Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе си ќутиш и ќе си траеш освен ако професорот не ти е роднина. Сигурно те фатила со нешто, или на некој му паднало ливчето до твојот стол или нешто слично. Биди среќен што не си добил 3 сесии:)

И после со индексот на приватен ќе си идеш...:) Уствари таму немаат индески:vozbud:

Вака многу паметно ми делуваш, ама тебе да ти се случи тоа ќе видиме колку ќе бидеш паметен. Тоа што треба да ќутам е само поради тоа што може да ме фати на пик па и во август да не положам(барем според мене), а не ме фатила со ништо затоа што и не сум препишувал, а и не му паднало на никој ливчето блиску мене. А и да се случило нешто такво да речеме која е логиката само на едно прашање да пише "Препишувал"? И асистентката се зачуди ама што може и она..
И не сум среќен со ова од причините погоре што ги пишав, и доста со тоа "3 сесии" кога неам слушнато некој што му рекле така, баш напротив си полагаат во наредна сесија и за поопасни работи. ;)
 
Епа јас имам и слушнато и видено. Затоа ти викам. Кажи ми само како ќе докажеш дека не си препишувал кога веќе испитот е пројден и асистентот/ката напишале Препишувал со причина?
 
3 сесии и те како даваат! И не само тоа, на огласна табла ги пишува казнетите, таму резултатите кај што ги ставаат.
А конкретно за твојот случај, со тие од Физика да ти кажам дека нема разбирачка. На другар ми на 2. колоквиум Физика 2, Верка не му ја призна теоријата затоа што според неа, препишувал. А тоа го заклучила затоа што било пишувано со лош ракопис. Неа искуството и покажувало дека студентите со лош ракопис пишувана теорија, секогаш препишувале. А друга приказна е што имаш 2 часа и за задачи и за теорија, па немаш време со краснопис да се пишува. И така ти кажувам...
 
Јас пишувам со нозе, па немав проблеми ни за Физика 1, ни за Физика 2. Ни со Верка ни со Маргарита. Може затоа што ги оставив физиките за во последните сесии, па се смилувале и си рекле „па и да препишувал, ајде да не презапишува“ :D :D :D
 
Епа јас имам и слушнато и видено. Затоа ти викам. Кажи ми само како ќе докажеш дека не си препишувал кога веќе испитот е пројден и асистентот/ката напишале Препишувал со причина?

Знам дека неможе да се докаже на никаков начин, али ти викам ни тој што не чуваше нема такво нешто напишано затоа што такво нешто не се ни случило, а ни асистентката не напишала такво нешто и она е зачудена, а Маргарита напишала само на едно прашање теорија (нели теорија прегледуваат професорите затоа незнам каде прочита ти дека асистентката напишала такво нешто).

--- надополнето ---

3 сесии и те како даваат! И не само тоа, на огласна табла ги пишува казнетите, таму резултатите кај што ги ставаат.
А конкретно за твојот случај, со тие од Физика да ти кажам дека нема разбирачка. На другар ми на 2. колоквиум Физика 2, Верка не му ја призна теоријата затоа што според неа, препишувал. А тоа го заклучила затоа што било пишувано со лош ракопис. Неа искуството и покажувало дека студентите со лош ракопис пишувана теорија, секогаш препишувале. А друга приказна е што имаш 2 часа и за задачи и за теорија, па немаш време со краснопис да се пишува. И така ти кажувам...

Ништо значи...ќе си научам за август..
 
А некој од ТК има ли на формуов, за да ме советува дали да бирам интернет програмирање или телекомуникациски софтвер?

ТК софтвер: првите 2-3 недели не беше во распоредот. Само 2-3 недели имавме предавања, потоа никој не одеше (тука е вклучен и професорот). На аудиториски ги решававме задачите од лабораториски. На лабораториски ги препишуваш задачите и експериментираш по твоја волја и voila: финито за 30 мин. Проблем е што лаб. траат до самиот крај на семестарот. На прв колоквиум немаше некој под 60 поена. Втор се полага на компјутер и плус дозволено е носење на материјали. Се учи SDL (Specification and description language). На колоквиуми сите положија. Паднаа само тие што не се појавија

Интернет програмирање: ставен во распоред уште прва недела. Некој имаше пишано што се учи и како стојат работите. Имав колеги кои жалеа што не го избрале ТК софтвер. Друго не можам да ти кажам за овој предмет.

Мој совет ти е да си го избереш ТК софтвер оти ќе ти треба порелаксирачки предмет во III семестар. Другите 4 се прилично напорни (особено мерна и електроника)
 
А помеѓу Логички кола и дискретни автомати,Алгоритми и структури на податоци и Интернет програмирање?
:smir::smir::smir:
 
Некој коментар од постариве колеги за втора год. на КСИА? :smir:

Трет семестар:

Линеарни трансформации - Како и Математика 1 и 2, имаш бајаги материјал, бајаги вежбање и усно.

Основи на мерната техника - Исто така предмет со голем квантитет за учење, но не е тежок материјалот за разбирање (и теоретскиот и задачите).

Електроника 1 - Така-така во тежина, некои се жалат а некои го фаќаат лесно, се базира претежно на шаблонски задачи, од 4 прашања на испит (или колоквиум) едно е теоретско (ака усно) а три задачи (немораш да имаш од двете пишано).

Теорија на системи - Предмет по кој ќе се водиш во скоро сите останати предмети понатака, генерално тежок за сфаќање, но во секој случај потребен за понатака. Исто како и Електроника 1, имаш едно теоретско прашање и останато задачи, со тоа што ако го идеш на испит теоретското прашање е 95% исто во секоја сесија (барем јас кога го полагав).

Логички кола и дискретни автомати - НЕ ГО ЗИМАЈ*, во никој случај. Пред две-три години беше релативно лесен, затоа што освен бодовите од колоквиум/испит, единствени плус бодови добиваш од една домашна (која всушност е испитно ливче од минати сесии), така да лесно се собираа бодови. Сега е хаос, бодови од секој ќош се собираат. Ќе се шинеш цела година со домашни/тестови/лабораториски итн. за да имаш што се вика шанса да го фатиш (да ти требаат 50%-60% бодови од испит за да го положиш). А, и да не заборавам, куцаните аудиториски се срање, поголемиот дел од задачите се многу плитко објаснети така да или ќе се снаоѓаш со книги надвор од факултетот или ќе замараш студенти/асистенти за да ти разјаснуваат.

Алгоритми и структури на податоци - Не сум го слушал, така да неможам да ти кажам точно што како. Се што знам е дека не е нешто посебно тежок, не е толку проблем за положување, но сепак, би те советувал да не се залетуваш со изборни од втора што ги имаш (во трета и четврта имаш еден куп изборни кои се положуваат или со семинарска или со 2 саати учење пред испит).

Интернет програмирање - Исто така не сум го слушал, и би те советувал истото од погоре. Нема потреба да зимаш изборен во трет семестар според мене, и онака имаш доволно кредити, а ако ти фалат ќе си надополниш понатака.

Четврт семестар:

Елементи од нумеричка математика - Како за промена од другите математики, кај оваа математика задачите се значително лесни, но затоа усното е изгор. Ќе имаш 3 колоквиуми за овој предмет, и ќе можеш преку колоквиуми да полагаш и оделно (писмено/усмено) ако сакаш. Така да најдобар совет е да загрееш гз за усното преку колоквиуми, па на испит без проблеми задачите да си ги пројдеш.

Линеарни динамички системи - Прво и основно, предметот го држи Лазаревска д-р Елизабета, а кај нејзе сите предмети најлесно се положуваат школски, со собирање бодови од редовност, од лабораториски, од домашни и од тестови. Материјалот е прилично голем, и генерално тежок, така да гледај собери што е можно повеќе бодови за да си го фатиш полесно.

Електроника 2 - Според мене најлесниот задолжителен предмет што го имаш од трет и четврт семестар. Се полага исто како Електроника 1, но задачите се каде каде полесни (поготово ако најдеш решени испитни).

Дигитално процесирање на сигнали - Слично како и ЛДС, школски предмет, собирај што е можно повеќе бодови од редовност/лабораториски/домашни. Исто така материјалот е масивен, и прилично тежок (поготово поради фактот дека аудиториските се апла плитки). Така да биди редовен и на аудиториски и на предавања (ДА, професорката Богданова всушност објаснува многу работи што ќе ти помогнат при разјаснување на материјалот).

Компјутерски архитектури - НЕ ГО ЗИМАЈ*, едноставно немој. Исто како и ЛКДА, немаш потреба да си труеш мозок со работи кои за ИКИ се задолжителни.

Електроенергетски уреди - ЗИМАЈ ГО, како за промена, имаш еден лесен изборен во втора, а тоа е овој. И нека не те лаже името на предметот. Се положува со семинарска, и сега за сега не сум чул за човек да не го положи.

* - Додатно за ЛКДА и КА, ќе имаш предмет во шестти семестар, Микропроцесорски системи, кој го држи Тентов. Исто така предмет кој е од областа на ИКИ и не сакаш да си полниш мозок со туѓи информации (поготово поради фактот дека МПС е многу обемен). Е сега како за чудо и Тентов го дели истото мислење и обично е поблаг со КСИА студенти по овој предмет. Но покрај тоа тука е и џокерот, Тентов има обичај на КСИА студенти да им дозволува да го положат предметот САМО со семинарска, но под услов да немаш претходно запишано ЛКДА или/и КА. Сега да не те излажам, на некои што имале запишано само ЛКДА додека КА не, им дозволувал со семинарска, но пак е ризично плус како што ти објаснив погоре, губење време и нерви ќе ти биде ЛКДА.
 
Koga ima prof. Kosta Mitreski konsultacii? anyone?:toe:
 
А за инфо што е понудено да се бира бо трет семестар? Ако може опис на изборните предмети:)

За ИНФО може било кои предмети од четиригодишните студии да ги избереш. Јас во трет семестар ги слушав Мрежно Програмирање и Веб Дизајн.
Мрежно програмирање ти е многу јак предмет, се учи ASP.NET фрејмворкот за изработка на веб страници.
Веб дизајн така го избрав да не се замарам многу, се положува дури и без никакво учење (HTML, CSS и Flash се учат).
 
Сакаш да кажеш ASP на мрежно програмирање се учи? Има врска тоа со мрежи или? Малце ме буни... Се си мислев дека ASP на интернет програмирање се учи.
 
Сакаш да кажеш ASP на мрежно програмирање се учи? Има врска тоа со мрежи или? Малце ме буни... Се си мислев дека ASP на интернет програмирање се учи.

Заеби насловите на предметите. :)
По интернет програмирање ќе учите Java (прво конзолни апликации, после и аплети), а по мрежно програмирање се учи ASP.NET фрејмворкот.
Доста корисен предмет, би ти советувал да го избереш ако те влечи креирање на веб страници - може некој ден и тоа ќе го работиш. :)
 
Го зимам дефинитивно. Одамна се мерачам да седнам да го учам сам, ама никако да почнам:) Вака кога ќе ми е обавеза, има да го научам и оро да играм:)

А друго нешто интересно што има? Слично на овие?
 
Јас земав Логички кола и дискретни автомати и се си почна интересно, додека не испуштив 3-4 часа па после не можев да влезам во колосек. Инаку во овој предмет и во Компјутерски архитектури се учат некои основни работи што после биле потребни за МПС (задолжителен предмет за нашиов модул). Така да, види си убаво, размисли си, има на страната убави планови што и како се учи по секој предмет одделно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom