Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување
Смени пасворд, мејл, има шанса некој да ти влегол на фб и стави си код за авторизација.
Да, благодарам. Ставив логирање преку смс код. За сега нека така па ќе видам.
 
Дечки молам за мала помош...можам да постирам слики/видеа на мојот профил и на групи но од некоја причина не можам на фејсбук страните кои ги менаџирам. Проблемот се јави денес и не можам на ниедна фејсбук група која ја менаџирам. Пробав од разни пребарувачи, преинсталирав флеш плејер, и што ти не. Ако има некој чаре би бил многу благодарен.
 
Како прво, фејсбук не ни става забрани доколку не спамираш секојденвно. Но, доколку постираш секој ден и ти даде рестрикција, а потоа да се пожалиш голема е веројатноста да отиде упм акаунтот. Многу профили така ми ,,загинале''. Од искуство ти кажувам. Подобро почекај да помине забраната па фрли се пак на работа.
Не е така...не праќам многу коментари, а поретко слики и линкови во коментари, а пак во последно време гледам почнале со безобразна цензура.... уште полошо, таа работа не е мануелна .. ете на страната на пријател каде беше тема променливата зима, дискутиравме за времето и ми го означи како спам коментарот каде пратив само слика на Сахара со снег ... а немаше на сликата арапи со пушки и слично, ја превземав од наш портал а тие веројатно од некој арапски
sahara-2-700x546uk76i76i6.jpg

а пост со слика на замрзнат океан во УСА не е спам,
тој е од уса медиум

денеска ми означува како спам порака на страна каде се дискутира за антинато атмосфера во РМ, спам е линкот за Турско - американските конфликти во Сирија, поточно оваа слика бидејќи не верувам текстот да го читале
https://naslovi.net/2018-01-20/prav...aju-kako-da-nas-izvuku-iz-te-mocvare/21103963
поточно СПАМ е фотката од ПРАВДА
americka_vojska_u_siriji_jt.jpg

веројатно ФБ има софтвер кој детектира било која фотка од руски извори, без обзир што е на фотката...
 
Знае некој зошто кога ќе влезам на Фејсбук апликацијата преку Андроид на мобилен горе кај срчот често ми светка иконата за месинџер како да имам нова порака а сепак нема ?

Ова ми се случува деновиве.
 
Знае некој зошто кога ќе влезам на Фејсбук апликацијата преку Андроид на мобилен горе кај срчот често ми светка иконата за месинџер како да имам нова порака а сепак нема ?

Ова ми се случува деновиве.
Тоа е еквивалентно на таен обожавател. Знаеш дека некој те обожава, ама не знаеш кој.

Шала на страна, откако ќа ја пуштиш апликацијата почекај 15-ина секунди и види дали ќе ја снема нотификацијата за порака, затоа што обично му треба време да помине додека се синхронизира Фејсбук апликацијата со Месинџер апликацијата. А некогаш се синхронизира само ако стиснеш на Месинџер иконата.

Во секој случај немој да се плашиш дека пропушташ некоја порака или дека некој ти пишал нешто па избришал. Тоа сигурно не е случајот.
 
Дечки ако знае некој да ми каже..На фб во делот за безбедност и најава ми пишува дека сум се најавил од Кичево со ip 79.126.161.189. преку PC... јас сум од Скопје,,Gmail-от е ок. не се најавил никој преку него,,
Што е работава ми е прашањето?
 
Па смени го фејсбук пасвордот. Што има врска ако gmail-от ти е океј, кога ти пишува дека некој на фејсбук се најавил?
Демек мора да ти се најави на gmail за да може да ти влезе во Фејсбук?
 
Па смени го фејсбук пасвордот. Што има врска ако gmail-от ти е океј, кога ти пишува дека некој на фејсбук се најавил?
Демек мора да ти се најави на gmail за да може да ти влезе во Фејсбук?
Може да се најавиш директно од gmail ,без лозинка од фб.
Муабетот ми беше дали е можно кога сум се најавил на ПЦ да се воспоставила врска со тој репетитор у Кичево,а живеам на влез од Куманово во Скопје
 
Дали некој продава Фејсбук профили? Стари по можност ако има. Нека ме контактира на приватно
 
Колку би можело да се продаде фејсбук страна со над 12к лајкови стара повеке од 5 години ?
 
Колку би можело да се продаде фејсбук страна со над 12к лајкови стара повеке од 5 години ?
1. МК Фејсбук страна или англиска?
2. Со која тематика е, општа или некоја конкретна индустрија?
3. Фановите - природни или fake?
 
1. МК Фејсбук страна или англиска?
2. Со која тематика е, општа или некоја конкретна индустрија?
3. Фановите - природни или fake?
Македонска
Продавав дресови патики тренерки ....
фановите се природни неколку пати имам бустано .
 
Македонска
Продавав дресови патики тренерки ....
фановите се природни неколку пати имам бустано .
Според следење на цени на ФБ страни на други места, цената би била 1,000-1,500 денари (слободна проценка).
А, можеби и тоа е премногу.
 
Според следење на цени на ФБ страни на други места, цената би била 1,000-1,500 денари (слободна проценка).
А, можеби и тоа е премногу.
Некако многу ниска ти е проценкава ако си следел на други места, прениска. Слободно може да иде дупло, има добра таргет група, ако има добра статистика и повеќе.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom