Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Добро, гледам оти сте прва и двајцата и уште не ви се уште јасни некои работи, па да ви објаснам. Ако ништо друго поискусен сум, вреди да ме ислушате.

За предметите од прва на четиригодишните студии не може да се каже оти се непотребни. Ајде, за Физика и така и така, ама ако човек не ја сфати Електротехниката, нема да ја сфати и Електрониката. Ако не сфати електроника, нема да сфати ни како се имплементирани Логичките Кола, ни пак Компјутерски Архитектури. Ако не го сфати ни тоа, никогаш нема да сфати како „работи компјутерот“ и како всушност оди „програмирањето“, само може да учи функции и структури и да ги употребува врз основа на примери што ги сретнал претходно. Исто е и со Математиката, многу е потребна, па не за џабе се учи пет семестри. Е сега програмата е многу лоша, па прво се учи Структурирано Програмирање, па после се учи на основа на што оди тоа програмирање, ама тоа е. На Зајче ќе му стане јасно догодина ако е на ИКИ.

Е сега за ИНФО. Смерот е направен за да „се скрати колку што може“. Да, во главно се учат истите нешта како на ИКИ, ама се е некако набутано за да се заврши за една година порано. Некои предмети се исти (претежно изборните), а пак некои се исти само по име - некои работи не се учат. Сепак, и вие не учите само програмирање. Ако може да потрошиш 3 или 4 години од својот живот (а многумина трошат и повеќе :)) само за станеш програмер, ти само губиш време. Како што вели проф д-р Аристотел Тентов, тоа се учи на два курса на Работнички Универзитет. :wink:

Без навреда, ама на крај на креаеви (по дипломирање), студент кој бил многу добар и разбрал се од ИНФО е на исто ниво како и просечен студент од ИКИ, така мислам јас. :smir:

Пријателе незнам која година си ама сосема си во право. Јас сум апсолвент па можеби малку поинаку ѓи гледам работите. Имено електротехника се учи за да се разбере електрониката што ја учат ИКИ а и онаа на ЕРПС. Физиката се учи за да ја разберат совршено електрониката оние на ЕРПС. Се е елктроника на крај на краиштата. Архитектурите кај Тентов и не се нешто посебно, ама се некоја добра основа за да се разберат некои основни работи. А тоа што Тентов ѓи мачи студентите со глупости и ужива да ги потценува студентите не ѓи прави неговите предмети добри. Пишувањето софтвер за прости програми и користење на генерални компајлери е едноставна работа. За една конечна програма која е напишана квалитетно само 20% од нејзината вредност е на програмерите кој го пишувале кодот (ИНФО). Друѓите 80% се за зверовите кои го смислиле алгоритамот и го оптимизирале кодот. Оние што работат на оптимизација мораат да знаат не само архитектурата на системот туку и многу електроника (физика, електротехника). Па сите во средно сме учеле најразни предмети кои на електро немаат смисла. Физиката не се учи за да ти направиш некој изум во микроелектрониката, таа ти помага да го сватиш светот окулу тебе, да научиш да размислуваш, да ти даде одговор на многу прашања за кои биле несватливи и многу др. Тоа што некои ја избегнале физиката не ги прави програмеришта, туку напротив тие се само уште поизгубени во целиот свет на дигиталната технологија. Колеги, па ова е електро факултет, тука највеќе се учи како да продолжиш понатаму да се надоградуваш, ти ги дава основите на инжињерското размислување (физика, електротехника) и немој да мислите кога ќе завршите ќе знаете се, напротив тогаш ќе бидете најизгубени во дигиталниот свет кога ќе сватите уште колку работи има за кои и не сте сонувале а вие знаете да напишете програма за сметководство. Математката е вистинската работа што инжињерот го прави електро инжињер. Без математика нема алгоритам, а без алгоритам нема програма па и да знаете 10 програмерски јазици. И на крајот на краиштата ќе работите којзнае што, ќе морате да правите софтвер за машини за кои не сте ни сонувале, па дури и да ги оптимизирате (за ИНФО научна фантастика). Дечки програмери има веке еден куп, посветете се на електро инжињерски програмери, работете повеќе на архитектурите на системите и алгоритмите. Тоа е тоа што фали а програмери како ИНФО испаѓаат од факултети кои ги има веќе во секое село.

И на крај ИНФО е еден хуманитарен смер за оние што неможат да завршат електо па да се фалат дека студирале во истата зграда со електрашите.
 
Bla bla bla bla...
И на крај ИНФО е еден хуманитарен смер за оние што неможат да завршат електо па да се фалат дека студирале во истата зграда со електрашите.
На Електро имаш Електро смерови, и имаш Инфо. Така? Сфативме дека ви е поголем... коефициентот на интелигенција </sarcasm>. Туку ај не ги збунувајте новите матуранти, нека си одлучат на мир што да студираат. Не им требаат вашите животни филозофии/фрустрации.
 
Добро, гледам оти сте прва и двајцата и уште не ви се уште јасни некои работи, па да ви објаснам. Ако ништо друго поискусен сум, вреди да ме ислушате.

За предметите од прва на четиригодишните студии не може да се каже оти се непотребни. Ајде, за Физика и така и така, ама ако човек не ја сфати Електротехниката, нема да ја сфати и Електрониката. Ако не сфати електроника, нема да сфати ни како се имплементирани Логичките Кола, ни пак Компјутерски Архитектури. Ако не го сфати ни тоа, никогаш нема да сфати како „работи компјутерот“ и како всушност оди „програмирањето“, само може да учи функции и структури и да ги употребува врз основа на примери што ги сретнал претходно. Исто е и со Математиката, многу е потребна, па не за џабе се учи пет семестри. Е сега програмата е многу лоша, па прво се учи Структурирано Програмирање, па после се учи на основа на што оди тоа програмирање, ама тоа е. На Зајче ќе му стане јасно догодина ако е на ИКИ.

Е сега за ИНФО. Смерот е направен за да „се скрати колку што може“. Да, во главно се учат истите нешта како на ИКИ, ама се е некако набутано за да се заврши за една година порано. Некои предмети се исти (претежно изборните), а пак некои се исти само по име - некои работи не се учат. Сепак, и вие не учите само програмирање. Ако може да потрошиш 3 или 4 години од својот живот (а многумина трошат и повеќе :)) само за станеш програмер, ти само губиш време. Како што вели проф д-р Аристотел Тентов, тоа се учи на два курса на Работнички Универзитет. :wink:

Без навреда, ама на крај на креаеви (по дипломирање), студент кој бил многу добар и разбрал се од ИНФО е на исто ниво како и просечен студент од ИКИ, така мислам јас. :smir:

Ептен си во право. Затоа и го имаме предметот Компјутерски архитектури кој е составем од Компјутерски архитектури и Логички кола ... бла бла не му го запамтив целото име. Двата предмети ни се збутани во еден, и се работи за целата суштина на сите системи на најниско можно ниво, така да и ние знаеме и тоа многу добро како функционираат нештата. Ова повеќе се однесува на коментарот под овој кој не исповреѓа како ние сме ништо, а тие од другите смерови се семоќни и знаат се, а ние сме обични програмери. ЕПА НЕ СМЕ!!! Ќе правиме муабет (можеби ако се сретнеме на форумов пак) за некоја година кога ќе дипломираме и кој како ќе се снајде со работата, решавањето проблеми и животот. Џабе си лечиш фрустрации со тие од ИНФО кога си немаш апсолутно појма од ништо. Ти кога си се запишувал било едно, сега е друго. Се е сменето, работите се многу поразлични. Можеме до утре да дебатираме али ти никогаш нема да го промениш зашто си го завршил твоето на факултетот и воопшто не си во тек со настаните сега.

Пријателе незнам која година си ама сосема си во право. Јас сум апсолвент па можеби малку поинаку ѓи гледам работите. Имено електротехника се учи за да се разбере електрониката што ја учат ИКИ а и онаа на ЕРПС. Физиката се учи за да ја разберат совршено електрониката оние на ЕРПС. Се е елктроника на крај на краиштата. Архитектурите кај Тентов и не се нешто посебно, ама се некоја добра основа за да се разберат некои основни работи. А тоа што Тентов ѓи мачи студентите со глупости и ужива да ги потценува студентите не ѓи прави неговите предмети добри. Пишувањето софтвер за прости програми и користење на генерални компајлери е едноставна работа. За една конечна програма која е напишана квалитетно само 20% од нејзината вредност е на програмерите кој го пишувале кодот (ИНФО). Друѓите 80% се за зверовите кои го смислиле алгоритамот и го оптимизирале кодот. Оние што работат на оптимизација мораат да знаат не само архитектурата на системот туку и многу електроника (физика, електротехника). Па сите во средно сме учеле најразни предмети кои на електро немаат смисла. Физиката не се учи за да ти направиш некој изум во микроелектрониката, таа ти помага да го сватиш светот окулу тебе, да научиш да размислуваш, да ти даде одговор на многу прашања за кои биле несватливи и многу др. Тоа што некои ја избегнале физиката не ги прави програмеришта, туку напротив тие се само уште поизгубени во целиот свет на дигиталната технологија. Колеги, па ова е електро факултет, тука највеќе се учи како да продолжиш понатаму да се надоградуваш, ти ги дава основите на инжињерското размислување (физика, електротехника) и немој да мислите кога ќе завршите ќе знаете се, напротив тогаш ќе бидете најизгубени во дигиталниот свет кога ќе сватите уште колку работи има за кои и не сте сонувале а вие знаете да напишете програма за сметководство. Математката е вистинската работа што инжињерот го прави електро инжињер. Без математика нема алгоритам, а без алгоритам нема програма па и да знаете 10 програмерски јазици. И на крајот на краиштата ќе работите којзнае што, ќе морате да правите софтвер за машини за кои не сте ни сонувале, па дури и да ги оптимизирате (за ИНФО научна фантастика). Дечки програмери има веке еден куп, посветете се на електро инжињерски програмери, работете повеќе на архитектурите на системите и алгоритмите. Тоа е тоа што фали а програмери како ИНФО испаѓаат од факултети кои ги има веќе во секое село.

И на крај ИНФО е еден хуманитарен смер за оние што неможат да завршат електо па да се фалат дека студирале во истата зграда со електрашите.
 
Физиката не се учи за да ти направиш некој изум во микроелектрониката, таа ти помага да го сватиш светот окулу тебе, да научиш да размислуваш, да ти даде одговор на многу прашања за кои биле несватливи и многу др.
Да ми беше до ова ќе отидев на филозофски. Бош е муабетот дека треба да знаеш како работи се од електрон, преку напон, транзистор, пун к*рац транзистори, асемблер, Тото, Ц, и гејмерски вештини за да бидеш добар инженер од таа област, зашто тоа не е една област. Тоа е исто како да очекувате од пилотот кој фрла атомска бомба да е и нуклеарен физичар, хемичар и електроничар, зашто нели, треба да знае како се работи во бомбата во случај да му се навали авионот (аналогија со „ако ми цркне матичната додека програмирам, hell, ќе си направам нова“).

Дисклејмер: На ИКИ сум, и дипломец на Ивицовата школа за заебавање Инфаши, ама стварно е безвезе да мислам дека Планковиот закон за зрачење ќе игра улога во мојата информатичка кариера.

Дополнение:
Основи на електротехника 2, испит кај Тошева, кои се hot topics? На што да обрнам најмногу внимание?
Ај пак ај пак ај пак ај пак. Се ближи судот. На теоријата мислам де, задачите исти се секаде дрн дрн.
 
Некој коментар од постариве колеги за втора год. на КСИА? :smir:
 
некој постар колега на ИКИ ако може да ми каже предлог за изборни предмети во трет семестар?
што сте слушале / што се учи / дали има лаб вежби / колку би ми потребало понатаму /тежина да се положи?
 
Овде ќе ги најдеш сите потребни податоци. Кои се условите за запишување, критериум за оценување, фонд на часови и сл...

А пак, ако бараш совет...
Интернет Програмирање, Објектно-Ориентирани Системи и Електрооптика се предметите меѓу кои треба да одлучуваш. Тоа ти е мој совет.
Интернет Програмирање ти е многу важен предмет. Се учат Java, HTML, javascript... Работи кои секако дека ќе ти требат. Е сеа на сред испитна ќе треба да направиш интернет страница која ти носи голем процент од бодовите, ама ако си фатиш работа на време ќе немаш гајле. :wink:
Објектно-Ориентирани Системи е исто така интересен предмет, ќе ти треба ако се бавиш со програмирање во иднина. И она што те интересира најмногу - лесен е предметот. И тука има домашно.
Инаку, јас ги одбрав овие два.
Електрооптика пак, треба да ти е во план ако те фаќа носталгија за физика. Се учи за оптички кабли, компакт дискови и сл. Ласко е асистент. Друго не би можел да ти кажам за него, не сум го слушал.
 
А некој од ТК има ли на формуов, за да ме советува дали да бирам интернет програмирање или телекомуникациски софтвер?
 
А за инфо што е понудено да се бира бо трет семестар? Ако може опис на изборните предмети:)
 
Идам на увид физика 1 испитов и гледам 35 поени сум паднал, а со 50 се положува. Кога гледам Маргарита точно решено прашање од 15 бода ниту ми го шкртнала го грешно ниту ништо туку пишала само "Препишувал" и не ми дала ниту еден бод. А толку ми требаат тие 15 за да положам. И сега како јас на неа да и докажам дека не сум препишувал за да ми ги даде бодовите? Ај некој ако имал вакво искуство нека ме посоветува :)
 
Сум немал вакво искуство, али јас би ја акнал од земја.:nerv:
 
Ќе си ќутиш и ќе си траеш освен ако професорот не ти е роднина. Сигурно те фатила со нешто, или на некој му паднало ливчето до твојот стол или нешто слично. Биди среќен што не си добил 3 сесии:)

Сум немал вакво искуство, али јас би ја акнал од земја.:nerv:

И после со индексот на приватен ќе си идеш...:) Уствари таму немаат индески:vozbud:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom