Некој коментар од постариве колеги за втора год. на КСИА? :smir:
Трет семестар:
Линеарни трансформации - Како и Математика 1 и 2, имаш бајаги материјал, бајаги вежбање и усно.
Основи на мерната техника - Исто така предмет со голем квантитет за учење, но не е тежок материјалот за разбирање (и теоретскиот и задачите).
Електроника 1 - Така-така во тежина, некои се жалат а некои го фаќаат лесно, се базира претежно на шаблонски задачи, од 4 прашања на испит (или колоквиум) едно е теоретско (ака усно) а три задачи (немораш да имаш од двете пишано).
Теорија на системи - Предмет по кој ќе се водиш во скоро сите останати предмети понатака, генерално тежок за сфаќање, но во секој случај потребен за понатака. Исто како и Електроника 1, имаш едно теоретско прашање и останато задачи, со тоа што ако го идеш на испит теоретското прашање е 95% исто во секоја сесија (барем јас кога го полагав).
Логички кола и дискретни автомати - НЕ ГО ЗИМАЈ*, во никој случај. Пред две-три години беше релативно лесен, затоа што освен бодовите од колоквиум/испит, единствени плус бодови добиваш од една домашна (која всушност е испитно ливче од минати сесии), така да лесно се собираа бодови. Сега е хаос, бодови од секој ќош се собираат. Ќе се шинеш цела година со домашни/тестови/лабораториски итн. за да имаш што се вика шанса да го фатиш (да ти требаат 50%-60% бодови од испит за да го положиш). А, и да не заборавам, куцаните аудиториски се срање, поголемиот дел од задачите се многу плитко објаснети така да или ќе се снаоѓаш со книги надвор од факултетот или ќе замараш студенти/асистенти за да ти разјаснуваат.
Алгоритми и структури на податоци - Не сум го слушал, така да неможам да ти кажам точно што како. Се што знам е дека не е нешто посебно тежок, не е толку проблем за положување, но сепак, би те советувал да не се залетуваш со изборни од втора што ги имаш (во трета и четврта имаш еден куп изборни кои се положуваат или со семинарска или со 2 саати учење пред испит).
Интернет програмирање - Исто така не сум го слушал, и би те советувал истото од погоре. Нема потреба да зимаш изборен во трет семестар според мене, и онака имаш доволно кредити, а ако ти фалат ќе си надополниш понатака.
Четврт семестар:
Елементи од нумеричка математика - Како за промена од другите математики, кај оваа математика задачите се значително лесни, но затоа усното е изгор. Ќе имаш 3 колоквиуми за овој предмет, и ќе можеш преку колоквиуми да полагаш и оделно (писмено/усмено) ако сакаш. Така да најдобар совет е да загрееш гз за усното преку колоквиуми, па на испит без проблеми задачите да си ги пројдеш.
Линеарни динамички системи - Прво и основно, предметот го држи Лазаревска д-р Елизабета, а кај нејзе сите предмети најлесно се положуваат школски, со собирање бодови од редовност, од лабораториски, од домашни и од тестови. Материјалот е прилично голем, и генерално тежок, така да гледај собери што е можно повеќе бодови за да си го фатиш полесно.
Електроника 2 - Според мене најлесниот задолжителен предмет што го имаш од трет и четврт семестар. Се полага исто како Електроника 1, но задачите се каде каде полесни (поготово ако најдеш решени испитни).
Дигитално процесирање на сигнали - Слично како и ЛДС, школски предмет, собирај што е можно повеќе бодови од редовност/лабораториски/домашни. Исто така материјалот е масивен, и прилично тежок (поготово поради фактот дека аудиториските се апла плитки). Така да биди редовен и на аудиториски и на предавања (ДА, професорката Богданова всушност објаснува многу работи што ќе ти помогнат при разјаснување на материјалот).
Компјутерски архитектури - НЕ ГО ЗИМАЈ*, едноставно немој. Исто како и ЛКДА, немаш потреба да си труеш мозок со работи кои за ИКИ се задолжителни.
Електроенергетски уреди - ЗИМАЈ ГО, како за промена, имаш еден лесен изборен во втора, а тоа е овој. И нека не те лаже името на предметот. Се положува со семинарска, и сега за сега не сум чул за човек да не го положи.
* - Додатно за ЛКДА и КА, ќе имаш предмет во шестти семестар, Микропроцесорски системи, кој го држи Тентов. Исто така предмет кој е од областа на ИКИ и не сакаш да си полниш мозок со туѓи информации (поготово поради фактот дека МПС е многу обемен). Е сега како за чудо и Тентов го дели истото мислење и обично е поблаг со КСИА студенти по овој предмет. Но покрај тоа тука е и џокерот, Тентов има обичај на КСИА студенти да им дозволува да го положат предметот САМО со семинарска, но под услов да немаш претходно запишано ЛКДА или/и КА. Сега да не те излажам, на некои што имале запишано само ЛКДА додека КА не, им дозволувал со семинарска, но пак е ризично плус како што ти објаснив погоре, губење време и нерви ќе ти биде ЛКДА.