Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Така ве лажат :)
Јас сум на ИКИ. Средно сите ми беа 5ки, на матура ги имав сите 5ки. Полагав англиски, биологија и историја, (значи ниту еден соодветен предмет) па имав некаде околку 93 поени на крај и пак ме примија во државна квота. Како што кажав погоре,после мене имаше уште пола. Така да нема некоја голема улога англискиот
Кога било ова? Изглеа нешо смениле сеа пошо пред 2 години на електро не беше вака. Може ФИНКИ олесниле малце.
 
ФИНКИ, ФИНКИ :)
Не знам дали нешто е сменето. Минатата година и на ФЕИТ и на ФИНКИ примаа студенти со помалку поени. Поголеми се квотите, плус минатава година примаа студенти на ИКИ на двата факултети.Од оваа година се укинува ИКИ на ФЕИТ, па можеби ќе има поголема конкуренција.
 
Значи не сакам ИКИ туку е-технологии...Башка зборував на саемов со две студентки убаво ми објаснија...Баш така како што ми кажавте. Они дури и со Англиски јазик влегле у државна квота и тоа без да ги имаат сите 5ки у средно...Зборувам за смерот примена на е-технологии.
Башка заради тоа нема да се каам што отидов Општествено А, пошто баш на е-технологии се прави спојка на бизнисот и ИТ, нешто што највеќе го сакам...А ем и учиш програмирање, за мераци...

Ако зиам англиски на матура има 5++++ да напраам :D (за македонски истото важи)
 
Ќе може ли некој да ми посочи што конкретно се подразбира под Компјутерски науки и инжењерство? Фала однапред. :D
 
Kaков електраш(финкијаш) ќе бидеш коа не си го ни кликнал линкот да видиш што значи тоа.
Компјутерски науки и инженерство
1. Општи информации

Овие студии ќе обезбедат кадар за техничко-апликативна поддршка на сите стопански дејности кои работат со компјутерски технологии. Областите кои се изучуваат се постојан двигател на развојот и на останатите информатички технологии и дипломираните кадри ќе можат лесно да најдат работа во компаниите и истражувачките центри, бидејќи покрај тоа што би биле обучени да учествуваат во развивање, имплементација и одржување на програми, ќе ги имаат основите и да продолжат со постдипломски студии и да учествуваат во интердисциплинарни проекти од науката и технологијата.
 
Фала. Не се фурај одма. :D
 
Здраво:) Специјално направив профилче со цел да поставам едно прашање.
Четврта година сум и според форумов а и поставеноста на финки, имам чувство дека повеќето го отфрлаат ики како солуција. Знам дека тоа е смер од феит и една мешавина на програмирање и физика и ме интересира дали некој би ми го препорачал или можеби би дал некоја критика да речеме:) .. фала однапред.
 
Сите го отфрлаат ИКИ бидејки:
а) на времето беше тешко да се влезе
б) не е толку специјализиран
в) тежок е

Али, не значи дека е лош. До пред некоја година беше најјакиот смер. Али кај и да е ќе се изедначат повеќето смерови.
На крај краева, сите смерови се одлични, битно е колку ќе научиш.
 
Под не е толку специјализиран мислиш дека на тоа дека се учи многу општо, односно и она што треба и она што не треба?
 
Од сите сфери се учи, од програмирање, мрежи, хардвер, електроника, трт, мрт. Јас сум на него, прашај ако те интересира нешто.
 
Некако најмногу ме влече овој смер, така да најпрво ме интересира самиот упис, односно дали се премногу високи критериумите и дали е голема конкуренцијата, а дека ќе треба убаво да го загреам столчето, тоа си знам.
 
Втора сум на овој смер само на електро, супер е се само малце имам замерка дека е пренатрупано, оној материјал е за 5 години студирање, полека да го совладаш. По некои предмети се осеќам како да ми фали знаење, па некои од поважниве што се преку лето ќе ги учам на раат за да ги научам. :)
 
Фала на брзите одговори. Доколку имам нови прашања поврзани со образованиево во блиска иднина се надевам повторно ќе ми одговориш. Поздрав. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom