Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Еј дечки ај некој што е инфо прва година или што слуша повторно програмирање да ми каже кој ви е асистент и дали ви кажал нешто кога може потпис да се земе?

Фала :helou:

Јоксимовски Бобан. Ништо ни нема кажано, ама демонстраторката ни спомна дека на последната лабораториска вежба би требало да добиеме потписи, па сега... Ќе видиме.
 
Фала. И уште да ми кажеш кога има програмирање лаб вежби (ден и која училна):smir:
 
Во Понеделник, од 2 до 8 (чинам), во кабинетот каде што има Sun + SuSE, во ФЛАОП.
 
Имаме студентски е-маил без forgot user name or password. Е сега јас кога бев бруцош и кога на ливче ни даваа да пополнуваме се, па дури и пасот, јас сигурно не сум си пишал пасворд кој го користам и памтам. Па ај логирај ме сега.

Ако си ги следел упатствата тогаш password би требало да ти е матичниот број ;)
 
Знае некој како е постапката за отварање студентски e-mail, со кој треба да се исконтактира и слично?
 
Знае некој како е постапката за отварање студентски e-mail, со кој треба да се исконтактира и слично?

Па на првите часови по структурирано програмирање даваат формулари кои треба да се поплнат или ако не можеш директно у ФЛАОП таму ке пополниш формулар
 
Оваа година беа спремни мејловите уште пред да почнеме со лабораториски вежби, значи немаше потреба од пополнување на формулари. Исконтактирај го т.н. Администратор на ФЕИТ порталот, или како што ти кажа колегава погоре, оди директно во ФЛАОП.
 
Ни формулари сме добиле, ни ни кажале дека имаме студентски маил. Како треба да е username-от, број на индекс или име и презиме?
 
Ако си ги следел упатствата тогаш password би требало да ти е матичниот број ;)

Јок, ти ми збориш за оваа година (ваљда), јас кога попунував убаво се сеќавам требаше и пас да си пишеме. А за контактирање со веб администраторот искрено ме заболе, ако они се неспособни да направат едно ебено forgot password, јас немам намера да се замарам. И онака сите мејлови ми стигаат на мојот личен е-маил.
 
Немаше никакви ливчиња, ниту информации за студентски мејл, па одлучив сам да се заангажирам. Фала многу :)
 
Кој е подобар смер за програмирање ИКИ или ИНФО ??
 
Некој да го има распоредот за колоквиумска? Линкот од претходната страна не палит.
 
Кој е подобар смер за програмирање ИКИ или ИНФО ??
Исто се учи. Иста програма, исти вежби се е исто. Различни професори се паѓаат, различни асистенти.
И да си на ИКИ, зависно од презимето ќе те распределат во паралелка А,Б,В,Г,Д... па зависно од паралелката ќе ти се погоди добар/лош професор.
Колоквиумот е исти за сите. Само оваа година ние од инфо малце касниме зашто 3 предавања губевме, па ни се изгуби редоследот.
Сепак главното сам си го учиш. Бара доста вежбање.
 
Е исто е ама уствари не е исто.
На ИКИ добиваш диплома за дипл. ел. инжињер, а на ИНФО друга диплома ( не ми текнува баш како гласеше)...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom