Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Колеги, јас сега ќе бидам прва година на ФИНКИ, ако може некој да ми разјасни како се одвиваат наставите по колку ученици, каде може да се најдат книги и сл.

Поздрав

100 во група на почеток после нема сите да ида. на аудиториски вежби по 50тина после помалку. Учебници по Калкулус другото се од слајдови. Ама не се замарај ко че почниш се појасно че ти биди.
--- надополнето: 2 септември 2013 во 19:28 ---
ако не ми се положени сите предмети од прва и втора (20 предмети) 5ти семестар никако неможам да запишам?
 
Година на студирање се запишува на почетокот на зимскиот семестар, и тоа:
- трета година, доколку има освоено најмалку 90 кредити и ги има положено
сите предмети заклучно со третиот семестар предвидени со студиската програма
заклучно со третиот семестар.
--- надополнето: 2 септември 2013 во 21:13 ---
Префрлање на новите студиски програми за студентите од 2ра и 3та година - мислења?
 
И дали ние што сме запишале лани ќе треба нешто да платиме ако се префламе на нова студиска програма?
 
Па најмногу одговара од тие што се на Компјутерска едукација (како мене :) ),
ако се префрлат по нова програма ќе го избегнат Веројатност и статискитка.
само проблем е Компјутерски компоненти го нема во новата програма,
но според најновото соопштение, нагласено е дека нема да се изгуби ниту еден од освоените кредити ако некој се префрли на новата програма. но како би изгледало тоа во овој случај ?

Исто така ме интересира , ако се префрлам по нова програма задолжителен ми е ИТ системи за учење а него го нема на листата на предмети кои можат да се запишат во сега во зимски семетар
--- надополнето: 2 септември 2013 во 22:09 ---
И дали ние што сме запишале лани ќе треба нешто да платиме ако се префламе на нова студиска програма?

Мислам дека не се прајќа , според соопштението , треба изјава и на анкетата електронски да одговориш,
но ова не е сигурно треба да се праша

и да прашам некој да кажи нешто за Компјутерски Мрежи , тешко лесно , професорите како се , бараат многу или малце ....
 
Компјутерски мрежи е многу интересен предмет. Има доста материјал што треба да се преџвака и сфати, ама што е најбитно е интересен за учење, секојдневно употреблив. Се учи по книга од Таненбаум, така да книгата е тешка колку гајба пиво, ама пак ќе речам брзо читлива и занимлива. После овој предмет и после Бази конечно некако факултетот ми доби некаква смисла, сфатив што правам таму :)

Така да без гајле, ако ти се учи предметот е лесен. Инаку професор мене ми беше Мишковски Игор и ептен е добар, упатен е и добро објаснува. Се собираат поени и од присуство, има и семинарска ко практична задача за дома да си играш со мрежната картица и мрежата и така.
 
и да прашам некој да кажи нешто за Компјутерски Мрежи , тешко лесно , професорите како се , бараат многу или малце ....
Доста обемен предмет е Мрежи, треба да загрееш столчето за да го научиш, али ако се внесеш у материјалот и учиш со разбирање а не со бубање нема да ти биде којзнае колку тешко. Мене ми беше еден од поинтересните предмети во втора година, заедно со Бази како што рече членот погоре. Само не би се согласила за Мишковски, мене ми беше подобар за гледање отколку за слушање. Се гледа дека има знаење човекот и се труди, ама некако приспивно ми делуваа неговите предавања... можеби има врска со фактот дека касно попладне беа часовите :)
 
Мислење за новите програми.. ? од една страна мислам дека е доста поолеснета во однос на старата, посебно добро ке им дојде на тие шо имаат скоро се положено во прва и сеа се префрлаат на нова. На ИКИ кал3 е изборен и јас најмногу би се префрлил токму заради овој факт.
Па би сакал да прашам, колку понатаму во студирањето се потребни знаењата од овој предмет, дали има премногу ебавања со диференцијални равенки и дали е од голема полза да се слуша овој предмет или се може и без него.. ?
 
Може и без него :)
 
Година на студирање се запишува на почетокот на зимскиот семестар, и тоа:
- трета година, доколку има освоено најмалку 90 кредити и ги има положено
сите предмети заклучно со третиот семестар предвидени со студиската програма
заклучно со третиот семестар.
--- надополнето: 2 септември 2013 во 21:13 ---
Префрлање на новите студиски програми за студентите од 2ра и 3та година - мислења?

Дали ова би значело дека со еден презапишен предмет до трет семестар квадрираш година? :LOL:
 
BTMjLGgCAAAWazh.jpg:large

:pos: :pos: :pos:
 
Мислење за новите програми.. ? од една страна мислам дека е доста поолеснета во однос на старата, посебно добро ке им дојде на тие шо имаат скоро се положено во прва и сеа се префрлаат на нова. На ИКИ кал3 е изборен и јас најмногу би се префрлил токму заради овој факт.
Па би сакал да прашам, колку понатаму во студирањето се потребни знаењата од овој предмет, дали има премногу ебавања со диференцијални равенки и дали е од голема полза да се слуша овој предмет или се може и без него.. ?

За ИКИ сега гледав и јас. И ништо не е сменето само што калкулус 3 е ставен ко изборен. Ако за тоа ти се даваат 1000 денари, бујрум. Инаку предметите се скроз исти со тоа што МПС е ставен во 7ми, а Вештачка интелегенција во 6ти семестар и плус што на некои други предмети им се сменети имињата(Компјутерска електроника во Дигитална електроника, Системски софтвер во Оперативни системи и други).

Ова е изгледа добра политика на факултетот за перење пари, вакви неколку имаше прилично доста во овие 2 години откако го оформија. Се за пари.
 
од стара во нова програма = 0 денари.
од еден смер во друг смер = 1000 денари.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom