Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
А да прашам, компјутерски компоненти го има одбрано некој ? web дизајн не ми се слушаше, имам слушано доста курсеви за web дизајн, па компоненти го избрав. Има некој информација што како ќе се учи по предметов ?
 
И јас го одбрав тој. Hennessy го има објаснето поназад во темава.

Ти кажаа за Веб дизајн, јас ќе ти кажам за ККиП, тој го зедов јас. Компјутерски компоненти и периферии се викаше кај нас лани, сега вајда скратено е.

Предметот е ептен ОК ако си нуб за хардвер. Ако малку имаш чепкано по компјутери, отварано куќишта и сл. уште поубаво. Се учи типично компјутерски хардвер. Какви видови на кутии за куќишта постојат(лаички кажано де, form factor иначе). После се учи видови РАМ меморија, видови процесори, матични плочи, напојувања, кабли, магистрали, усб, на крај се завршува со монитори мислам. Имаш лабораториски каде на компјутерите со некој софтвер за детекција на хардвер гледаш какви перформанси имаат компјутерите во лабораторија, имаш демонстарација на крајот од часот, на лице место вадиш-ставаш РАМ плочки, процесор и слично.

Колоквиумите се лесни. То од слајдовите што е го учиш ко песна, онака, не на памет, ами со читање интересно е и го памтиш. Ја на колоквиуми фатив 10ка без проблем, без кизнај колку капење над книга.

Инаку се учи од книгата што е за полагање на CompTIA A+ сертификатот(google this). Се на се, убав предмет е, посебно ако си нуб за делови и си на ФИНКИ утре ко че отвориш ПЦ да се чудиш што е рам, што процесор, срамота е.
 
Знчи вака.Сега завршувам 4 година гимназија па се двоумам на каков смер на ФИНКИ да се запишам.Сакам нешто да е поврзано со мултимедија,компјутерска визуелизација....програмирање...мрежни технологии...па дајте вие предлог.Позз ;)
 
Многу ти се учи математика а ? :) Барано е тоа денес доста ( информатика , компјутери , програмери ) , ама и не е баш лесен факултетот , ако си спремен на се , и ако сакаш ( значи МЕРАК ептен да имаш ) за нешто околу таа струка компјутери и слично , добра идеа , но ако учиш чисто за да земеш диплома , ни за 10 години нема да го завршиш :) Тoa e мој совет , али ипак разгледај и другите што ќе ти кажат.
 
Факултетот што е тежок, е тежок ( не сум запишан на Финки, општо зборам ).
Јас сум сега прва година, но имам другар на Финки и душата ја остава од учење.

Не ти треба само желба, ти требаат и нерви, нема да биде се како подмачкано :)
 
Сепак го бодриш со потписот нели :D ?
он топик: Тешко е на финки братучед ми се отепува од учење..
 
Ја незнам сеуште на што да се пишам.Стварно се двоумам.Сакам криминологија,политички науки,маркетинг ....некое од овие.Незнам навистина
 
Ја незнам сеуште на што да се пишам.Стварно се двоумам.Сакам криминологија,политички науки,маркетинг ....некое од овие.Незнам навистина
на кој факултет има маркетинг?
 
Знчи вака.Сега завршувам 4 година гимназија па се двоумам на каков смер на ФИНКИ да се запишам.Сакам нешто да е поврзано со мултимедија,компјутерска визуелизација....програмирање...мрежни технологии...па дајте вие предлог.Позз ;)

Многу си општ, дај реши се за нешто поконкретно, за да можеме да те упатиме ;) Исто можеш и да си ги видиш смеровите и да видиш што предмети има па може и сам ќе си се снајдеш.
 
за на финки пожелно е да имаш завршено техничко, не велам дека неможиш да се запишиш со гимназија. учениците од техничко имаат познавање од струката т.е. учат програмирање, дигитални системи итн. зато размисли си уште еднаш. + ете ти пишаја некој погоре колку е „лесен“ факултетот. ама сепак ако имаш желба и кеф т.е. ако те влечи, терај таму ;)
 
Тие од техничко претпоставувам само електроника/електротехника ќе им е полесно, у гимназија (математички мислам) учат ја потребната математика, нема да си чукаат глава после на факултет, освен нели, електроника/електротехника. Програмирање се учи и у гимназија
 
ела техничко во битола ќе видиш шо учиме математика ;)
 
ела техничко во битола ќе видиш шо учиме математика ;)
шо учите жити се? (озбилно)
јас у трета имав математика+алгебра+линеарна
сеа имам математика+математичка анализа
шо си имал ти?
 
шо учите жити се? (озбилно)
јас у трета имав математика+алгебра+линеарна
сеа имам математика+математичка анализа
шо си имал ти?
утре ќе ти напишам така дел од материјалот ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom