Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Велат нешто ќе се собирале потписи за дополнително полагање математика 1.Не знам дали е само во Д паралелка кај Зајкова или за сите. Знај некој нешто околу то??
 
него битно питање кое вреди да се праша пак (slightly off-topic)
- pros cons за ФЕИТ
- pros cons за ФИНКИ
Што ќе бирате вие и зошто?

Јас нема да бирам, бидејќи ова префрлање не ме засега, не сум ни на ИНФО ни на ИКИ, но ќе кажам мое мислење. СП ФЕИТ денеска на колегите од ики им го постави следното прашање:
Прашање до сите студенти!

Доколку предаваат истите професори и понатаму, што е тоа што вам како студенти ќе ви биде пресудно во вашата одлука за вашето понатамошно студирање, дали ќе продолжите на Феит или на Финки?

поздрав
СПФЕИТ

Јас да треба, одма би се префрлила, без разлика што ќе остануваат професорите да предаваат и на ФЕИТ од една и единствена причина: нивниот однос. Верувајте дека многу ќе биде различен односот со студентите од ФИНКИ и студентите од ФЕИТ.
 
Дипломата. Како ке гласи дипломата што ќе ја добијат ако се на феит, а како ако се на финки, тоа им е пресудно.
 
Знае ли некој каде можам да ѓи најдам Математика 3 и 4 од Шапкарев?
 
Кои теми се опфаќаат на подготвителните часови по физика...математика аналитичката геометрија на простор ми е колку толку позната...но за физика сум тапа,ептен она најосновното го знам(по вина на професорот во средно..секако :D...да си се правдам)...планирам да земам часови по физика во мојот град...но незнам баш кои теми ги обработуват на подготвителните.А ситуацијата да патувам секој ден на подготвителните од факсот не доаѓа во предвид...дневно 5 часа ќе треба да патувам.
Ај некој ако знае за темиве да ми кажи...Фала однапред(и отпозади ...just kidding:D)
 
Некоја типка отишла кај деканот и го замолила да се полага Мат 1 пак, во казнена сесија. Деканот и рекол да се потрудиме да дознаат сите и да се рашири и да поднесеме молба. Така да, ширете кај можете, кажувајте на колеги што не ја положија сега.
 
ФЕИТ
pros: бренд, квалитет, страв и трепет за бош факултетите, препознатлива диплома кај нашите компании, искуство и традиција стара 50 години
cons:тетките горе, тетките во копирница, Верка, Тентов, Благоја (ОЕТ).

ФИНКИ
pros: рано е да се кажува.... Владата е загреана за информатичкиот развој, па се надевам ќе продолжи со вложувбање во него. Тоа би било нова опрема, превод на литература, внесување иновации во предавањата и збогатување на содржината со актуелни теми.
cons: нула искуство, слабо математика, некои безвезе смерови и предмети на истите, префрлање на студенти од ФЕИТ и ПМФ
what. the. fuck?
 
Велат нешто ќе се собирале потписи за дополнително полагање математика 1.Не знам дали е само во Д паралелка кај Зајкова или за сите. Знај некој нешто околу то??
За кај сите е и вистина е, ширете по луѓе да се пријавуваат.
 
Предмети од типот: тимска работа, психологија, македонски јазик, педагогија, дигитализација на е-презентации, учење на растојание, бизнис и менаџмент системи, менаџмент и маркетинг, професионални вештини и етика, филозофија и технологија, ...
 
Некоја типка отишла кај деканот и го замолила да се полага Мат 1 пак, во казнена сесија. Деканот и рекол да се потрудиме да дознаат сите и да се рашири и да поднесеме молба. Така да, ширете кај можете, кажувајте на колеги што не ја положија сега.
А кај треба да се пријавиме и кога е полагањето??
 
Предмети од типот: тимска работа, психологија, македонски јазик, педагогија, дигитализација на е-презентации, учење на растојание, бизнис и менаџмент системи, менаџмент и маркетинг, професионални вештини и етика, филозофија и технологија, ...

wtf
е ова не држи вода , се што наведе тука е преземено од изборни предмети на КЕ ( компјутерска едукација ) а таму се спремаат идни наставници по информатика поточно добиваат титула дипломиран професор по информатика и нормално е да учат вакви предмети.
 
Ок, тогаш програмата е глупава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom