Ќе може ли некој да даде некој совет за кои предмети да ги изберам сега во 5ти семестар?
Се мислам помеѓу: Компјутерска Графика, Мрежно Програмирање и Софтверско Инженерство, па ако може збор два некој да каже за секој од нив
Компјутерска графика е типичен програмерски предмет, ама има и математика, но го немам слушано предметот, и колку што имам слушано од колеги, добар предмет е, ама треба повеќе од солидно познавање на C да се има, како и солидно познавање на математиката, за да можеш да положиш.
Мрежно програмирање, истотака го немам слушано, само знам дека не е баш најлесен на свет. Од лани се полага на хартија, за разлика од пре-лани, и годините претходно, кога се полагаше на компјутер. Еден колега што долго време работи со .net технологиите, имаше проблеми со тој предмет. Кога он, што останува за "обичните" луѓе.
А од Софтверско Инженерство, бегај како од ѓаволот. Се учи ST библиотеката, односно STL, и може да се смета како напреден курс по C++. Се полага теорија и се полагаат задачи. Теоријата е.. токму тоа, теорија, не е нешто што не се учи, ама има еден тон слајдови. Башка, ако не одиш на предавања кај Ѓоргевиќ, каде што пола од работите кои ги кажува, ги нема на слајдови, ќе имаш проблеми при учењето.
Практичниот дел се состои од три главни задачи. Креирање на template класа, втората задача е со функциски објекти, а третата е со граф. Не ме прашувај подетално за задачите, го немам положено предметот, а го немам ни учено.
Има едно златно правило на ФЕИТ/ФИНКИ, никогаш не запишувај предмет кој е задолжителен за друг смер.Ти препорачувам да го испочитуваш тоа правило, што се однесува до Софтверско Инженерство.