се чувстува многу подготвен за математиките, му препорачувам ПЕТ. Со посветеност на програмирањето за време на студирањето, после завршување нема да бидете ништо полоши од оние студенти од потешките смерови.

Сега секој муабетот ќе го врти како нему му одговара. Секој ќе ги кажува предностите на неговиот смер, а ќе ги крие недостатоците.
Генерално, во споредба во други факултети, ФИНКИ ви е вистински избор, без разлика кој смер ќе го одберете. Сигурно никој од вас не се запишува математиката, економијата или електротехниката да ја учи на ФИНКИ. На сите желба ви е програмирањето, а како што реков за тоа кој смер да го одберете нема да погрешите. Задолжителните програмирања се речиси исти за сите смерови, а изборни предмети може да одбирате и од другите смерови.[DOUBLEPOST=1438198879][/DOUBLEPOST]
240 се слободни места, да, но прашањето е колку од нив се пополнети, ако се 50-60 супер ќе е :)

Пред 2 години квотите беа 100+50 (државна+приватна квота) на ПЕТ, се пополнија скроз.
Лани зголемија на 120+80, исто се пополни скроз.
Оваа година уште зголемија, 160+80, па ќе видиме колку ќе успее да се пополни.

Подобро да прашаше колку од нив ќе успеат да завршат на ФИНКИ :D
 
Последно уредено:
За крај, КНИ/ИКИ се одлични смерови ако сакаш да продолжиш со образование (магистратури / докторати) бидејќи едноставно се постручни.

Потполно се сложувам со тебе , само да речиме грубо најголемиот дел од студентите не сме во план да продолжиме со студиите . Доколку диплломираме , во најмала рака ке завршиме да работиме во бизнис заедницата , каде што и те како е побитно да се ориентираме кон потесно поле од целата професија одколку да се бомбардираме со генералните концепти во повеке полиња .

Бидејќи на крајот на денот секоја работа во нејзината најатомична форма е тешка сама по себе и потребни се " days to learn and years to master" така да мора да ги филтрираш работите што не те интересираат со цел да бидеш добар во она што те интересира.
 
Квотите не кажуваат ама баш ништо, тоа е до политиката на ФИНКИ за промовирање на КНИ и ПЕТ. Инаку се сложувам со Alex1993, ИКИ и КНИ важат за најобемните предмети, немам ништо против било кој смер по што сите во главно се од истата област, сепак во смерот ПЕТ има доста предмети од областа на бизнисот и смерот е доста полесен од ИКИ и КНИ. На крајот порака до сите кои сеуште се мислат и двоумат: погледнете во звањето на дипломата на ИКИ и КНИ а потоа на ПЕТ, ќе приметите дека на ИКИ и КНИ си дипломиран инженер по информатички науки и компјутерско инженерство, насока ИКИ/КНИ/МТ, додека за ПЕТ звањето е Дипломиран инженер по информатички науки (Bachelor of Science), насока: Примена на е-технологии
http://finki.ukim.mk/mk/studies/PET-new
 
Јас сум на ИКИ, но доста добро сум упатен и во другите смерови зошто повеќето изборни предмети ми се од нив.
240 се слободни места, да, но прашањето е колку од нив се пополнети, ако се 50-60 супер ќе е :). Решение е да се зимаат изборни предмети од други насоки, но мислам дека тој број на предмети е ограничен до кај 5-6 некаде.
Многу си упатен, се познава.
Колега, јас со тебе во ништо не се слагам, освен во тоа дека ПЕТ е најлесен смер во делот со задолжителни т.е компарација меѓу калкулус и менаџмент предметите бидејќи останатите се скоро идентични. Инаку пред 3 години бројот на запишани на ПЕТ беше над 200. Сега таа бројка е поголема како и на другите смерови.
Ако ја погледнеш новата програма можеш да издвоиш само 2 небитни задолжителни предмети на ПЕТ споредено со останатите смерови, тоа ти се Бизнис и менаџмент во 2ри и Маркетинг во 3ти семестар. Ако мислиш дека нема изборни добри, од смерот како што кажа ќе ги замениш со тие 5-6 што ти ги кажуваш од другите смерови.
Во прилог еден модул направен од мене со СИТЕ изборни предмети од смерот ПЕТ што мислам дека би биле добри. (од новата финки програма ПЕТ)

1. Семестар
1. Структурно програмирање
2. Вовед во информатика
3. Дискретна математика 1
4. Професионални вештини
5. Вовед во интернет

2. Семестар
1. Објектно ориентирано програмирање
2. Архитектура и орг. на компјутери
3. Дискретна математика 2
4. Бизнис и менаџмент
5. Основи на веб дизајн

3. Семестар
1. Алгоритми и податочни структури
2. Компјутерски мрежи
3. Маркетинг
4. Интерактивни апликации
5. Интернет програмирање

4. Семестар
1. Оперативни системи
2. Софтверско инженерство
3. Визуелно програмирање
4. Интернет технологии
5. Кориснички интерфејси

5. Семестар
1. Менаџмент на информациски системи
2. Системи на знаење
3. Бази на податоци
4. Мобилни платформи и програмирање
5. Веб програмирање

6. Семестар.
1. Електронска и мобилна комерција
2. Напредни бази на податоци
3. Мобилни апликации
4. Дигитални библиотеки
5. Складишта на податоци и аналитичка обработка

7. Семестар
1. Дизајн на интегрирани системи
2. Напреден веб дизајн
3. Виртуализација
4. Анализа на софтверски барања
5. Иновации во ИКТ

8. Семестар
1. Дипломска работа
2. Неструктурирани бази на податоци и XML
3. Софтверски квалитет и тестирање
4. Сервисно ориентирани архитектури
5. Виртуелна реалност


Ако твојот одговор е: ама не секој ги бира овие предмети на ПЕТ. Точно, смерот ти нуди добри предмети, а ти колку ќе ги искорисниш зависи од тебе. Поради тоа смерот игра мала улога.
Доколку мислиш и понатаму дека не се добри, слободно замени ги со некои од тие 5-6 предмети изборни од другите смерови што ти викаш дека се limit.
На крајот се се сведува на сличен кадар кои произлегува од перспектива на смер-от. Сепак, студираме на ист факултет.
А дека индустријата има потреба од кадар од одреден смер се глупост. Секој ќе те праша што најмногу знаеш, а парчето хартија е за тебе.
Никој не убедувам да дојде на ПЕТ. Мое е да кажам што нуди смерот, ваше е да одберете.

 
Последно уредено:
Секако е дека е глупаво да ги земаш тие предмети како изборни. Во право си дека голем дел од луѓето од КНИ ги слушаат што според мене нема никаква смисла. Мислам дека сите знаеме дека на ФИНКИ има доста голем процент на луѓе на кои единствена цел им е да "положат", да добијат диплома. Но не се сите такви. Јас можам да кажам дека голем број од ПЕТ пак ги запишуваат и сите такви предмети кои не ви се задолжителни итн., но само ќе се вртиме во круг. Генерално се согласувам со твојот пост.

Јас мислам дека факултетот не може да те спреми доволно добро за било која технологија, така да би можел без проблем да се вклопиш во индустријата. Некако ми се чини дека нема доволно предмети по одредена технологија за да се "остручиш". Баш ме интересира што мислите по ова прашање ?
 
Значи гледам дека се ражшешти дебатава хаха ако ако :). Сепак колку и да филозофирате пред следните факти никој не може да затвори очи:
1)Смерот не е битен, но оние кои што ќе заглават на ИКИ/КНИ или на некој друг смер (најмногу со математиките) без навреда но "трчаат" на ПЕТ во обид да завршат. Само јас барем знам такви 50 души, па сега нормално дека ќе се пополни бројот на ПЕТ кога се префрлуваат луѓе од сите други насоки.

2)Смерот е дефинитивно најлесен- кој го тврди спротивното едноставно во очи ве лаже зошто досега немало случај, а ниту ќе има, да некој од ПЕТ се префрли на потежок смер како ИКИ и КНИ или некој друг. Уште се чека таа прва будала!

3)Трето, јас немам зошто да си го префалувам смерот како што прочитав погоре во некој коментар. Нормално дека има и недостатоци, како и секој друг. И не се обидувам да убедувам никого да се запише на ИКИ, крај на крај јас не добивам проценти од парите што ќе се уплатат од колегите :). Кој е заинтересиран може да му објаснам повеќе за смерот воопшто, нека каже слободно.

4)ФИНКИ како ФИНКИ нема вас да Ве научи целосно СЕ и СЕШТО, туку само ќе ве ЗАУЧИ. Праксата на факултетот воопшто на сите смерови е на ниско ниво, а да не правам муабет за лабораториите кои што едвај се функционални, а компјутерите се рестартираат самите и тоа сред испити.

5)Не е воопшто лесно, треба голем труд да положите одредени предмети и тоа со 6ка, но верувам дека секој што ќе се позамара малку може да положи барем за преодна оценка. Кој е сигурен слободно нека се фати на орото наречено ФИНКИ и нека игра додека може.

Доста е мислам! Поздрав до сите :)
 
2)Смерот е дефинитивно најлесен- кој го тврди спротивното едноставно во очи ве лаже зошто досега немало случај, а ниту ќе има, да некој од ПЕТ се префрли на потежок смер како ИКИ и КНИ или некој друг. Уште се чека таа прва будала!
Како само така си тресете глупости како од ракав не е можно. :tapp:
Кажи ми те молам, како си сигурен дека немало досега таков случај? Еве јас тврдам дека постојат студенти префрлени од ПЕТ на КНИ.
Значи во ред е да изнесеш свое мислење, свој поглед на работите, никој не го оспорува тоа. Ама не се расфрлај со непроверени факти.
 
1)Смерот не е битен, но оние кои што ќе заглават на ИКИ/КНИ или на некој друг смер (најмногу со математиките) без навреда но "трчаат" на ПЕТ во обид да завршат. Само јас барем знам такви 50 души, па сега нормално дека ќе се пополни бројот на ПЕТ кога се префрлуваат луѓе од сите други насоки.

Бројките што ги пишав се примени студенти при упис. Уште по уписите се пополнува квотата максимум. Тие што отпосле се префрлани плус додади ги.
И бројките не се произволни, него се од конкурсите пред упис и решенијата за прием после уписот.

2)Смерот е дефинитивно најлесен- кој го тврди спротивното едноставно во очи ве лаже зошто досега немало случај, а ниту ќе има, да некој од ПЕТ се префрли на потежок смер како ИКИ и КНИ или некој друг. Уште се чека таа прва будала!

Дека е најлесен смер, најлесен е. За тоа сме сите едногласни во темава.


http://finki.ukim.mk/Content/conten...enija/PrefrluvanjePomegjuProgrami20132014.pdf
3 и 37 види
 
Вие што мислите дека повеќе шанси ќе имате за работа од одреден смер сте за на баење. :)
А тоа најтежок смер е повеќе за кочоперење на маса, признајте :D

Еве ви добра споредба. Еден од администраторите на форумов и исто така соработник на финки има на приватен завршено. А сите знаеме/знаете дека е во топ 5 од сферава во државава.
 
Благодарение на вас си избрав конечно кој правец да го изучувам - ПЕТ. Поврзан е малку со економијата, која си ја изучував по струка. Со математиките не сум лош, но како што би рекол Боб-далеку сум и од добар. :D
 
За барање на работа не се важни звањето, просекот и смерот. Реплицирајте ме кога ќе завршите. :sleep:
 
Diskusijava :D PET e najlesen smer na finki. Dzabe predmetite se isti koga za polaganje ne se pagaat istite zadaci....sporedete ispit po DM ili SP od kni I pet. Vrska si nema. Jas iskreno im zaviduvam Na kolegite od pet,dodeka nie se macevme so kalkulus I teorija Na informacii tie imaa prostor da si izberat poprakticni predmeti. Ne veruvam deka pravi nekoja razlika kakvo ke e zvanjeto na diplomata, pobitno e znaenjeto.
 
Dzabe predmetite se isti koga za polaganje ne se pagaat istite zadaci.... .sporedete ispit po DM ili SP od kni I pet. Vrska si nema.


Кога било ова вака , поготово по СП или ДМ , ти изгледа нафта пиеш , дај не ширете такви дезинформации , нема никаква логика , нам на полагање по групи не делат не по смерови , освен кај некои предмети кај кој што професорите си менуваат што ке предаваат како што беше по Софтверско Инженерство , btw кај нас кај Маџаров беше потешко иако сме од ПЕТ и Компјутерски Мрежи што полагавме со есејски прашања , а некои од смеровите се извлекоа со е-тест , не памтам предмет во кој што ни ги смениле задачите по смерови , не трескај глупости ...
 
DM stalno polagaat pet vo prviot termin, ne me teraj sega sliki od ispiti da ti prakam za da se ubedime.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom