Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување
Баш е убаво :D
Кај мене сега само хоризонталната лента е сменета. Јаа чекам и ова.
Кај мене само ова опцијата на статусите со емоции сеуште ги нема. А и на почетната страна е глупаво со овој новиот изглед.
 
Ке ве молам...како да го сокриам сопоствениот роденден..то ест да не покажува на пријателите дека денес ми е...значи каде што пишува родендени денес мојот да не се покажува??? :)
Или пак да пишува испрати порака а НЕ напиши на неговиот ѕид?
 
Ке ве молам...како да го сокриам сопоствениот роденден..то ест да не покажува на пријателите дека денес ми е...значи каде што пишува родендени денес мојот да не се покажува??? :)
Или пак да пишува испрати порака а НЕ напиши на неговиот ѕид?

Можеш да го прикажеш цел роденден, само денот и месецот или пак ништо да не прикажеш тоа се подесува во информации на профилот. А кој може да ти објавува на профилот одиш во Прилагодување на профилот/времеплов и означување/Кој може да додава работи на мојот времеплов/Кој може да објавува на твојот времеплов/Само јас тоа е тоа. :)
 
Како да тргнам ова што ми дава кој што лајкнал, кој каде искоментирал? Што го сменија вака, не ми беше претходно, наместо да гледам објави од луѓе, гледам кој што направил :@ Има и луѓе што не се рекла казала па да ги интересираат такви работи. :mad:
 
Како да тргнам ова што ми дава кој што лајкнал, кој каде искоментирал? Што го сменија вака, не ми беше претходно, наместо да гледам објави од луѓе, гледам кој што направил :mad: Има и луѓе што не се рекла казала па да ги интересираат такви работи. :mad:


Хајд или додавај луѓе во Acquaintances листата. :) Штета не може да видиш кој се имаш ставено на хајд, може да замислам колкава ми е листата :)

Едит: Ilumious оди кај некој на профилот и оди над Friends да ти се појави менито, Settings и отштиклирај што не сакаш да добиваш. Али ќе треба да го правиш на секој поединечно или само на најдосадните :D
 
а обратно на ова има ли ? да не се појавува никаде инфо кај сум лајкнал , заследил страна и слично ? :)
 
Мислам дека имаше во поставувањата за приватност или така некако. Ако не, откако ќе лајкнете нешто или ќе станете пријател со некого, во Activity лог можете да отидете и да го скриете. Сепак, некој што бил активен тој момент може да видел во тикерот (тоа што врти горе десно) дека сте лајкнале нешто или сте станале пријател со некого.
 
луѓе изгледа фб-то ми е хакнато.. баш вчера приметив дека "сум лајкнувала" некои страници, а тие страници не ни знам дека постојат. дали постои начин да дознаам кој ми го хакнал? ВЕ МОЛАМ побрзо помагајте?
 
Смени си лозинка :) Мада на моменти се случува Фејсбукот сам да удри некој лајк
 
луѓе изгледа фб-то ми е хакнато.. баш вчера приметив дека "сум лајкнувала" некои страници, а тие страници не ни знам дека постојат. дали постои начин да дознаам кој ми го хакнал? ВЕ МОЛАМ побрзо помагајте?

Можеби имаат страниците искористено аутолајкерс?
 
Taka koga ne vnimvate sto lajkate i na kakvi apps davate permisii.
 
работата е дека сакам да дознаам кој е тоа. хмм мислиш може некако да дознаам? :(


Оди во Privacy -> Security, таму може да видиш активни сексии и кој уреди се имаат најавувано на твојот акаунт. Исто овозможи ги нотификациите за најавување, така ќе добиваш известување преку смс кога некој нов уред ќе проба да се логира на твојот профил. Или уште подобро 2-степ верификацијата (Login Approvals), со што ќе добиваш код преку смс кој ќе треба да го напишеш кога ќе се логираш, што е малку замарање, но ти нуди безбедност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom