Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
пс:За потенцијалните кандидати ....На Инфо се најзгодните женски :))))

Хм .. него што ми беше зборот ... Абе јас кога се запишував пред 2 год Инфо не беше акредитиран (као нов смер нели) па после го акредитираа а у .... се префрлив таму и ми рекоа дека е исти ташак со ИКИ само што место 4+1 ова е 3+2 (ако реши човек да ги земе и постдипломските) ?

Ениуан ?


Да ама на ИКИ ќе си ебаваш матер со Физики и Елекртотехники,ел. кола со променливи и непроменливи,електростатски полиња и други глупости кои немаат никакво везе со професијата.

Дечки запишете се на ТК,не е лесно воопшто ама најисплатливо е.
 
Да ама на ИКИ ќе си ебаваш матер со Физики и Елекртотехники,ел. кола со променливи и непроменливи,електростатски полиња и други глупости кои немаат никакво везе со професијата.

Дечки запишете се на ТК,не е лесно воопшто ама најисплатливо е.


Инфо сум :D


Може професорите се срање ама најбоље асистенти имаме дефинитивно бахахах:)
 
До кога е заверка на семестар, до 17ти или до 23ти ?
 
Јас знам до 17ти е без казна или така нешто
 
aj nekoj poiskusen (sto ima polozeno matematika 2) elektras neka mi kaze dali treba da ucam usno matemetika 2 za kaj boro. poloziv pismeno na kolokviumi, i sea muka mi e da go spremam usnoto. fala unapred...
 
Колку е казна ? +ја знам до 23 е (бар така пишува во студентски) некој да потврди ?
 
Da prasam, diplomata priznaena li e nadvor od zemjava? I me interesira koi programski jazici se izucuvaat na IKI?
 
Da prasam, diplomata priznaena li e nadvor od zemjava? I me interesira koi programski jazici se izucuvaat na IKI?
Да да .. дипломата на ФИЕТ има отворено видици за тоа дали некаде важи и е ратификувана .. за тоа не бери кајле!! :)
И друго колеги .. еве ова матурава што бидна бидна што не изнамалтретираја и тоа помина ... Да ве прашам дали знаете кога се уписите за на ФИЕТ? И се кој има на ЕЕС и кој планира на тој смер и без разлика :)

Извадок од : http://www.dnevnik.com.mk/?itemID=EDD1AB1B90FC5D429BCD225E4579677E&arc=1

ОБЈАВЕН КОНКУРСОТ ЗА УПИС НА ТРИТЕ ДРЖАВНИ УНИВЕРЗИТЕТИ
Факултетите чекаат 15.330 бруцоши
Пријавувањето на матурантите во првиот уписен рок е на 26 и 27 јуни, а резултатите ќе бидат објавени на 28 јуни
0271129B28F0854D99550F29D353DF0C.jpg

Трите државни универзитети годинава ќе примат 15.330 бруцоши. Според објавениот конкурс, за упис на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има 9.809 слободни места, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола 2.946, а Државниот универзитет во Тетово нуди 2.575 индекси.

Ќе нема приемни испити на скопскиот и на тетовскиот универзитет. Но, ќе се спроведат тестови за проверка на компетенциите на заинтересираните кандидати на факултетите каде што ќе се пријават поголем број матуранти од слободни места. На битолскиот универзитет од поодамна не се полагаат приемни испити.

Успехот постигнат во средното образование ќе биде основен критериум за упис и кандидатите може да освојат најмногу 100 поени. На студиските програми каде што ќе се врши упис само според оценките, кандидатите може да добијат 60 поени за општиот успех по сите предмети, а 40 поени за двата предмети значајни за соодветната студиска програма. А, на факултетите каде што матурантите ќе се тестираат, 60 поени може да добијат од општиот успех, а 40 од резултатите на тестовите за компетенции.

На 26 и на 27 јуни на факултетите ќе се врши пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок. Резултатите на скопските факултети каде што ќе нема тестови за проверка на знаењето ќе бидат објавени на 28 јуни. На 30 јуни пак, ќе врши проверка на компетенции. Резултатите ќе бидат објавени на 1 јули, а на шести ќе се врши дополнителното тестирање на кандидатите со еднаков број освоени поени. Проверка на компетенциите во Скопје ќе се врши на Архитектонскиот, Филолошкиот, Медицинскиот, Стоматолошкиот, Факултетот за фармација, како и на Факултетот за физичка култура и на факултетите за музичка, драмска и за ликовна уметност. На Економскиот факултет во Скопје ќе нема дополнително тестирање. Такви тестирања ќе се организираат на Архитектонскиот, Градежниот, Електротехничкиот, Машинскиот, Природно-математичкиот, како и на Рударско-геолошкиот факултет во Штип. Дополнителни тестови ќе се полагаат и на Правниот, Филозофскиот, Филолошкиот, Медицинскиот, Стоматолошкиот и на Фармацевтскиот факултет. Кандидатите ќе мора да допологаат и на педагошките факултети во Скопје и во Штип, на Земјоделскиот факултет, Шумарскиот и на Факултетот за ветеринарна медицина, како и на факултетите за уметностите. На битолскиот универзитет пак, кандидатите може да освојат најмногу 70 поени од општиот успех по сите предмети, а 30 поени за двата предмети важни за студиската програма.

По 200 евра годишно чини студирањето во државната квота на сите државни универзитети. Цената на „приватниот индекс“ на скопскиот универзитет се движи од 200 до 1.000 евра, студирањето во квотата со кофинансирање на битолскиот универзитет чини од 300 до 800 евра, а на тетовскиот од 200 до 600 евра. На скопскиот и на битолскиот универзитет ќе има и квоти за припадниците на малцинствата, но тие нема да бидат повисоки од 10 отсто од вкупниот број слободни места на факултетот на кој се пријавуваат.

Вториот уписен рок во кој е вклучено пријавувањето на кандидатите, проверката на компетенции и дополнителните тестирања ќе се одвива од први до 13 септември. На факултетите на кои ќе има непополнети места, третиот уписен рок ќе се реализира од 18 до 22 септември.
Љубица Гроздановска

Ве молам тој што конкретно знае што се се дешава и како нека објасни!!
Оти како со недозавршена матура т.е. не земена диплома уписи на факултет! Нелогично ми е !!
 
Уписот ќе биде најверојатно во август како што беше со мојата генерација од причини што сеуште ќе немате резултати од матурата при крајот на јуни. Ова е некоја стара статија изгледа. Нема ништо напишано на страната на министерството за образование
 
Да да .. дипломата на ФИЕТ има отворено видици за тоа дали некаде важи и е ратификувана .. за тоа не бери кајле!! :)
Благодарам на љубезноста и исцрпниот одговор.
 
Мене ме мачат некои работи околу дипломата што се добива кога ќе го завршиш ИНФО. Во брошурите пишува Дипломиран инжињер по информатика, додека 4годишните се Дипломиран електро инжињер по смерот. Што значи едно електро е разликата:) али сепак се признава како факултетска диплома, така? Многу викаат дека важело како виша школа ради тие 3 години. Што ќе ми кажете вие?

На отворениот ден имав прилика да разговарам со двајца професори. Едниот ми вика нечини дипломата, воопшто не е признаена и е како виша школа, а другиот ми рече дека инфо бил најсупер смер каде што биле отфрлени физики, електроники и 2 математики и дипломата е исто признаена како и останатите смерови.
На крајот од денов ги најдов двајцата истовремено во ходник и ги прашав што е работата што двајцата ми одговараат различно, и не добив никаков одговор, двајцата креваа само со рамењата како овој на сликава :toe: и си отидоа. Иначе и двајцата предаваат на инфо.
 
Па и јас претпоставував дека е некоја си стара статија оти немаше спомнато нешто матура ова она ..
Cayenne Нема Проблем ;)
Jane еве ти извадок и за двата смера од брошурата што ја дава факултетот:
Студиска програма: Тригодишни професионални студии по информатика - ИНФО
Студентите на оваа студиска програма се здобиваат со практични знаења за примена наинформатичката технологија во области како: програмерска практика за различни апликативнирешенија, реализација на компјутерски системи од аспект на хардвер и софтвер, информацискисистеми, е-технологија, апликативни решенија со бази на податоци. Инженерите информатичари можат брзо да се вклучат во индустријата на информациските технологии, компјутеризацијата на разни дејности, развојот и одржувањето на апликации, дизајнирањето на програмски и системски пакети за производствените процеси, услугите базирани на интернет, компјутерската графика и друго.Студиската програма овозможува стекнување на знаења за програмирање на напредни софтверски апликации, податочни структури и алгоритми, информациони системи и други апликации, интернет програмирање, дистрибуирано програмирање, C, C++, Java, JavaScript, CGI, HTML, CSS и C#, хардверска та структура на компјутерските системи, вештачката интелигенција, алатки за развој на апликации,бази на податоци, мултимедија, компјутерска графика, електронска комерција, компјутерските мрежи и протоколи, безбедност на компјутерските системи.

Студиска програма: Компјутерско системско инженерство и автоматика - КСИА
Во рамките на овоаа студиска програма, преку предавања, аудиториски и лабораториски вежби,студентите се здобиваат со продлабочени теоретски знаења од областа на теоријата на системи,управување, моделирање и компјутерски симулации, вештачка интелигенција, роботика,невронски мрежи, фази-логика, хардверски и софтверски аспекти во компјутерското инженерство,
примена на микроуправувачите во управувачките контури, управување на производни постројки и процеси, нумерички програмирани машини за ндустријата, итн. Знаењата здобиени на овој начин се применуваат во изработка на практични проекти во текот на студирањето.Преку здобиените базични и практични знаења, дипломираните инженери на овој модул имаат голема професионална флексибилност и многу широк избор на работни места во мноштво дисциплини од
технички и нетехнички подрачја. Тие можат да работат во индустријата и јавниот сектор како: инженери за анализа, проектирање и ревизија на автоматизирани погони; во стопански организации за автоматско следење и прибирање на податоци, компјутерско водење, далечинско управување, менаџирање на
технички и нетехнички системи; како експерти-програмери и хардверски и софтверски инженери; во академски институции, во истражувачки центри итн.

Уписот ќе биде најверојатно во август како што беше со мојата генерација од причини што сеуште ќе немате резултати од матурата при крајот на јуни. Ова е некоја стара статија изгледа. Нема ништо напишано на страната на министерството за образование
Се надеваме после резултатите од матурата дека ќе има датуми. Оти оваа година се залагаат за започнување од 15.09. Лани беше на 25 и 26 Август па ќе видеме годинава што како ќе излезе. Оти времеве еве кај е се ближи :) Одмори ваму таму работи едно друго поминува одма :):duel:
 
Мене ме мачат некои работи околу дипломата што се добива кога ќе го завршиш ИНФО. Во брошурите пишува Дипломиран инжињер по информатика, додека 4годишните се Дипломиран електро инжињер по смерот. Што значи едно електро е разликата:) али сепак се признава како факултетска диплома, така? Многу викаат дека важело како виша школа ради тие 3 години. Што ќе ми кажете вие?

На отворениот ден имав прилика да разговарам со двајца професори. Едниот ми вика нечини дипломата, воопшто не е признаена и е како виша школа, а другиот ми рече дека инфо бил најсупер смер каде што биле отфрлени физики, електроники и 2 математики и дипломата е исто признаена како и останатите смерови.
На крајот од денов ги најдов двајцата истовремено во ходник и ги прашав што е работата што двајцата ми одговараат различно, и не добив никаков одговор, двајцата креваа само со рамењата како овој на сликава :toe: и си отидоа. Иначе и двајцата предаваат на инфо.


Епа тие физики,електротехники ти го даваат тоа Инжињер ....

Инфо ти е Programming friendly смер а дека е виша школа сумњам ... Бар секретарката (Злата) ми има кажано дека е признаен како академски смер само што е 3+2 наместо 4+1
 
Значи ИКИ е програмирање,математика и физика.:jaj:
А КСИА има повеќе математика,со примеси од физика и програмирање.:jaj:
Во право сум???:tapp:

Има ли некои форумџии на КСИА??:helou:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom