Факти за компјутерските делови и мали совети за шопинг

  • Креатор на темата Креатор на темата Sephiroth
  • Време на започнување Време на започнување
Сега следува прашање "За какви игри ќе го користиш?"

Инаку конфигурацијата ти е ОК но подобро склопи си сам некоја базирана на i5 и GTX 970.
 
^Ми го зема зборот, затоа прашав за што ќе ја користиш, подобро во тој случај земи на пример i5 4570 + Asus B85 Vanguard (ако имаш доволно буџет ондак иди 4670K/4690K + Z87 Gryphon или Z97-A матична), и со остатокот од парите земи R9 290 или GTX970. Исто би го сменил и напојувањето за некое Antec Neo Eco/HCG 600-650 ватно, или CM GM серија од иста ватажа, или V серија ако дозволува буџетот.
 
Сега следува прашање "За какви игри ќе го користиш?"

Инаку конфигурацијата ти е ОК но подобро склопи си сам некоја базирана на i5 и GTX 970.
Arma 3, Call of duty, battlefield...
да заштедам на процесор и да стаам појака графичка препорачуваш?
 
Па i5 не е штедење туку all you need за игри. А графичка во рамките на буџетот земи ја најјаката што можеш пошто тоа е главниот мотор за гејминг.
 
Се согласувам со коментарите погоре мислам дека подобро е да земаш 4670k или 4690k co gtx970. Оваа графичка што ја имаш ти јас ја комбинирав со i3 4130 мислам дека е жално на i7 haswell да му ставиш таква графичка

edit: Ако не планираш да правиш оверклок на процесорот може и поевтина матична да земаш (b85 или h87) и процесор со заклучен мултиплајер ( без К на крајот )
 
Па непланирам да праам оверклок. Дур сме што е препорака gtx970 или Sapphire ATI PCX R9 290 4GB GDDR5 TRI-X HDMI/DVIx2/DP OC?
 
Па непланирам да праам оверклок. Дур сме што е препорака gtx970 или Sapphire ATI PCX R9 290 4GB GDDR5 TRI-X HDMI/DVIx2/DP OC?
Имаат слични перформанси, но јас би одел со gtx 970 бидејќи е понов модел и троши дупло помалку струја(140w наспроти 300w). Доколку не планираш да правиш оверклок не би ти препорачал да земаш матична од Z- серијата би ти препорачал некоја матича со h81,b85,h87 некој од овие чипсети, а за процесор i5 4670.
 
300W? кој ве излажа?
 
Што треба да видам од овие тестови?
Еве ти бе друже оваа последното ако не знеш да читаш оваа е специјално за тебе и немој со овие муабети како нема врска овие тестови или објавено од хејтери бидејќи момците од anandtech.com знаат многу повеќе од тебе па и од мене.

п.с. ако планираш да напинаш и да се расправаш најди си некој друг
 
Attachments

  • Capture1.PNG
    Capture1.PNG
    7,8 KB · Прегледи: 15
Прво Anandtech е мастрален сајт, тука нема дискусија. Но на скринот кој со го ликнал наведена е генералнa - максимална потрошувачка, не реална.

Второ, 290-те, од тогаш имаат и други драјвери кои допринесуваат за по ефикасно искористување на енергијата, и осетно намалена потрошувачка, како и побрз фан профил.

Еве ти доказ од мене, и тоа при Bitcoin копање....

cm-vanguard-850w-%D1%80%D0%B5%D0%B3%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-png.87166

vrm-volts-in-out-sporedba-so-drug-png.87165

Исто така имам мерено 3X 290 ки со оверклок на меморија од 1250 > 1400, како и јадро 940 > 1050, при тотално оптеретување, во просторија од некои 27 степени, 3x 290, сосве системот, и загубата од 5% заради ефикасноста на напојувањето која беше 95% потрошувачката беше 950W.

Ако на ова се додадат потрошувачката од 30W на процесорот, и некои 60W на матичната + 20W на хардот, како и додатната загуба од аспект на ефикасност доаѓаме на 820W, ако на ова се додаде тоталната и константна потрошувачка на системот при Bitcoin копање во споредба со гејминг, како и оверклокот од некои 10% доаѓаме на бројка од ~730W или ~ 240W по карта во лоши услови. Мерењето беше извршено со професионален мерач на потрошувачка, кој се вклучува во штекер, а кабелот од напојувањето во него.

Зошто се лоши услови? (картите работеа на 87C) - колку е поголема температурата толку повеќе се намалува ефикасноста, а со тоа се зголемува потрошувачката, згора на тоа се работи за OpenCL обработка на податоци, која е доста по захтевна од нормален гејминг, како на напонската секција на картата, така и од оптеретеноста на јадрото и меморијата на картите.

Сите 3 елементи - компоненти при тие услови, се на 100% оптеретеност константно, овие услови на работа не го пресликуваат реалниот начина на употреба на една графичка при гејминг во кој има балансирање на оптеретеноста на компјутерот и другите компоненти, не се ни приближно оптеретени на ист начин......има скратени сцени, и вчитувачки секвенци кои ја намалуваат потрошувачката, како и генерално сегменти од нивоата во игрите кои не се толку графички интензивни, со што варијабилната (динамичка) контрола на фреквенција на AMD/Nvidia картичките веднаш ја намалуваат фреквенцијата на јадрото/меморијата/напонот, и со тоа потрошувачката осетно се намалува.

На кратко, 300W е груба проценка, во најлоши можни услови, со стари драјвери. 290-та со кастом сетинзи, не троши повќе од 210W.
 
Последно уредено:
Здраво,
сакав да се консултирам со вас за напојување. Сакам да земам нешто поквалитетно за да не почне да ми прави проблеми со хардверот и слично. Ќе можете ли да ми предложите некое, ама исклучително од Anhoch ми треба. Ми кажуваа пријатели за од Сетек некои, меѓутоа мене ми треба од Анхоч. Инаку напојувањето ми е за кофигурацијава:
Intel i5 4690
MB Gigabyte H81M
2x8GB RAM HyperX FURY
Gigabyte GTX660 2GB DDR5
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom