Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки некој да ми препорача предмет каде може да се работи проект (веб апликација) со минимум двајца членови, а да не е Тимска работа и да е во зимски семестар? Не ми дозволуваат да го запишам, бидејќи сум по нова програма и англиска насока. Јас не знам кој друг предмет би одговарал, а да не се заморувам со теории и практични полагања. Ова го велам од аспект дека не би можал целосно да се фокусирам на самиот проект, токму заради тие полагања (не од аспект дека се тешки за положување). Ви благодарам за сите препораки однапред.
Јас колку што знам, нема предмет според параметрите кои ти ги наведе, ако најдеш сподели :D
Мислам дека по веб програмирање се полага само теорија, а практично се прави веб апликација во јава.

Некој да каже збор два за веб базирани системи ?
 
Последно уредено:

Може и за Веб програмирање исто :)
 
Дечки некој да ми препорача предмет каде може да се работи проект (веб апликација) со минимум двајца членови, а да не е Тимска работа и да е во зимски семестар? Не ми дозволуваат да го запишам, бидејќи сум по нова програма и англиска насока. Јас не знам кој друг предмет би одговарал, а да не се заморувам со теории и практични полагања. Ова го велам од аспект дека не би можал целосно да се фокусирам на самиот проект, токму заради тие полагања (не од аспект дека се тешки за положување). Ви благодарам за сите препораки однапред.
Веб програмирање кај деканот е таков предмет, прошлата година работеа Spring MVC и angular и имаа проект во групи да направам веб апликација. Ми изгледа како доста корисен и практичен предмет, ќе го запишам во следниот семестар дефинитивно.
Spring е веројатно и најпопуларен framework за java, така да ако планираш било што посериозно да работиш со јава ке треба да го научиш Spring.
 
И јас сум во план да го запишам Веб програмирање и Програмски практикум. Некој материјали да не има од овие предмети да разгледам, незнам по кој пат прашувам. :D
 
Прaтете и нaвaму мaтеријaли Веб прoгрaмирaње.
И aкo мoже збoр двa зa мoбилни плaтфoрми и прoгрaмирaње (и зa oвoј мaтеријaли дoкoлку имaте прaтете) :D
 
Moze nekoj da spodeli iskustvo od nasokata mrezni tehnologii ? Dali se naoga rabota so nea ili e znacitelno poneprifatena od iki i kni ..poz
 
Дали има некој што е на Примена на е-технологии (ПЕТ) и може да сподели некакво искуство? Каков е смерот во споредба со КНИ, полесен/потежок? Со што може да се најде повеќе работа?
 
Јас сум на ИКИ, но доста добро сум упатен и во другите смерови зошто повеќето изборни предмети ми се од нив. Лично ПЕТ според мене, а верувам дека и многумина ќе се сложат со мене, е најлесниот смер на ФИНКИ ако така може да кажам со едвај една (или ниедна) математика и далеку полесни програмирања од ИКИ и КНИ. Додека КНИ заедно со мојот ИКИ важат за двата најтешки и најобемни смерови, но затоа се и најбарани. Без навреда, но многу колеги што ги гледам ако заглават на некој од другите смерови прва опција за префрлање им е на ПЕТ, кажав зошто погоре. Немам ништо против смерот ПЕТ, но сметам дека не треба да се разгледува како преден план при запишување на ФИНКИ. Се надевам ти помогнав барем малку. Поздрав :)
 
Јас се запишав директно на ПЕТ. Добар ти е смерот, иако другите градат мислење за смерот врз основа на колегите кои се префрлаат на ПЕТ. Имаш многу повеќе време да се посветиш на програмските предмети кои ќе ги земеш како изборни. За разлика од останатите смерови кои губат време учејќи математики како Калкулус, Веројатност и Теорија на информации и уште некој друг, ти можеш слободно да навлезеш подлабоко во некоја технологија. Иако овие предмети/математики кои ги набројав служат за зголемување на логичкото размислување незначи дека со поголемо посветување на програмските предмети нема да ја добиеш таа логика. Програмирањето е 90% труд.
Смерот е нешто споредно за мене, со правилен избор на изборните предмети ќе бидеш рамноправно конкурентен со останатите смерови. Смерот не те прави поквалитетен, се зависи од тебе.
Многу мои колеги од смерот се вработија уште пред да дипломираат како јава и .net програмери, некои дури заминаа и на Nasa Space Challenge, така да смерот не игра некоја важна улога според мене.

Ме увреџи еј, и мене повеќето предмети ми се од нив.
Далеку полесни програмирања од ИКИ - КНИ?
Задолжителните предмети се скоро исти со исклучок на математиките (ПЕТ со КНИ/МТ), само LISP по вештачка мислам дека беше, ама затоа ние имамe Системи на знаење (Python), изборните си ги бираш сам, така да далеку полесни програмирања е смешен поим. Исти факултет сме, нема логика да се полесни програмирањата, кога полагаме не делат по простории а не по смерови :D.
 
Не ми беше намера да навредам никого, пишав и во погорниот коментар дека е без навреда тоа што го кажав, но повеќе од очигледно е дека на кој што не му оди математика се запишува (или покасно се префрлува) на ПЕТ. А програмирањата можеби се исти, но само во првите две години. ПЕТ сигурно нема Дистрибуирани системи, Вештачка интелигенција, Микропроцесорски системи и ред други такви предмети заради кои многу колеги заглавуваат, а да не зборувам за Веројатност и статистика и другите математики. Така да се сложувам дека изборот на смер не е кој знае колку важен и зависи индивидуално од интересот, но квотата за ПЕТ е меѓу најмалите со број на студенти зошто реално и интересот е најмал барем досега. Не велам дека ПЕТ е лош смер, но според многумина е барем едно ниво под КНИ и ИКИ. Поздрав :)
 
Untitled.png
 
240 се слободни места, да, но прашањето е колку од нив се пополнети, ако се 50-60 супер ќе е :) За КНИ секако има повеќе, а побарувачката за запишување е далеку поголема и од тие 260 што се нудат. Сеедно, никој не може да го побие фактот дека тие што одат на ПЕТ бегаат од математиките како ѓавол од темјан :). Нема потреба да си ги величиме смеровите сега, девојчето што прашало погоре за ПЕТ може само да си одлучи, па ако не и се допадне првичниот смер, потоа може да го смени. И да, заборавив да кажам дека ПЕТ има најнепотребни изборни предмети од типот на Е-влада, бизнис и менаџмент и сл. Решение е да се зимаат изборни предмети од други насоки, но мислам дека тој број на предмети е ограничен до кај 5-6 некаде.
 
Многу глупи реченици во еден пост :

1. 50-60 не се , дупло повеке се .

2. Не бегаат сите од математиките , статистички можеби да, но има и некои кои сакаат да ја трошат енергијата на некоја тесна бранша од оваа професија , а не да се замараат со досадни математики кои после положување нема никогаш да ги употребиш , да речиме Калкулус.

3. Се што ти правиш е величење на твојот смер ...

4. Предметите како Е-влада , Бизнис и менаџмент и Маркетинг ние ги имаме како задолжителни и 99% студенти од КНИ ги земаат како изборни . Да не зборувам за Медиуми и Комуникации пак...

5. Мојот совет до идната колешка е да се запише на ПЕТ , со цел да добие диплома од ФИНКИ ,а доколку ти оди програмирањето и останатите сродни области верувај дека нема никогаш да се покаеш што не си на некој од 'поценетите' смерови . До сега не сум видел оглас за работа во кој што не дескриминираат по смерови , уште помалку оглас во кои што треба да знаеш да решаваш интеграли итн ...
 
Јас сум на ИКИ, но доста добро сум упатен и во другите смерови зошто повеќето изборни предмети ми се од нив. Лично ПЕТ според мене, а верувам дека и многумина ќе се сложат со мене, е најлесниот смер на ФИНКИ ако така може да кажам со едвај една (или ниедна) математика и далеку полесни програмирања од ИКИ и КНИ. Додека КНИ заедно со мојот ИКИ важат за двата најтешки и најобемни смерови, но затоа се и најбарани. Без навреда, но многу колеги што ги гледам ако заглават на некој од другите смерови прва опција за префрлање им е на ПЕТ, кажав зошто погоре. Немам ништо против смерот ПЕТ, но сметам дека не треба да се разгледува како преден план при запишување на ФИНКИ. Се надевам ти помогнав барем малку. Поздрав :)
Alex..moze da mi kazes kako e.na iki. Planiram.da.se.zapisam na toj smer ..fala ☺
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom