Мислам дека малце си промашил:
КСИАР = математика, електроника, па може и програмирање да спомнам
КТИ = Информатика, програмирање, од електроника скоро ништо
--- надополнето: 9 август 2012 во 18:27 ---
Јас сум на ЕРПС (претходник на КХИЕ)... Многу добро ти објасна и Кајмакчалан погоре

Програмата е многу подобрена. Во кој смисол? Исфрлени се некои помалку потребни предмети (да речам и меѓу потешките = полесно студирање), а поголем акцент е дадено на дигитална електроника, на микроконтролери, микропроцесори бла бла, баш тоа што сега се бара на пазарот.
Професорите и асистентите се супер, многу се фини, коретни... За брзо време ќе станите ко пријатели... Ние на ЕРПС бевме малку студенти. Предност е тоа што си поблизок со професорите, може да ти посвети поголемо внимание, полесно следење на предавања, вежби, консултации, договарање за термини за консултации итн... Недостаток се изборните предмети, бидејчи сме малку, не може кој било предмети да се активираат, па мора да се договарате некако.
Макар со мислам дека од септември на КХИЕ ќе се запишат доста повеќе студенти.
Во институтот за Електроника има посебна просторија т.н. Сината соба, таму има мини кујничка, маси, столови и табла, каде што ќе се собирате заедно и ќе решавате задачи (колегијално учење е многу битно и корисно). Тука ќе има и постари студенти, па ќе ги "замарате" нив ако имате нејасни работи...
Тоа е тоа накратко... Ако имаш некое друго прашање, прашај слободно...
Поздрав, па се гледаме од септември