Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да прашам нешто.
Во чат листа ми се појави некој контакт TatLi Kiss, без слика. да влезам во профилот неможам а во инбокс некогаш ми било пратено некој глуп текст со некој линк, веројатно вирус. Дали и кај друг се има вака појавено и дали е можи нешто опасно или незнам какво?
 
Избриши ги колачињата на броусерот, сигурно е некој вирус.
 
Account Temporarily Unavailable.
Your account is currently unavailable due to a site issue. We expect this to be resolved shortly. Please try again in a few minutes.

Ги почнуваат апдејтите на новата верзија?
 
Постои ли начин да скриеш на кого и на што ставаш лајкови? Да не може никој да гледа што лајкнуваш, дури ни оние на кои си им во close friends? Постои ли начин за тоа? Пошто девојка ми, на кур ми се качуе за лајкови..
 
Како да деактивираш сопствен профил (по можност објаснето на македонски јазик) пошто така ми е на фб. и дали после кога пак ке го активираш се ќе си стои?. Благодарам однапред :)
 
неможе,мора она да ти направи unsubscribe
 
Како да деактивираш сопствен профил (по можност објаснето на македонски јазик) пошто така ми е на фб. и дали после кога пак ке го активираш се ќе си стои?. Благодарам однапред :)
https://www.facebook.com/settings?tab=security ; иди на линков... и ќе видиш тамо доле под сите прилагодувања ( му доаѓа на средина на екран некаде ) имаш деактивирај го твојот профил. Следи ги инструкциите.
И да, се ќе си стои така.. кога ќе го активираш пак, се ќе биде тука
 
Како се наплаќа рекламирањето на страна на фејсбук? Знам дека пишува таму, ама не разбирам, таа цена од 5 евра на пример, е за еден ден, или за еден месец?
 
Дали му стигнало на некој нешо вакво на мејл
untitled.JPG

Ако стигнало кажете што е ,зашто ....
 
Дали му стигнало на некој нешо вакво на мејл
Ако стигнало кажете што е ,зашто ....
Некој го тужи Фејсбук затоа што го ставиле во некои реклами без негово одобрение.

Сега Фејсбук ти кажува дека и ти можеби си бил ставен во таква реклама и објаснуваат какви се тие реклами односно спонзорирани објави, зошто си бил ставен, односно како твоето име е поврзано со спонзорирани објави.

Имено, компаниите или луѓето имаат можност да платат за да новниот статус, линк или фотографија да се појавува погоре во новости, е сега ако ти споделиш некоја таква објава, во новостите на твоите пријатели најнормално кажува дека ти си ја споделил, е сега некои се бунат зошто да стои нивното име за спонзорирани објави.

И затоа Фејсбук ти испратил писмо во кое ти кажува дека може да ги тужиш и дека тие ќе направат фонд за вакви побарувања и може да добиеш до 10 долари обесштетување.
 
Ќе ми каже ли некој како да тргнам ХАЈД ако сум му ставил на некој?
Си го скрил од новости или си го блокирал?
Ако си го скрил од новости, ќе одиш кај пријателот на профил и ќе притиснеш на тоа Friends или Пријатели и ќе притиснеш на Прикажи во Новости.
Capture.PNG
 
Момци , како можам да направам кога некој кој што не ми е во пријатели , а ми влегува на профил да не може да гледа слики од мене воопшто, моментално може да ми ги гледа профил сликите , тајмлајн и кавер сликите ... на другите албуми ми дава да бирам кој може да ми ги гледа, а на овие 3 се паблик и неможам да бирам кој да ги гледа кој не... Помош?
 
Имам еден проблем, ако може за помош. Кога се логирам на фејсбук, по внесувањето на лозинката имам активирано security code што стигнува на телефонот. Го имам веќе подолго време, се беше во ред. Но последните 2 дена не ми стигнува на телефонот и неможам да се најавам. Некој со сличен проблем? :confused:
 
Насловните слики се јавни и не може да се менуваат.
Сликите на профил може да ги менуваш секоја посебно.
А сликите на времепловот, може да ги менуваш исто секоја посебно на самиот прозорец или во Дневникот со активности или Activity Log, и од лево избери Photos.
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 19:18 ---
Имам еден проблем, ако може за помош. Кога се логирам на фејсбук, по внесувањето на лозинката имам активирано security code што стигнува на телефонот. Го имам веќе подолго време, се беше во ред. Но последните 2 дена не ми стигнува на телефонот и неможам да се најавам. Некој со сличен проблем? :confused:
Можеш да се најавиш. Пробај нека ти испратат порака на меил. Ако и тоа не може ќе те натера да препознаваш пријатели на слики.
http://www.facebook.com/recover/initiate
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom