Facebook vs Google+ vs Twitter

Merigold

(титула) по желба
Член од
24 март 2008
Мислења
30
Поени од реакции
18
Гугл+ е уште во фаза на развој и не треба да се очекува набрзо да го престигне фејсбукот. Но, сакале ние или не, ќе се случи тоа.

Не за џабе гугл е број 1 на Alexa ( http://www.alexa.com/ )
 
I

Ivanovska

Гостин
Гледам цело време спомнувате што ќе се случи понатаму. Јас ќе ви кажам.

 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Гледам цело време спомнувате што ќе се случи понатаму. Јас ќе ви кажам.

Марк Цукерберг беше во право дека фејсбукот ке биде новиот Myspace.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
имам facebook, google+, twitter, V Kontakte, My Space...
најмногу користам фејсбук, инаку сеуште баш не сум запознаен со начинот на работа на гугл+, па одвреме навреме додавам некој во круг :)
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
хахахаха

Едно е факт дека ова е борба на два Големи РИВАЛИ МАЈКРОСОФТ VS Google,

кој ќе победи епа сигурно дека Фејсбук ќе има доста корисници но многу од оние посериозни или постручни

ќе преминат на ПЛУС ,

еве и зошто

1)Не играат шах ,не симнуваат програми од типот дали ме волиш,гледање на кафе итн..

2)Немаат патолошка потреба да кликаат на лајк па дури и кога се собираат да речеме донации за помош.

3)Не седат пред компјутер и бараат сродни души по цел ден наместо да уживаат во својот живот,

Едно што плус го има е ФИЛТЕР селекција на вашите вистински секојдневни пријатели и ништо повеќе од тоа

Со други зборови ГООГЛЕ плус е вистински реален социјален сервис кој е креативен и стимулативен.
 
Г

Грејвдигер

Гостин

А сега мое мислење на темата, ама пред тоа да кажам дека нема да заземам ничија страна од овие два сервиис, оти Twitter е мојот избор. :)

Плус:
  1. Концептот на работа на круговите;
  2. Изгледот е тука некаде со Facebook, но нешто што мене ме привлекува е минимализмот. Баш тоа што го им Google+;
  3. Фала богу, уште нема ботови... ама кај и да е, и тие ќе се појават. Наскоро ќе има Google+ Games, а од вчера Google купија и еден сервис за групи... па и такво нешто ќе пристигне во скоро време;
  4. Hangout е нешто за кое добива најголем плус;
  5. Исклучување на коментари и споделување на поединечни објави;
  6. Mute на постовите;
Минуси:
  1. Неможноста за пребарување на корисници;
  2. Корисничкото ID е тапа, уште нема паметна адреса за профилот, туку е некој си рандом генериран број;
  3. Сите профили мора да се јавни. Иако информациите и на Фејсбук не ни се толку приватни, сепак тука секој може да има пристап до Вашите информации. Сепак, ја не ни имам многу да кријам... (Скоро) сите информации ми се јавно достапни.
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
хахахаха

Едно е факт дека ова е борба на два Големи РИВАЛИ МАЈКРОСОФТ VS Google,

кој ќе победи епа сигурно дека Фејсбук ќе има доста корисници но многу од оние посериозни или постручни

ќе преминат на ПЛУС ,

еве и зошто

1)Не играат шах ,не симнуваат програми од типот дали ме волиш,гледање на кафе итн..

2)Немаат патолошка потреба да кликаат на лајк па дури и кога се собираат да речеме донации за помош.

3)Не седат пред компјутер и бараат сродни души по цел ден наместо да уживаат во својот живот,

Едно што плус го има е ФИЛТЕР селекција на вашите вистински секојдневни пријатели и ништо повеќе од тоа

Со други зборови ГООГЛЕ плус е вистински реален социјален сервис кој е креативен и стимулативен.
Мала поправка-facebook не е на microsoft :)
 

merlin

Мадридистика...
Член од
29 јуни 2006
Мислења
543
Поени од реакции
119
Од овие две социјални мрежи би избрал Фејсбук, таму се голем број од пријателите..башка за Гугл+ ќе чекам да наполнам certain age o_O
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Како рече еден мој другар ,нему главен другар му се кладилниците џабе Билтен кога нема пари,

еб....... фејсбук кад нема паре за будале исто и за гооооле плус на крајот се е до корисникот.

Се разбира се нафатираа Цукерберг и Сергеј Брин за нив нема зима.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Се трудам Фејсбукот да го исфрлам од употреба но поради големиот број пријатели неможам да го откажам скроз, но сепак никогаш не сум бил некој Freak по мреживе. Иако користам Фејсбук некаде од самиот почеток сепак преферирам Твитер, брзо, лесно, едноставно, ептен добра социјална мрежа. Почнав да го користам и Google+ и сега засега е добар но сепак е сеупте бета верзија, се надевам дека еден ден стане многу појака мрежа од Фејсбук.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
5.508
Поени од реакции
5.821
сега засега го користам фејсбукот, а гугл профилот кога ќе го отворам ме потсеча на фејсбук профилот на почетокот кога го отворив, ги имам истите пријатели кои ги имав на фб :pos:
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Интересна работа.. кога доаѓаше ек на Фејсбук истиов мубает беше кога се размислуваше помеѓу Мајспејс, ХајФајв и тогашен Фејсбук. Ама дечките од ФБ испаднаа шизици и почнаа со Зинга игриците.. и нормално почна пополека да се префрлаат луѓе на ФБ. Па нели чат мат.. и така..

Нешто слично мислам дека ќе се случи и сега со Г+ и ФБ со што Г+ ќе биде подобриот. Незнам зашто го гледате Г+ само како социјална мрежа. Претставен е така но идеата е друга.. Г+ е многу повеќе..
Пример, доколку користиш Г+ користиш многу повеќе од социјална мрежа.. меѓутим некој не гледа така..
Тис ис мај поинт: Кога ќе се логираш на Г+ и куцнеш google.com се отвара пребарувачот со еден црн бар горе, нели? И ако сте корисник на повеќе од една опција на Google (пример: Гмаил, Пикаса, Мапс, Документс.. итн) ќе добиете многу повеќе.. Следите се, вашите пораки на е-маил, документи кои ви се досатапни цело време, слики на пикаса.. Пребарување по мапи.. и секако доколку некое место ви се допаѓа а сте го нашле на мапс, можете да најдете слики кои се поставени на пикаса а се сликани таму.. Целта на Гугл со ова е да се направи една целина и сите нивни сервиси ќе ги соединат (освен јутуб)
Да не го должам..
Користам и ФБ и Г+ и искрено немам проблем ни со тоа ни со тоа.. Мада по даг ми е Г+.

ПС. Јас незнам што очекувавте од изгледот. Што може да има една социјална мрежа.. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom