Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Оти Вовед во роботика никој не го спомнува?
По насловот на предметот делува дека и содржината е интересна. Но, веќе е во пракса докажано дека насловот може да лаже, ужасно многу. Мислење ваше за предметов? Се сведува на теорија или има и програмерски дел/куцање код?
Се двоумам меѓу роботика, компјутерска графика и мрежно пограмирање :confused:
Ко на пример компјутерска графика ко шо слушам убер лажен наслов имал. Благе везе немало со “графика“ на “компјутери“.
 
Некој искусен да ми помогне нешто со електронсково запишување семестри?
 
Ај ќе ве молам некој ако знае да ми каже од каде се вади потврда за познавање на англиски јазик ? :)

Потребна ми е за запишување на постдипломски студии на ФИНКИ ( Софтверско Инженерство).
 
Ај ќе ве молам некој ако знае да ми каже од каде се вади потврда за познавање на англиски јазик ? :)

Потребна ми е за запишување на постдипломски студии на ФИНКИ ( Софтверско Инженерство).
Каде заврши факс?
 
И мене истото ме интересира, инаку на ФЕИТ завршив јас.

Епа некои што упишуваа што ги знам земаа потврда таква од таа што им предавала англиски на матичниот факултет, значи ќе мораш оваа Марија да ја бараш :)
 
Дане знае некој случајно колку студенти ке примаат наредната година ? Ке примаат ист број како оваа година или помалку/повеќе ?
 
^ Здрави живи до наредната . Да ја поминеме оваа еднаш кој знае што бидува до другата :D
 
^ Здрави живи до наредната . Да ја поминеме оваа еднаш кој знае што бидува до другата :D
Така е, ама ја сум 4-та средно и си прерачунував дали ке може да ме примат на ФИНКИ. Па се плашам ако ги намалат квотите дека нема да влезам :$
 
Така е, ама ја сум 4-та средно и си прерачунував дали ке може да ме примат на ФИНКИ. Па се плашам ако ги намалат квотите дека нема да влезам :$
Уживај друже , толкав интерес се појави оваа година што остана за наредната . Гледај учи си ти сега растури на државна матура , па за понатаму ќе му ја мислеш само ти биди смирен и уживај сега ;)
 
Почитувани студенти и пријатели на ФИНКИ, со особено задоволство Ве известуваме дека првиот академски час за учебната 2012/2013 година, ќе се одржи на 17 септември (понеделник), од 10:30 до 12:00 часот, во Кино Милениум.
Ве покануваме заедно на нашите студенти да им посакаме успешен почеток на учебната година. Присутството на бруцошите на ФИНКИ е задолжително.

Свечениот час ќе го водат студенти, членови на Студентски парламент ФИНКИ, а ќе биде отворен од Деканот на Факултетот, вон. проф. д-р Димитар Трајанов.

Гостин на првиот час ќе биде г-дин Кристијан Даниловски, основач на компанијата fx3x. Fx3x е светски позната компанија која работи на визуелни ефекти и анимација. Компанијата работела на визуелните ефекти на многу познати филмски наслови, како што се Avengers, Wrath of the Titans, Sherlock Holmes: A Game of Shadows, Prometheus и многу други. Со големо задоволство можеме да кажеме дека оваа компанија е еден од пријателите со кои ФИНКИ соработува.

https://finki.ukim.mk/mk/news/prv-akademski-cas-2012

Се гледаме во кино ;)
 
Дане знае некој случајно колку студенти ке примаат наредната година ? Ке примаат ист број како оваа година или помалку/повеќе ?

Помалку од оваа година нема да примат биди сигурен.
 
А вака распоред на предавања во скоро ќе има или? :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom