Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
А која е разликата меѓу BCD и NBCD?
BCD е кога ја зимаш секоја цифра оделно и ја конвертираш во бинарно(со 4 бита), а NBCD е обично претварање од декадно у бинарно.
Пример 18
NBCD: 10010
BCD: 00011000
 
А зошо на етест како можни одговори ги дава посебно NBCD код и бинарно претставување?
 
Некогаш има и повеќе од два точни одговори, а и NBCD мислам дека може да има 15 максимална вредност. Разгледај ги убаво понудените одговори и види што одговара...
 
Абе а на етест шо се прашањана заебани? :D
И едно прашање, NBCD код е уствари бинарно претставување?
Мислам дека на етест има доста прашања од материја која сеуште не сме ја учеле, па затоа и не е баш некој начин за учење :D
Btw има некој некоја идеја каков тип на прашање би паднале од последната лекција, т.е. дали е можно да добиеме шеми и да кажеме што претставуваат ? :(
 
Нека компјутерот A со системски часовник од 1000 MHz има CPI=2. Нека компјутерот B има системски часовник од 500 MHz има CPI=1.2. За колку проценти е побрз компјутерот A од компјутерот B?
[20]

Како се добива ова?
 
Не ми се вервит шеми да дает,Спасов рече као демек не треба да ги учиме, ама пак последната презентација е 1/3 само со нив. Така да не знам, кој полагат во 8 нека кажит:D

Едит: Дали некој знае како се пресметува број во хамингов со мин.растојание?
 
перформансиА / перформансиB = процесорскоВремеB/ процесорскоВремеA

Според, главната формула: процесорскоВреме = (CPI * I) / брзина;

едноставно ги заменуваш вредностите на дадените променливи, поточно на краj се добива:

((1,2 * I ) / (500 * 10^6)) / ( I / (500 *10^6)), овие 500 * 10^6 и двeте I се кратат и како резултат се добива 1,2, односно 20 % е А побрз од B.

Ако не се лажам, мислам дека вака се решаваше овоj тип на задачи. :)
 
По формулава
Процесорко време на програма = (Инструкции * ЦПИ) / ( фрекф)
се работи за иста програма инстукциите се исти не се заменуваат
 
Ги ставаш двата броја еден врз друг, и ги споредуваш цифра по цифра. Ако имаш иста цифра, ставаш нула, ако имаш различна, ставаш единица. На крајот ги собираш единиците, и тоа ти хаминговото растојание.

___1 број: 1001 0110 1001
___2 број: 1110 1010 1010
Резултат: 0111 1100 0011 => Растојанието е 7.
 
Добро то го знам, то е да го најдиш мин.растојание.
Ме збуна ова претстави го бројот 28 во хамингов со минимално растојание три,ама исто како хамингов код се барало.
 
перформансиА / перформансиB = процесорскоВремеB/ процесорскоВремеA

Според, главната формула: процесорскоВреме = (CPI * I) / брзина;

едноставно ги заменуваш вредностите на дадените променливи, поточно на краj се добива:

((1,2 * I ) / (500 * 10^6)) / ( I / (500 *10^6)), овие 500 * 10^6 и двeте I се кратат и како резултат се добива 1,2, односно 20 % е А побрз од B.

Ако не се лажам, мислам дека вака се решаваше овоj тип на задачи. :)
По формулава
Процесорко време на програма = (Инструкции * ЦПИ) / ( фрекф)
се работи за иста програма инстукциите се исти не се заменуваат

Фала :)
 
Леле ќе се изедам жива не видов дека имало и поени, јас само оценката ја приметив, гледам на задачи 5ка и викам готово паднав, па и таа шо не чуваше ме напна затворај колешке затворај и толку. Како да видам сеа колку поени сум имала? :D
Иначе мене за задачите ми беше ептен кнап времето, не ни стигнав на крајот да дорешам се.
 
Па би требало да кажат кој со колку поени прошол. Ќе има и увид сигурно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom