Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Освен тоа што нема место на психијатрија горе на клиники и во Бардовци, друга причина зошто одредени предаваат на факсов не гледам :D
 
За Оперативни, Управување со меморија-усното, за алгоримите за страничење од кај ги учите?
Дали во книгата е опишано добро, и дали некој има испитни прашања во врска со овие алгорими?
Хмм алгоритми за страничење? За страничење тој е еден алгоритам :) заедно со TLB и ИТ на страници.
Да не мислиш за swapping методи на страници?
 
Мислев на Алгоритми за замена на страници

Not recently used –Не користен скоро
First-In, First-Out
Втора шанса
Часовник (Clock)
Least recently used -Најмалку користен скоро
Работно множество (Working set)
WSClock

има некој доплонително материјали?
ако има прашање за овие треба добро да се знаат за да се применат, во слајдовите не се баш добро објаснати.
колку добро се објаснети овие во книгата ?
 
Од книгата јас воопшто не учам. Ако нешто не ми е јасно на гугл и ќе прочитам поопширно ако ме интересира нешто. Искрено и книгата не е нешто пресјајна. Ако ја видиш е огромна ама ако читаш ќе сфатиш дека не е нешто преопширно напишано.
 
Мислев на Алгоритми за замена на страници

Not recently used –Не користен скоро
First-In, First-Out
Втора шанса
Часовник (Clock)
Least recently used -Најмалку користен скоро
Работно множество (Working set)
WSClock

има некој доплонително материјали?
ако има прашање за овие треба добро да се знаат за да се применат, во слајдовите не се баш добро објаснати.
колку добро се објаснети овие во книгата ?
Според мене убаво се објаснети алгоритмите во книгата, првите предавања малце беа чудни во книгата, ама последниве ми се некако океј. Не знам дали јас се навикнав на стилот, или стварно се подобри.
 
Може некој да каже што одприлика бизнис и менаџмент се паѓа на прв колоквиум т.е какви се прашањата одприлика за што ,итн..?
 
Може некој да каже што одприлика бизнис и менаџмент се паѓа на прв колоквиум т.е какви се прашањата одприлика за што ,итн..?
Учи се од презентации - набројувања, слики, табели... се може да се падне. Исто така можеш еднаш-два пати да ги прочиташ резимеата. Во принцип не бара Смилка конкретни дефиниции, туку повеќе да провери дали си ја разбрал поентата на материјалот. На пример дадени некои кратки случаи и да препознаеш што се јавува таму (на заокружување се тие), некои општи поими на дополнување и 3-4 есејски прашања, кои се одговараат во 3-4 реченици.
 
што треба да се објаснува одприлика во тие есејските прашања?
 
што треба да се објаснува одприлика во тие есејските прашања?
Не памтам стварно конкретни прашања. Еве на пример може да е Наброј ги и накратко објасни ги факторите кои ја менуваат понудата на производи. Или преку пример да објасниш што е опортунитетен трошок. Во принцип, нешто како прашањата од резимеата, со тоа што не мора толку опширно да се објаснува..
 
Резимеата ти се доволни, барем ја кога полагав беше сосема доволно... и ако полагаш во 8 сабајле, може директ од искачање и малку напиен да идеш да полагаш, немаш гајле. :D
 
Резимеата ти се доволни, барем ја кога полагав беше сосема доволно... и ако полагаш во 8 сабајле, може директ од искачање и малку напиен да идеш да полагаш, немаш гајле. :D
пази што си рекол :) ке дам фидбек утре :D
 
Бежични и мобилни системи , некој да каже што како се паѓа на колоквиум ?
 
Некој да ја реши задачава... Да се состави функција F(x,y,z) која ќе има вредност 0 САМО за вредности на променливите z=0 ИЛИ x=0 и y=1. И истата да се претстави со NOR порти. Иначе колоквиумска задача од ДМ2, денес на колок. беше како прва. Фала однапред.
 
Последно уредено:
Немам поминато кај студентски прашања одамна, индексите готови ни се? :cautious:
 
Некој да ја реши задачава... Да се состави функција F(x,y,z) која ќе има вредност 0 САМО за вредности на променливите z=0 ИЛИ x=0 и y=1. И истата да се претстави со NOR порти. Иначе колоквиумска задача од ДМ2, денес на колок. беше како прва. Фала однапред.
Ако се сеќавам ДМ2 ова вака би требало да биде.
z=0 OR (x=0 and y=1)

табелата со влезови и излезот 1 или 0
0 0 0 - 1
0 0 1 - 0
0 1 0 - 0
0 1 1 - 1
1 0 0 - 1
1 0 1 - 0
1 1 0 - 1
1 1 1 - 0

F = x'y'z' + x'yz + xy'z' + xyz'
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom