Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Од колку до колку работи студентска служба деновиве знае некој? Ми треба потврда за остварен успех и за редовност па да видам кога да идам...
 
мислам дека работи како и обично. А се плаќа нешто за таа потврда? Знае некој?
Од колку до колку работи студентска служба деновиве знае некој? Ми треба потврда за остварен успех и за редовност па да видам кога да идам...

http://www.feit.ukim.edu.mk/fakulte...chni-sluzhbi/sluzhba-za-studientski-prashanja

Колку јас гледам, овде пишува дека работи од 12:30 до 15:30.
 
Работат од 8 до 3 и пол, ама од 12 и пол им е отворен шалтерот. За потврда, колку што памтам, се плаќа 300 денари.
 
Работат од 8 до 3 и пол, ама од 12 и пол им е отворен шалтерот. За потврда, колку што памтам, се плаќа 300 денари.
Тука се употребуваат наводници, т.е. „работат“ :D Пошо сите се женски (освен Анџело кој им е, кхм), си ставаат по едно вентилаторче у меѓуножјето и си кулираат :D
 
Здраво на сите,
сакам годинава да се запишам на ФЕИТ,иако имав други планови претходно,но за жал не ми испаднаа,па ме интересира дали има шанси да се запишам таму иако бараат екстерен предмет по државна матура да биде математика,а јас полагав Англиски?
 
Може ама не во државна квота.
 
Може ама не во државна квота.
Аха.. Добро како и да е мислам дека шансите ми се мали за државна квота,така да не се надевам многу на таа карта.
Прочитав на друго место дека ако сум полагал англиски државна матура,да не бркам прв уписен рок него да чекам втор..има вистина во тоа и зашто или ?
 
Здраво на сите,
сакам годинава да се запишам на ФЕИТ,иако имав други планови претходно,но за жал не ми испаднаа,па ме интересира дали има шанси да се запишам таму иако бараат екстерен предмет по државна матура да биде математика,а јас полагав Англиски?
Аха.. Добро како и да е мислам дека шансите ми се мали за државна квота,така да не се надевам многу на таа карта.
Прочитав на друго место дека ако сум полагал англиски државна матура,да не бркам прв уписен рок него да чекам втор..има вистина во тоа и зашто или ?
Да, добро си прочитал. Упис на секој факултет за некој што ги нема бараните екстерни е исклучиво во втор и трет уписен рок. Во твојот случај, бидејќи и онака немаш добар просек, заборави на ИКИ и ИНФО, енергетските смерови ти се достапни во секој момент, а КСИА, ТК и ЕРПС ако имаш среќа би можел да ги фатиш во државна квота во втор уписен рок.
 
Е сеа ме е*а хаххахаха :)
 
Другар, имаш листа на приоритети и можеш да ги подредеш смеровите кои тебе ти одговараат по важност. Каде што ќе има место за државна, таму ќе те стават. Обично на енергетските смерови има повеќе место. ИКИ и ИНФО се полнат уште на прв упис.
 
Аха.Фала многу,па ќе видам што ќе се деси,утре тек зимам диплома од школо и сите сведителства така да неам ни појма колку бодови имам.. Фала уште еднаш на сите :)
 
Сега како матурант пред кои стои важна одлука во животот сакам да ве прашам за совет.Каде е подобро да се запишам на ФЕИТ или ФИНКИ.Исто така сакам да ми кажете што е подобро ИКИ или КСИА.Како звање добивам со ИКИ а какво со КЦИА.Што можам да работам со едното а што со другото и кои се потенцијални работни места кои би можел да ги добијам со завршено високо образование на претходно наведените насоки.
Однапред благодарам на сите кои сакаат да ми помогнат.
Ајде бе луѓе помагајте!
 
Да, добро си прочитал. Упис на секој факултет за некој што ги нема бараните екстерни е исклучиво во втор и трет уписен рок. Во твојот случај, бидејќи и онака немаш добар просек, заборави на ИКИ и ИНФО, енергетските смерови ти се достапни во секој момент, а КСИА, ТК и ЕРПС ако имаш среќа би можел да ги фатиш во државна квота во втор уписен рок.

ИКИ ќе се примаат само 30 луѓе оваа година, а веројатно и на ИНФО ништо чудно најслабите средношколци да одат на тие смерови оваа година. Тие што нема да бидат примени на ФИНКИ.

Лани на КСИА и ТК имаше едвај по 70 луѓе после прв уписен рок а се примаат 120 така што на крај имаше и со двојки на државна матура што влегоа. Најслабиот на КСИА имаше 40 поени вкупно мислам.

Инаку мислам дека не може со Англиски никако да фати државна квота. Без разлика во кој уписен рок и без разлика дали е пополнета или не државната квота. Ама може сум грешка.

мислам дека може и во државна АКО има слободно место , или грешка сум?

Не знам. Можда. Јас иам другарка на КСИА што полагаше англиски ама е во приватна, а лани во вториот уписен рок имаше уште десетина места кои не се пополнија.
--- надополнето: Aug 14, 2011 4:39 PM ---
Ајде бе луѓе помагајте!
Ако завршиш на ФЕИТ без разлика дали си на ИКИ или КСИА добиваш звање дипл. електроинжињер на ФИНКИ не знам какво ќе ти биде звањето ама тешко дека ќе даваат иста диплома.

Ако одиш на ФИНКИ, таму немаш смер КСИА.

Теоретски КСИА е повеќе ориентирана кон хардвер, автоматизација, роботика, а ИКИ кон програмирање, ама голем број од предметите кои се задолжителни на едниот можат да се слушаат како изборни на другиот смер.

Е сеа да не претерам ама можеби 70-80% од испитите можат да ти се поклопуваат ако така ги бираш.

Инаку за работа и не е толку битно на кој смер си. Имам познаници кои завршиле на КСИА и на некои од енергетските смерови па работат софтверски инжинеринг. Уствари за што ќе си најдеш работа по дипломирањето за тоа ќе се специјализираш.
 
Ај некој нека каже збор-два за предметите од 3 семестар, кој предмет што се учи, каде има задачи, каде теорија, кој е лесен, кој корисен за понатака? Еве ги предеметите од сајтот, таму ги има објаснето ама на мандарински јазик, не разбрав ништо :confused:

Линеарни трансформации
Алгоритми и структури на податоци
Логички кола и дискретни автомати
Изборни:
Моделирање и симулација
Интернет Програмирање
Формални јазици
Објектно-ориентирани системи
Теорија на системи
Електро-оптика
кхм кхм
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom