Па и јас претпоставував дека е некоја си стара статија оти немаше спомнато нешто матура ова она ..
Cayenne Нема Проблем
Jane еве ти извадок и за двата смера од брошурата што ја дава факултетот:
Студиска програма: Тригодишни професионални студии по информатика - ИНФО
Студентите на оваа студиска програма се здобиваат со практични знаења за примена наинформатичката технологија во области како: програмерска практика за различни апликативнирешенија, реализација на компјутерски системи од аспект на хардвер и софтвер, информацискисистеми, е-технологија, апликативни решенија со бази на податоци. Инженерите информатичари можат брзо да се вклучат во индустријата на информациските технологии, компјутеризацијата на разни дејности, развојот и одржувањето на апликации, дизајнирањето на програмски и системски пакети за производствените процеси, услугите базирани на интернет, компјутерската графика и друго.Студиската програма овозможува стекнување на знаења за програмирање на напредни софтверски апликации, податочни структури и алгоритми, информациони системи и други апликации, интернет програмирање, дистрибуирано програмирање, C, C++, Java, JavaScript, CGI, HTML, CSS и C#, хардверска та структура на компјутерските системи, вештачката интелигенција, алатки за развој на апликации,бази на податоци, мултимедија, компјутерска графика, електронска комерција, компјутерските мрежи и протоколи, безбедност на компјутерските системи.
Студиска програма: Компјутерско системско инженерство и автоматика - КСИА
Во рамките на овоаа студиска програма, преку предавања, аудиториски и лабораториски вежби,студентите се здобиваат со продлабочени теоретски знаења од областа на теоријата на системи,управување, моделирање и компјутерски симулации, вештачка интелигенција, роботика,невронски мрежи, фази-логика, хардверски и софтверски аспекти во компјутерското инженерство,
примена на микроуправувачите во управувачките контури, управување на производни постројки и процеси, нумерички програмирани машини за ндустријата, итн. Знаењата здобиени на овој начин се применуваат во изработка на практични проекти во текот на студирањето.Преку здобиените базични и практични знаења, дипломираните инженери на овој модул имаат голема професионална флексибилност и многу широк избор на работни места во мноштво дисциплини од
технички и нетехнички подрачја. Тие можат да работат во индустријата и јавниот сектор како: инженери за анализа, проектирање и ревизија на автоматизирани погони; во стопански организации за автоматско следење и прибирање на податоци, компјутерско водење, далечинско управување, менаџирање на
технички и нетехнички системи; како експерти-програмери и хардверски и софтверски инженери; во академски институции, во истражувачки центри итн.
Уписот ќе биде најверојатно во август како што беше со мојата генерација од причини што сеуште ќе немате резултати од матурата при крајот на јуни. Ова е некоја стара статија изгледа. Нема ништо напишано на страната на министерството за образование
Се надеваме после резултатите од матурата дека ќе има датуми. Оти оваа година се залагаат за започнување од 15.09. Лани беше на 25 и 26 Август па ќе видеме годинава што како ќе излезе. Оти времеве еве кај е се ближи

Одмори ваму таму работи едно друго поминува одма

