Она што ке го учиш по математика во трета(Изборните) и она обичната математика во четврта е она што ке ти треба за факс.
И без математика би можел да влезеш на финки но имај на ум дека без математика губиш многу поени.
Ако ти оди математика, нема причина зошто да не земеш математика за матура.
Јас би сакал да се објави на форумов, и мене ме интересира.
не е проблем, нека објави!
ако пред време ме ПМ, јас ќе постирам веднаш ..
пс: ова е она од Грејвдигер што го дознав за смерот ( примена на е-технологии ):
" Цела насока ти е мешавина од информатички технологии и бизнис, а некои од предметиве ги вклучуваат и двете... како маркетинг на интернет, е-бизнис, е-Commerce и сите технологии што може да се искористат за реализација на некој такви проекти.
1 семестар:
- Дискретна математика 1 : не ми текнуе точно што беше... ќе морам да се потсетам сеа за полагање на испит
Логика некој такви ствари се учеа
- Концепти за развој на софтвер : се учи C
- Вовед во интернет : пристап до компјутер на оддалеченост или remote control (telnet), ftp (преку конзола) и HTML
- Основи на софтверско инженерство : case study и слично, теоретскиов дел на решавање на некој проблем
- Професионални вештини : англиски пишување на писма, есеи, CV и слични ствари
2 семестар:
- Дискретна математика 2 : комбинаторика, веројатност и некој слични такви ствари... и на крај нешто логички кола и порти (не знам од кај улета тоа во математикава)
- Архитектура и организација на компјутери : хардвер малку од малку, перформанси на компјутери (за тоа имаш готови формули) и оптимизација со карнови мапи... Овие ствари ќе ти се најдат и во предметов погоре, веќе ќе ги имаш учено.
- Напреден развој на софтвер: C++ и Java, ова е лесно... објектно ориентирано програмирање, само со класи... шема е цело време, и на памет може да се научи.
- Бизнис и менаџмент системи: бизнис и како оди целиот развој на тие e-Commerce системи. Не идам на предавања на предметов за точно да ти кажам, освен кога има некој надворешен предавач што се доста интересни
- Веб дизајн : HTML и CSS, истово го имаш и во првиот семестар
Наместо вовед во интернет и веб дизајн може да избереш компјутерски апликации (word, excel и слично се учи... ништо интересно) и компјутерски компоненти (хардвер и практично расклопување и склопување на компјутери)... Но, моја препорака ти е да идеш на овие за веб.
Штом математикава ти е послаба страна и те интересира е-Бизнис, овој е смерот за тебе. Полека ќе се положи оваа математика што ја имаш, и ја ќе ги чистам сеа у јуни и август... барем ќе пробам.
Што се однесува до уписите, приложи сѐ што имаш добиено - сертификати, признанија, награди... Ја бев просечен ученик во средно, на матура имав 3ка македонски и 2ка математика па се упишав во државна квота, и тоа на втор уписен рок. "