Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
На електро замислете лајв чет со бабата од студентски. Awww
Ако нема видео, ништо :pos:
ljc.jpg
 
Дај бе не го тупете со оф топик за кој до каде е имате ПП нема да читаме 4 страни глупости...

Он топик, се знае што ќе биде со професорите т.е. дали постигнаа компромис и дали ќе да предаваат на двата факултети или тие што ќе преминат на ФИНКИ ќе останат само на ФИНКИ?
 
Иако сите го отупеа со ФИНКИ и секој втор човек кого го прашав таму ќе се запишувал, сепак си останав на старото мислење дека електро си е електро, па се упишав тука годинава.. се надевам не згрешив. Малце со подзината уста останав кога видов дека само 180 души се имаат пријавено на 1в уписен рок, а на ТК само 40 и неколку.. е сега дечки сакам да ве прашам дали сите влагаат у државна иако некои од тие што се пријавени имаат по 40 и нешто бода?
 
Секако дека влагаат сите, се додека не се исполни државната квота , без разлика дали последно рангираниот има 40 бода или 90.:cool:
 
И мене ме интересира сега кој би предавал WEB дизајн.... И уште нешто, некој да им објасни што се учи по Бази на податоци и дали е тежок. Сакам да го одберам како изборен али си викам да не заглавам со него, да не се заебам
 
Ииииииииииии, кога ја сменија бе официјалнава страна??? Како ова да го немам заприметено?

Иначе дали да бирам интернет програмирање сеа во 3 семестар или да се заковам со логички кола?
 
Што слушам бабата у пензија ќе идела ?? Дај некој нека потврди.
 
Ииииииииииии, кога ја сменија бе официјалнава страна??? Како ова да го немам заприметено?

Иначе дали да бирам интернет програмирање сеа во 3 семестар или да се заковам со логички кола?

Логички кола е интересен предмет, јас би ти го препорачала.
--- надополнето: Aug 20, 2011 9:19 AM ---
Што слушам бабата у пензија ќе идела ?? Дај некој нека потврди.

Таа е мрдната може и да остане :P Ама мислам дека ќе иде. Боро, Петар Лазов, она и Софија Богданова најверојатно идат. :)
--- надополнето: Aug 20, 2011 9:20 AM ---
AttributeError('context',) (Also, the following error occurred while attempting to render the standard error message, please see the event log for full details: context)

А таман помислив дека ја средиле страната и дека ќе се отвара секогаш кога ќе посакам :D
 
Тука стално ги реметиме информатичарите, не го сфаќај тоа лично :) Се разбира, и шеги на наша сметка се добредојдени :D
--- надополнето: Aug 19, 2011 11:02 PM ---

Ама ти се молам како може така, они се спремни уште пред законот да го изгласаат :pos: Ццц, live chat праиме, уште една брилијантна идеја на Финки :pos:

Хахахаха, ти будала си ако стварно мислиш дека се изнервирав заради коментаров. Уживај :D
--- надополнето: Aug 20, 2011 11:34 AM ---
Ако нема видео, ништо :pos:
ljc.jpg
Да ти кажам право, симпатична си е бабичкава :pos:
 
Од сигурни извори: Лазов оди во пензија од септември, за Боро не знам. Бабата и Богданова имаат уште некоја година да ве помачат.

А предметите од ИКТИ на ФЕИТ ќе ги предаваат пак истите професори кои ги предавале досега. Гласините се дека и двајцата декани се согласиле на ова
 
Кој ќе предава место Лазов? Начевска? Па и нема кој друг... Иначе и бабата и Боро исполнуваат услови за пензија според годините, а за Богданова не знам пошо е викенд и страната на ФЕИТ не работи.
 
И уште нешто, некој да им објасни што се учи по Бази на податоци и дали е тежок. Сакам да го одберам како изборен али си викам да не заглавам со него, да не се заебам
Are you out of your mind???
Тој предмет е црна дупка за информатичарите години уназад... Го предава Давчев, а ако не знаеш кој е тој - боље и да не дознаеш.
За заглавување... Не би требало да заглавиш бидејќи не си на ИКИ и не ти е задолжителен, па ќе можеш следна година да го смениш, ама сепак не ти препорачувам да го земеш освен ако стварно те бива за програмирање и си студентка со висок просек.

Ииииииииииии, кога ја сменија бе официјалнава страна??? Како ова да го немам заприметено?

Иначе дали да бирам интернет програмирање сеа во 3 семестар или да се заковам со логички кола?
Генерално вака е упатсвото:
- Те бива за програмирање? (имаш извадено 9ка/10ка по СП и ООП) - земи го ИП
- Сакаш да се фокусираш на твојот смер (КСИА) - земи го Логички Кола

И 2та предмета се интересни и корисни, ама се' зависи од тоа кон што повеќе сакаш да се насочиш. Во 6ти семестар ќе имаш предмет Микропроцесорски Системи (а.к.а озглогласениот МПС), за кој ти треба познавање од Компјутерски Архитектури (4ти семестар), за кој пак ти треба познавање од Логички кола.

Од сигурни извори: Лазов оди во пензија од септември, за Боро не знам. Бабата и Богданова имаат уште некоја година да ве помачат.

А предметите од ИКТИ на ФЕИТ ќе ги предаваат пак истите професори кои ги предавале досега. Гласините се дека и двајцата декани се согласиле на ова
Гласините... Од гласина до потврдена информација има разлика.
Ама сепак и мене ме чуди тоа што на сајтот на ФЕИТ се пишани сите професори кои предаваа до сега (освен Давчев), а пак на сајтот на ФИНКИ јасно има известување дека СИТЕ професори (освен Тентов) имаат потпишано договор дека се префрлуваат на ФИНКИ.

Дали сите наставници од ИКТИ (ФЕИТ) и ИИ (ПМФ) преминуваат на ФИНКИ?
ФИНКИ
Да, досега ниеден член од ИКТИ и ИИ нема потпишано изјава (наложена со Законот за формирање на ФИНКИ) дека ќе остане на ФЕИТ или ПМФ, што значи дека сите преминуваат.
За потребите на матичната комисија се бараше изјава од секој член на ИКТИ и ИИ дека преминуваат на ФИНКИ. Таква изјава досега потпишаа сите наставници од ИИ и ИКТИ, со исклучок на проф. д-р Аристотел Тентов од ИКТИ. Дали и тој ќе премине на ФИНКИ, се’ уште не се знае.
 
Are you out of your mind???
Тој предмет е црна дупка за информатичарите години уназад... Го предава Давчев, а ако не знаеш кој е тој - боље и да не дознаеш.
За заглавување... Не би требало да заглавиш бидејќи не си на ИКИ и не ти е задолжителен, па ќе можеш следна година да го смениш, ама сепак не ти препорачувам да го земеш освен ако стварно те бива за програмирање и си студентка со висок просек.

Ок, не ме тепај ! :)
Па тогаш некој нека ми препорача изборен предмет за 5ти семестар :)
--- надополнето: Aug 20, 2011 4:06 PM ---
Од сигурни извори: Лазов оди во пензија од септември, за Боро не знам. Бабата и Богданова имаат уште некоја година да ве помачат.

А предметите од ИКТИ на ФЕИТ ќе ги предаваат пак истите професори кои ги предавале досега. Гласините се дека и двајцата декани се согласиле на ова

Па јас разбрав дека Богданова и Боро се иста генерација, а Боро сигурно иде во пензија, самиот најавуваше така цела година и деновиве го слушнав на автобуска правеше муабет со еден друг дедичко, го распрашуваше каква била постапката.
 
Me interesira kakvi se sansite za vrabotuvanje so ksia i sto bi mozel da rabotam so istoto.
odnapred blagodaram
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom