Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Се паѓаат задачи на колоквиуми надвор од рамките на книгите? (ДМ1 и К1)

Да, но сепак се слични на оние од книгата, едноставно неможеш да добиеш нешто што никогаш не си го решавал. Најчесто е тоа една задача во која треба да примениш неколку различни работи што си ги учел .
Читам по форумов и кога и да се спомне Калкулус1 сите викаат од книгата... Дали е доволно да се изреши се од материјалот од аудиториски и предавања или и книгата е задолжителна? И за Вовед во информатика (ОСИ1) се зборува дека имало некој прашања па дали некој знае кај можам да ги најдам и ако ги најдам дали ке ми се нешто од корист голема или пак ке треба да се запнам со историјата на компјутерите од предавања??
Јас лично сметам дека бројот на задачи на аудиториски е премногу мал за на тој начин да успееш да го совладаш материјалот, едноставно неможеш да ги научиш интегралите или изводите со решавање по 5-10 задачи неделно :D.
 
Јас по Калкулус решавав само испитни и колоквиумски, не се замарав многу со аудиториски.
А ДМ само аудиториски пошо не ни имаше испитни/колоквиумски колку шо се сеќавам.
За вовед во Информатика ( ОСИ ) прашањата ќе ви ги отворат една недела пред колоквиум, јас само нив ги учев, не ги ни прочитав презентациите. Е нас лани не зафркнаа малце, вечерта пред полагање ни додадоја нови прашања, забавно беше :icon_lol:
 
Хаха, се надевам на нас нема да ни биде толку интересно :D А за калкулус ме исплаши фактот дека многу малце положуваат, али сепак имам добра математичка основа па се надевам барем К1 нема да ми е толкав проблем
 
Дали можит некој да ме посоветуват за како поефективно да ги учам предметите?
Кај можам да најдам дополнителни материјали, испитни задачи, теорија од Калкулус и Дискретна Математика и слични работи?
Настрана од книгата, слајдовите и тоа во тетратка што го имам запишано.
 
Имаш две копирници, една на технолошки, една на елелкро. Таму можеш да најдеш испитни задачи што се паѓале. Има баш за калкулус 1 убаво извадено и поделено по типови на задачи.

Инаку има ли некој материјали од алгоритми, мрежи или веројатност?
--- надополнето: 2 октомври 2013 во 23:03 ---
Го има некој калкулус учебникот во .pdf верзија ?

Отиди неколко страни поназад, во тие материјали што ги постирав го има и учебникот и извадено теорија на македонски од калкулус1.
 
Бруцош сум на примена на е-технологии и можам да кажам дека сум прилично задоволен од факултетов. Она што досега ми го имаат предадено - сатисфакција: 90% (односно да ми испечати во C ќе морам 90%% :) )
Чорбев е ѕвер (засега, иако многу ми зборувале дека бил злобен за време на испитите)
Смиле замара со неговите повремени “stun"-ови кога предава Дискретна Математика 1, али тој проблем си го решив :)
Дејан (вовед во интернет) има толку добар глас и коа зборува да ти е милина да го слушаш...
Ивица (вовед во инф) - иако малку е заморлив со гласот, знае по некоја интересна шала да нафрли и да биде интересно

Воглавно сите професори се млади и те разбираат, па така досеа искуство шо сум имал имам само позитивни коментари (лошите ќе ги оставам после колоквиум) :)
 
Да ти каже некој дека Чорбер е злобен треба стварно да е умоболен. Немало, нема и ќе нема подобар професор и професор што е спремен да ти излезе во пресрет .... За разлика од Х други.

пс: ја мислев од кога ќе го положам последниов само ќе ја дадам дипломскава и толку, тоа тек сега да ти почињале проблемите. Потсреди ова, доправи тоа, пиши мејл (чекај 20 дена за одговор или воопшто ќе го нема... итн)...
 
Демек се фалиш сега? Ај честито, ако не ме поканиш на дипломска, знаеш. :D
 
Има некој што некогаш напишал молба за префрлање од еден кај друг професор ?
Малце е глупо прањашево ама врска немам како да почнам...
 
Дали треба да се иде на Професионални вештини најверојатно Розита ќе ми предава? Ај нека пише некој да не се прави список за тоа кој е присутен кој не,на другите предавања немаат абер од тоа.
 
Дали треба да се иде на Професионални вештини најверојатно Розита ќе ми предава? Ај нека пише некој да не се прави список за тоа кој е присутен кој не,на другите предавања немаат абер од тоа.

Пушта список секој час, и викаше дека е за потпис присуството, ама после испадна дека нема врска. Е сега они цело време нешто мењаат, проверете си да не ве зезнат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom