Малку е ова. Овој народ треба уште да се гази. Посебно бруцошите што плачат. И одговорните на ФИНКИ кои ги проширија квотите за упис до тие мери. Мислам дека факултетов кога се направи имаше идеја тие што ќе излезат од него да се класа. Класа во однос на другите образовни установи, во однос на другите дипломци од светот на технологијата. А што направија тие?
Убаво си беше порано(зборам до пред 2-3 години). Се знаеше дека факултетот е тежок. И пред да се запишеш сите те предупредуваа, се обидуваја да те разубедат да не идеш да не се мачиш. И се запишуваа 200 души кои знаеја што ги чека.
Сега со новиве програми и квоти искрено ко што ја гледам ситуацијата на факултетов се има запишано "и слепо и сакато" (без навреда). Кој не знае кај да оди се пишува на ФИНКИ, секако тој е најпросперитетен, најлесно се наоѓа работа. Сите ги поттикнуваат другите да одат таму, за разлика од порано кога ги разубедуваа. Тоа е таа силна реклама!
И што се случува. Сите се жалат, вака, така, не се минува, тешко, жешко, ненормално. Професорине морат да малат критериуми за да го положат нивниот предмет минимумот од студенти потребни за да се важи предметот. Се мали квалитетот на образванието за сметка на квантитетот.
Па добро луѓе каква е оваа ситуација. Го напнавте, море го пукнавте со тие прашања што ви ги дале во 1 саат, за во 8 сабајле. И тие биле само прашања за самотестирање. Па што ви е бе луѓе. Прашања за самотестирање се прашања за да видиш што си научил, не прашања кои треба да ги научиш. Пред тоа требало да правите само 3 работи. Да учите, да учите и да учите. Ако сте учеле, прашањата веќе ќе сте ги знаеле, ќе сте наишле на 3-4 непознати максимум и тоа е тоа. Ви дале колоквиум пред колоквиум. За самотестирање. И вие се буните. Ај стиснете малку заби, приберете се и однесувајте се како идни инжинери.
Само што почнавте и веднаш барате дупки во системот. Не иде тоа така, меки мамини...