Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Може ли некој да ми каже информации во врска со следниве предмети (тешкотии,предности ислично):
Матлаб
Електротехнички материјали
Практикум по компјутерски вештини и алатки
Комуникациски и презентациски вештини.

Кој предмет сметате дека е најдобар за насока ТКИИ.
Ставени ни се во делот за изборни.
 
немој матлаб .... just dont.....
 
Може ли некој да ми каже информации во врска со следниве предмети (тешкотии,предности ислично):
Матлаб
Електротехнички материјали
Практикум по компјутерски вештини и алатки
Комуникациски и презентациски вештини.

Кој предмет сметате дека е најдобар за насока ТКИИ.
Ставени ни се во делот за изборни.
Практикум по Матлаб би ти препорачала бидејќи се чисти само со лабараториски..а за другиве..сеедно немаат врска со понатамошни предмети :)
 
Сакам да прашам,дали некој знае како е доказот за Тевененова? ако може да го пише тука
 
Сакам да прашам,дали некој знае како е доказот за Тевененова? ако може да го пише тука

Пиши ја постапката како ја решаваш задачата по Тевененова :) Прво се црта колото без АБ гранката и без генератори блабла па наоѓаш ова бла бла па после се црта без генератори бла бла, па крсти си ги отпорниците R1, R2 па напиши си равенка и така :)
 
Fala :D
 
За предметите од четврт семестар за ерпс,кој е полесно да се помине на колоквиуми?
 
За предметите од четврт семестар за ерпс,кој е полесно да се помине на колоквиуми?
Како прво да те предупредам дека 4ти семестар е можеби и најтежок семестар. Како што примети, немаш изборни предмети. Искрено тешко е да ти кажам кој предмет да го оставиш за испит. Ај ќе одиме со ред:
Математика 4 немој во никој случај. Таа е најтешка математика од сите 4. Првиот колоквиум не е тежок, а вториот колоквиум (веројатност) е прилично комплициран. Сите што заглавиле на 4ката, заглавиле заради веројатноста. Гледај да извадиш повеќе поени на првиот дел (комплексна анализа)
ОДПС - Незнам како е кај новиов професор, ама како и да е, првиот колоквиум не е многу тежок, некој вид на повторување од СиС т.е. сло слична логика, а вториот колокиум и тука ти е покомплициран.
Линеарна електроника, јас бев кај друг професор и асистент. Доста битен предмет, гледај да го научиш добро. Незна каков би бил принципот на оценување сега и што би се паѓало на испит, така да, не можам да ти кажам дали колоквиум или испит.
ОДТК - предметов не го сакав, со сила го учев. Направен е од собрани парчиња од 3-4 предмети од ТК, апстрактен предмет... Мислам дека овој можеш да го оставиш на испит, барем јас на испит го положив....
Електромагнетика - Најверојатно професорката ќе ви држи и предавања и вежби (професорот почина, а асистентката е на породилно отсуство). Ќе ги учите првите колоквиуми од електротехника 1 и 2, ама прилично многу проширени, со 300 математики. Задачите не се нешто комплицирани, а теоријата ти е, ти се паѓаат 3 наслови на лекции и раскажуваш за нив, со изведување. Продолжение на овој предмет е електромагнетни бранови во 5ти семестар.
Не успеав да ти кажам кој да го оставиш на испит, ама ти објаснав горе-долу што те очекува... Значи, те очекува бурен семестар, така да, фати си го со ред....
Поздрав!!!
 
Да не случајно може да се набави учебникот Теорија на кола од Момчило Богданов за трет семестар во електронска форма?
 
Оценките во индекс не се битни така? Ми фалат од неколку предмети па глупо ми е после толку време да барам да ми пишат, особено од прва година :icon_lol:
 
Оценките во индекс не се битни така? Ми фалат од неколку предмети па глупо ми е после толку време да барам да ми пишат, особено од прва година :icon_lol:

воопшто не се битни, ако ти ги има на сслужба немаш гајле :)
 
Него, го знае некој пасвордот на машински wi-fi мрежата? Две се, една M.F и M.F guest
 
Ако има некој добро запознаен со новиве смерови и да ми каже подетално и подобро за КСИА и КСИАР (што е разликата) дали во ксиар има нешто што во ксиа го нема? И обратно.
Јас колку што знам мерна техника немаат, ЛДС ќе им биде поделен на два предмети како ќе им биде името незнам (дали роботика 1 и 2? ), и Теорија на системи ќе го стават во 5 ти семестар? else?

Ме интересира чисто информативно.
 
Елементи од нумеричка математика - (најобемната математика) ја немаат, а е најважна за областа автоматика и роботика.
проф. Татјана Колемишевска - Гугулоска си оди од пензија, па нејзините предмети ќе ги предава Весна или Горан. ДПС од Ташкоски немаат. Имаат ДПИ но и КСИА го има ДПИ во 7 сем. Електроника 2 им е изборен. Мерна им е избборен. ЛДС е поделен на два дела = Теорија на автоматско управување 1 и 2.
Според муабетот со Колемишевска, асистентите се бунеле дека студенттите имаат многу материјал и им бил тежок, поради тоа решиле да го олеснат смерот. Книгите од Димировски (~400 стр) ќе биле исфрлени од работа и ќе се работело само со белешки од предавања (неколку теми од книгата прераскажани) напишани од Весна. Најголем дел од теоријата е исфрлена, а на ссметка на тоа е внесено повеќе „практична“ работа ( во Матлаб ).
Ова небило осварено досеа оти Колемишевска се бунела дека со исфрлањето на теоријата, студентите нема вистински да разбираат што се случува во автоматиката.
 
Новиве смерови се направени само за да го олеснат електро, и да влечат повеќе луѓе (пошто ФИНКИ им ги собра сите). Програмата е прекретенска, исфрлени се битни предмети, а и има право таа Колемишевска, како бе може некој да разбере како функционира нешто, ако не чита теорија? Сите бегаат од теорија, гледаат само да набубаат тип на задачи за да положат. Според мене, ова ќе резултира со многу сиромашно поткован кадар, кој нема да знае да си ја работи работата. Али ако, на ФЕИТ им е битно да грабнат што повеќе студенти, а какви студенти ќе искочат од ФЕИТ не им е битно...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom