Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Што ќе има таму кај шо беше фотокопирницата? Пошо со електронските врати мн сајнс фикшн ми изглеа :)
 
Што ќе има таму кај шо беше фотокопирницата? Пошо со електронските врати мн сајнс фикшн ми изглеа :)
Ја ко што ѕирнав фотокопирницата си е :D Ваљда ќе ај остават фотокопирницата само по хајтек ќе е :)
 
Со оние врати ќе им се оствари желбата на тетките нонстоп да им е затворена вратата од копирницата иако внатре не се дише од мириси на бои, тонери и чуда :)
 
Колку јас што го разбрав тоа што го кажал Ѓорѓевиќ, не е предвидено со договорот меѓу ФЕИТ и ФИНКИ што ќе биде со презапишување на предмети. Со договорот професорите (кои сега се под ФИНКИ) се согласуваат да предаваат на втора, трета и четврта во оваа учебна година, догодина само на трета и четврта и наредната година само на четврта. Ова важи само за студентите што остануваат на ФЕИТ. Тоа значи дека, ако презапишеш предмет, старите професори нема да ти предаваат...
 
Све од прв семестар може да се преполага брееее...
И па после речете дека ФЕИТ е лош факултет :D
 
Дали некој знае кој ќе предава физика на бруцошите? Јас сега одам на подготвителни, и таа асистентката Лихнида ни држи часови, и ок ми изгледа..
 
Дали некој знае кој ќе предава физика на бруцошите? Јас сега одам на подготвителни, и таа асистентката Лихнида ни држи часови, и ок ми изгледа..

Верка, Маргарита и Христина се професорки по физика ... до сега имало по 5 паралелки бидејќи многу студенти се запишуваа и сите три професорки имаа по една или две паралелки, но оваа година очигледно ќе има помалце паралелки така да не се знае ... а Лихнида е асистент и многу е добра, една од најдобрите на факултетот ... ја не и одев на часови, мислам дека се заебав ама на испит ако ја прашаш нешто гледа многу убаво да ти објасни за да сфатиш и да напишеш.
 
Дали се префрли веќе некој од ФЕИТ на ФИНКИ? Како оди постапката? Гледам дека треба двете потпишани изјави да се однесат во библиотеката на ФЕИТ каде ќе им се стават два печати и потоа веројатно со таа изјава се оди да се завери семестар на избраниот факултет. Дали има гужва, брзо ли се завршува работа?

И која е сега моментално разликата меѓу двата факултети за затекнатите студенти? Никаква!? Истите професори кои ќе предаваат на ФИНКИ ќе ги дошколуваат и затекнатите студенти на ФЕИТ. Johny, what the fuck?
 
И која е сега моментално разликата меѓу двата факултети за затекнатите студенти? Никаква!? Истите професори кои ќе предаваат на ФИНКИ ќе ги дошколуваат и затекнатите студенти на ФЕИТ. Johny, what the fuck?

Студентите на ФИНКИ ќе имаат поголеми привилегии во однос на користење на лабораториите и пракси (ако продолжат со истото темпо). Исто така, ако презапишеш предмет не ќе може истите професори да ти предаваат зошто тие ќе зимаат само година за година. Пример, оваа година ќе предаваат на 2, 3 и 4, потоа на 3 и 4 и на крај само на 4. По таа логика, можеш да заглавиш на ФЕИТ, ако они под итно не најдат соодветен кадар. ФЕИТ има искуство, традиција. Важи за еден од најтешките и најуспешни факултети кај нас. ФИНКИ допрва треба да се докажува. Тоа што сега го прави е далеку подобро од тоа што ФЕИТ го нуди. Може е само маска за да се соберат повеќе студенти :p
 
Што е попаметно да упишам во трет семестар:
- Формални јазици
- Објектно ориентирани системи или
- Теорија на системи?
Ништо од ова не ми е познато од порано (може само ООС ако е некое продолжување на ООП) па врска немам кое ќе ми биде од најголема корист за понатаму.
 
Има некој овде што е на ЕРПС?
да пише некоја пофалба, критика, лесно, тешко(не се сомневам во ова), по проблематични предмети...?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom