Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, дали знаете како е процедурата за останување во државна квота? Колку треба да имам положени предмети од прв и втор семестар?
Ако презапишеш предмет 3 пати, тогаш паѓаш во приватна квота, и мислам 6/10 треба да имаш на крај од прва година.
 
Како се бира дали 3 или 4 години да се студиите?
 
Дали основи на веб дизајн е услов за некој друг предмет понатаму од типот Веб програмирање, ИПКС ... ? И дали воопшто изборните можат да бидат условни ?
 
Ќе може некој да ме упати, од каде да го извадам образецов?
 
Attachments

  • 4491C981-7C54-421A-9B35-F5B827A71CFA.png
    4491C981-7C54-421A-9B35-F5B827A71CFA.png
    3,5 KB · Прегледи: 24
Ќе може некој да ме упати, од каде да го извадам образецов?
Јас колку што разбрав таму од книжара треба да ги земеме, најдов и еден поодамнешен пост пред некои 8-9 години на кој пишуваше дека можат и од банка да се земат ама не сум сигурен колку е точно ова.
Автоматски споено мислење:

Ако ти се положени тие, ќе ти се бројат кредитите како изборен да ти биле.
Ако не ти се положени, ќе си запишеш други (задолжителните од ПИТ прво, па следно изборни) па понатаму ќе дополнуваш со кредити. Важно на крај мора 180/240 кредити да имаш.
Ок, фала многу, само уште ова, ако добро разбрав задолжителните на ПИТ од прв семестар (зимски) се запишуваат на трет (зимски), исто така од втор (летен) треба дури на четвртиот (летен) да ги запишам ? или не ваквата распределба по зимски/летен за задолжителните, па мораат да се запишат било кога и што е можно порано ?
 
Последно уредено:
Здраво, би сакал да поставам едно прашање во врска со промена на студиска програма.При промена на студиска програма од насока ИМБ/КИ во насока ПИТ, колку што ми е познато постои можност да се направи замена на предмети, на пример предметите калкулус1 и калкулус2 би биле заменети со калкулус. Меѓутоа, да не знае некој дали предметот компјутерски мрежи кој го има на насоките КИ/ИМБ е доволен да биде заменет со предметот компјутерски мрежи и безбедност кој го има на другите насоки или пак компјутерски мрежи и безбедност би бил заменет со плус уште еден предмет освен компјутерски мрежи како во примерот со калкулус?
 
Каде да најдам образец ШВ 20 за упис? На финки пишува го има на државен завод за статистика, но го нема таму. Исто дали индекс и легитимација даваат тие или мора да се купи?
 
Каде да најдам образец ШВ 20 за упис? На финки пишува го има на државен завод за статистика, но го нема таму. Исто дали индекс и легитимација даваат тие или мора да се купи?
Индекс и легитимација треба да си купеш има у сите фотокопирници околу факултето, исто и образецот тој.
 
Дознав дека еден задолжителен предмет од старите програми ќе се укине од следниов зимски семестар. Што значи тоа, доколку не ни бил положен, на негово место се зема некој изборен предмет?
 
Предлог изборни за 5ти семестар на ПИТ, или мислење за некој од изборните
Screenshot_20220916-105908_Chrome.jpg
 
Визуелизација или Вовед во наука за податоци?
Кој е покорисен, мислење
 
Здраво ако може некој да ми
каже дали предмет кој треба да го запишам по трет пат сега во пети семестар ќе ми се рачуна како редовен предмет во семестарот и ќе имам право да го полагам како и другите предмети кои ги запишувам прв пат. И цената за полагање на предметот е иста како за другите предмети право на три полагања инаку сум со кофинансирање или за секое полагање се плаќа посебно недај боже. Фала за одговор
 
Dali vo 4 semestar mozam da zemam izboren predmet od ponudenite za 6 i 8 semestar (L3)? Za da mi ostane moznost da izberam L2 predmet vo 5 semestar.
 
Здраво,
Сега ќе бидам втора година на СИИС и треба да одберам 2 изборни предмети. Со оглед на тоа дека имам ВиС планот ми е да бидат најлесни. Дали може да ми дадете совет кои да ги одберам?

Можеш да ги земеш интернет програмирање на клиентска страна, се учи основи на java script, и не е премногу тежок и економија за икт инженери тоа ти е од типот на предмети како што е бизнис и менаџмент. Инаку далеку најкорисен би ти бил напредно програмирање ама дека имаш ВиС, алгортими и мрежи може да ти е пренапорно, сепак секој си знае за себе ако мислиш дека можеш да постигнеш земи напредно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom