Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
без математика неможиш на прв рок... а за втор рок државната квота че биди исполнета на попопуларните смерови.

а и патем .. ако не те бидува математика шо че се мачиш на електро
Не е дека сум тапа математика,туку до пред некое време мислев дека ќе се запишам медицина,па затоа немав потреба да полагам математика,а сега веќе не може да се смени изборот.И сега си наебав...:(
 
Не е дека сум тапа математика,туку до пред некое време мислев дека ќе се запишам медицина,па затоа немав потреба да полагам математика,а сега веќе не може да се смени изборот.И сега си наебав...:(
Не си наебал.Ќе влезеш најверојатно у втор рок.Дали си спремен за тоа што те очекува после запишување ? :)
 
Не си наебал.Ќе влезеш најверојатно у втор рок.Дали си спремен за тоа што те очекува после запишување ? :)
*наебала
Човек никогаш не може да е потполно спремен за било што.Верувам дека ако на некој му работи кликерот,и учи и се труди,може да постигне.Сега,знам дека е тешко на електро,ама добро,нема да бидам ни прва ни последна што ќе се запише и ќе заврши (ако се запишам).
Инаку,штом нема во државна квота ќе мора друго чаре да се бара.:)
 
да нема дезинформации,дури и со екстерен англиски можеш во прв круг од оваа година.Само оцената се множи со перципилниот ранг и со x1 додека кај математика x2(со мат моеш да извадиш макс 10 бода,со англиски 5).Е сеа за интерните еден ти треба од тие потребните :)
 
има нешто предлог распоред за втора колоквиумска, јунска испитна?
 
Вака...планирам да се запишувам на ФЕИТ, па ме интересираат две работи. Прво, колкав е процентот на студенти што одпрва ги завршуваат додипломските студии на ФЕИТ, тие четири години.., мада сигурно има и разлика за кој смер, али еве за ТК, КХИЕ, КТИ..? И тие таквите, каков тип луѓе се, не излагаат од дома или..? :D
И второ, сакам да се запишам на Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ). Може отприлика да долови некој што би работел со ова, а не би биле на одмет и компании во кои би можел да работам? Фала однапред :D
Не знам колку е процентот на луѓе што завршуваат на време,меѓутоа не е дека е нешто претежок факултетот,бидејќи со новиве програми многу работи се скратени и олеснети.Искрено,бара знаење и посветеност,бара континуираност и редовност.Доколку си добар/добра со математика и ти работи кликерот,верувам дека нема да имаш проблем.А за слободно време,како што и погоре видов дека пишале,ќе имаш доколку ти си направиш да имаш.Се зависи од тебе.Како што реков,ако редовно учиш,ти иде математика,а и не оставаш се за неколку дена пред колоквиумска,немаш гајле ;)
 
Има некој информации за дополнителнава сесија на 18ти мај? Сите можат да пријават испит од зимски семестар?
 
Има некој информации за дополнителнава сесија на 18ти мај? Сите можат да пријават испит од зимски семестар?
Има дополнителна сесија,се плаќа 1200 за испит и мислам дека може само еден предмет да се полага.
 
овие температура имаат :pos: нека им каже некој дека летово 50 души ќе им се запишат се на се.
 
Од 16 до 18 мај, во Скопје, за прв пат ќе се одржи студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој“. Конференцијата е организирана под покровителство на Факултетот за електротехника и информациски технологии-Скопје (ФЕИТ), во соработка со интернационалната студентска организација ИАЕСТЕ Македонија.

Read more: http://energetskaefikasnost.info/pr...a-efikasnost-i-odrzhliv-razvoj/#ixzz2TM5LKuJq
--- надополнето: 15 мај 2013 во 12:19 ---

Може некој да каже од ТК, КТИ и КХИЕ, кој е најбаран на пазарот..? Сакам на КХИЕ (Компј. хардверско инж. и електроника), ќе го биде ли на пазар или слабо ? :D
 
Може некој да каже од ТК, КТИ и КХИЕ, кој е најбаран на пазарот..? Сакам на КХИЕ (Компј. хардверско инж. и електроника), ќе го биде ли на пазар или слабо ? :D
Za vo EU i podaleku sto i da zapises na elektro e barano, za vo Makedonija sigurno znaes deka i da zavrsis 10,00 na FEIT nikoj nema da te pribere i mozes na kraj da se vrabotis vo trafika.

Vidi sto te vlece.
 
Може некој да каже од ТК, КТИ и КХИЕ, кој е најбаран на пазарот..? Сакам на КХИЕ (Компј. хардверско инж. и електроника), ќе го биде ли на пазар или слабо ? :D

најдобар избор ти е КХИЕ.. види побарај наназад по страниве имам пишано зошто..
да не се повторувам..

еве од мене една гооолема пофалба
КХИЕ >>>>> ерпс (старото име)
да не ти кажувам шо се учи тоа е тоа што ти е пишано таму на страната
за разлика од другите смерови ксиар кти тк ... на овој смер знаеш во секој момент што конкретно учиш... нема некои апстракни работи .....че си станите (на хартија барем) махери за електронски кола, микро контролери, микро процесори и тн..

според мене најубава работа на овие електро енергетскиве смерови е тоа што се запишуваат малку студенти... и повеќето од часовите че ви се одржуваат во канцелариите во анексон.. каде во секој момент би имале помош од некој асистент... дури и заедно ќе ручате и кафе ќе пијате.... исто и со професорите .... ако имате нешто проблем на 2 метра ти е асистентот слободно че си прашаш...

најдобрите посдипломски студии се продолжение на овој смер..
според инсајдерски информации на овие постдипломски се запишуваат скоро 50 % од запишаните постдипломци значи и со ксиа и ики се запишувале таму

Мислам дека малце си промашил:
КСИАР = математика, електроника, па може и програмирање да спомнам
КТИ = Информатика, програмирање, од електроника скоро ништо
--- надополнето: 9 август 2012 во 18:27 ---

Јас сум на ЕРПС (претходник на КХИЕ)... Многу добро ти објасна и Кајмакчалан погоре :)
Програмата е многу подобрена. Во кој смисол? Исфрлени се некои помалку потребни предмети (да речам и меѓу потешките = полесно студирање), а поголем акцент е дадено на дигитална електроника, на микроконтролери, микропроцесори бла бла, баш тоа што сега се бара на пазарот.
Професорите и асистентите се супер, многу се фини, коретни... За брзо време ќе станите ко пријатели... Ние на ЕРПС бевме малку студенти. Предност е тоа што си поблизок со професорите, може да ти посвети поголемо внимание, полесно следење на предавања, вежби, консултации, договарање за термини за консултации итн... Недостаток се изборните предмети, бидејчи сме малку, не може кој било предмети да се активираат, па мора да се договарате некако.
Макар со мислам дека од септември на КХИЕ ќе се запишат доста повеќе студенти.
Во институтот за Електроника има посебна просторија т.н. Сината соба, таму има мини кујничка, маси, столови и табла, каде што ќе се собирате заедно и ќе решавате задачи (колегијално учење е многу битно и корисно). Тука ќе има и постари студенти, па ќе ги "замарате" нив ако имате нејасни работи...
Тоа е тоа накратко... Ако имаш некое друго прашање, прашај слободно...

Поздрав, па се гледаме од септември :)
 
најдобар избор ти е КХИЕ.. види побарај наназад по страниве имам пишано зошто..
да не се повторувам..
Е фала ти многу, сега и некако ми даде бонус мотивација да си отидам на смеров :D и уште нешто ме интересира, како иде за прием на државна квота? Што успех треба да имаш? За сега сум 5.0 четири год., да ја напраиме уште матурава асално.. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom