Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
А во однос на оценување? Прашувам за Вовед во КН (ВВИ по старо).
Коста нулти фактор е во целото оценување. Лабараториските ти се смешки, ти ги оценува демонстратор некој, некој студент постар батко или евентуално ако немаат, некој од Тенев, Бојана ќе стават. Колоквиумите ти ги оценува асистентот по тој предмет. Професорот само оценка ќе ти пише и ќе внесе бонус поени ако имаш од присуство, највеќе гледај кој ти е асистент. Ако е Иван, на бел коњ си
 
За Дискретна математика 1, подобро е кај Милош Јовановиќ или Весна Димитриевска Ристовска во однос на оценувањето најмногу прашувам?
 
За Дискретна математика 1, подобро е кај Милош Јовановиќ или Весна Димитриевска Ристовска во однос на оценувањето најмногу прашувам?
По мене Весна за оценување, Милош за објаснување.

Георгина на бази бара присуство ?
 
Некој што положил Веројатност, да даде совет за учење и положување(дали учел од предавања и дополнителна литература итн итн).
 
едно прашање
дали е призната дипломата од финки во англија?истово прашање важи и за феит
позз
 
ФИНКИ зошто да, зошто не?!..
Во детали без тоа дека е тешко и учење барале..
 
ФИНКИ зошто да, зошто не?!..
Во детали без тоа дека е тешко и учење барале..

Ако те влече и сакаш да го учиш ова, запиши се. Повеќето од професорите што ми предавале имаат огромно знаење, вреди да го завршиш.

Е сега мојот омилен дел, не е ништо организирано. Распореди вадат 3 саати пред испит. Во училните има по 736 луѓе од кои 639 стојат. Ама и ова не е некој огромен проблем, ќе се навикнеш хаха.
 
Има одлични професори за да ти помогнат материјалот да го сфатиш и да го положиш предметот, но не и во иднина некој клиент или пак другар да ти побара најпроста задача и да не знаеш да ја решиш. Многу лоши материјали имаме за учење. И тоа што го бараат на испит многу малку ќе најде примена во реалниот свет. Имам и претходно напишано, факултетот вреди единствено што ќе те натера да учиш и да си ги завршуваш обврските, но и да се снаоѓаш сам кога немаш доволно поддршка од надредените.
 
Вовед во интернет дали е задолжително присуство (потписи) кај Дејан Спасов?
 
Што треба да се прави со задачите по структурно програмирање поставени на code.finki.ukim.mk? Треба да се пратат некаде или? Бидејќи има тајмер.. Someone?
 
Што треба да се прави со задачите по структурно програмирање поставени на code.finki.ukim.mk? Треба да се пратат некаде или? Бидејќи има тајмер.. Someone?
Имате термини за лабораториски вежби? (Претходно со анкета да го избравте)
Code.finki.ukim.mk ти е исто како CodeBlocks, решаваш и според излезот ти кажува дали ти е точна задачава. Еве напиши еден прост код printf("Hello World"); па притисни Submit па ќе ти стане јасно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom