Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Слабо.... пробав, видов, не бива работава... Во среда се појавувам формално на колоквиум колку да ме има, и да си пробам среќата што малку потешко ќе ме служи за физика...

Страшна е помислата од испит по физика.. Пола материјал е баучка, а тек цел! Милијарда формули, задачи што се граничат о нерешливото и слично...
Се поминува ли физика на испит? :S

Се поминува бе друже, не се разочарувај толку. Ќе се уходаш со тек на времето :D
 
Се поминува бе друже, не се разочарувај толку. Ќе се уходаш со тек на времето :D
Баш така. Иако е полесно на колоквиум физика отколку на испит (само ради теоријата), сепак откако ќе го пројдете ќе видите дека и не било баш така тешко како што ви се чинело. Не за џабе првата година на електро ја викаат филтер година. Има и изрека: Првите 3 години на електро се најтешки, а потоа ќе запишеш 2ра :)
 
Отприлика: ЗЗИ, ЗЗЕ, Њутнови закони, Физичко нишало, брзина, забрзување (транслаторно, ротационо, ПХОД), работа, импулс на сила.. Изведување на равенките, текст, за секоја равенка величините посебно да се пише која што означува, единици мерки и димензии на величините, графици, цртежи.

Ова е веројатно и за кај Христина, па и реално нема што друго да даде. Може уште - сила на триење и сложување на осцилациите(исти правци, нормални правци)! Само да не даде биење и тие натаму 2-3 лекции(апериодични и присилени осцилации) зашто што се вика и она не знаеше тие да ги објасни убаво па фали на нас да ги даде и со 98% да се гледа пак во јануари!
 
Колку е минимум поени за да мојш да ојш на втор колоквиум физика? и дали имат нешо поправно ова она или јануари дирекно?
 
Колку е минимум поени за да мојш да ојш на втор колоквиум физика? и дали имат нешо поправно ова она или јануари дирекно?
Нема минимум, али пожелно е да извадиш над 40 за на вториот да не мора да се мачиш многу (мада и со овие бодови пак ќе ти биде мачење).
И поправно... Ако ти фалат до 20 бода обично дозволуваат да го полагаш само делот што ти е послаб. На пример имаш извадено повеќе поени на задача - ќе полагаш само теорија и обратно.
 
Сите одат на втор колоквиум. Вториот колоквиум според мене е полесен (нема динамика). На крајот мислам дека ќе има намалување на границата потребни бодови за да се положи, пошо секоја година така праат. А ова што го кажуе Олд Скул дека го полагаш само делот шо ти е послаб, не важи кај сите професорки.
 
Ај некој за сигурно нека каже за физика поените како иде...Верка кажа дека за 6ка требало 150 поени...Од тоа претпоставувам 20 од лабораториски...10 од домашните, 10 од тестчето, 10 од присутност??? или се ова нема везе? ако имам околу 40 на првиов колоквиум колку би ми требале од втор за да поминам? (оценка не ме интересира)
 
ме интересира колку поени ми треба мин од првиот и од вториот колоквиум за да положам физика?
едни ми викаат 120 од двата а ако ги имаш 120 само тогаш ти се додаваат другите од тестови, презентацијам, домашни, лабораториски..
после некој ми кажа мора да имаш 30 поени од теорија и 30 од задачи за да поминеш првиот колоквиум .. :S секој различно ми кажува
ЗНачи дали некој знае по колку треба да извадам од еден колоквиум минимално (колку теорија и колку задачи минимално) за да положам ?
и како и кога се сметааат плус поените од лабораториски, домашни тестови итн. И Колку поени треба да имам за да се рече дека првиот колоквоум ми е положен .. НЕКој што е 100% сигурен .. нека каже
(inace sum kaj margarita)
 
Вака беше лани (кај Христина): Границата за да положиш Физика 1 беше минимум освоени 150 бода по сите основи. При крајот на семестарот истата ја намалија, бидејќи резултатите беа слаби, т.е. на сите им дадоа +20 поени. Не рачунајте дека само со бодови од колоквиуми ќе пројдете. Не дека не е возможно, ама е екстремно тешко. Значи треба да рачунате и на бодовите од тестовите и домашните, од лаб на сите им даваат по 10 бода. Се е важно. Треба буквално за секој бод да се борите. Нема услов за да можеш да одиш на втор колоквиум. Сите одат. Но некако оптимално би било да имате 50 бода од задачи и од теорија (и 40-45 би требало да завршат работа, пошо вториот колоквиум е полесен). Значи го нема она ограничување дека мора да освоиш толку бода за да можеш да одиш на втор колоквиум, како што е за останатите предмети.
 
ако знае некој да каже што треба од теорија по електро техника 1. ако значи нешто кај Грчев??
и
дали доколку некој предмет не поминеш прв колоквиум имаш право на втор или автоматски одиш на испит?
 
ако знае некој да каже што треба од теорија по електро техника 1. ако значи нешто кај Грчев??
и
дали доколку некој предмет не поминеш прв колоквиум имаш право на втор или автоматски одиш на испит?

А ти ненаспан си ради електро ? :D
 
Треба ли бе таа последната лекција за енергија во ел.поле да се учи?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom