Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата viktordojran
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира дали постои вистинска, но ВИСТИНСКА опција за да се тргне timeline и да се врати стариот изглед ?

Не, исто како и да бараш модел на кола но со предница од моделите од 99 година. Значи тоа е новиот изглед а без тајмлајн беше стариот, значи минато а сега е сегашност....
 
Фејсбук користам пола час дневно, така да нема да ми падне посебно тешко ако го снема....ама реално, нема да го снема.
Е сега кајгана ако ја снема ке ми биде ептен тешко пошто со кајганџиите/ките си се дружам долго време.
 
Не, исто како и да бараш модел на кола но со предница од моделите од 99 година. Значи тоа е новиот изглед а без тајмлајн беше стариот, значи минато а сега е сегашност....

Кај некој профили сеуште е стариот изглед, т.е. не е активен timeline проектот. Кај мене исто така беше се тоа до денес, кога несакајќи го притиснав тоа копче поради проблеми со маусот.
Реално стариот изглед беше далеку подобар. Барем според мене.
Незнам колку држи паралелата со коливе која ја спомна ти, али како и да е мислам дека би било коректно да има опција кој сака да бира што да користи дали стариот или новиот.
 
чекајте бре малку луѓе,јас не сум го уште ни отворил,тоа Фејзбук
а вие сакате - кажувате де, дека тоне и ќе го снема, е нема
глеј само јас кога сега ќе се уклучам која популарност ќе добие,
но дајте некоја интересна адреса од таму,да видам за што се работи,
за да знам и јас како да стартувам и то..................

Остај тоа, многу малолетнички има. :D


Кај некој профили сеуште е стариот изглед, т.е. не е активен timeline проектот. Кај мене исто така беше се тоа до денес, кога несакајќи го притиснав тоа копче поради проблеми со маусот.
Реално стариот изглед беше далеку подобар. Барем според мене.
Незнам колку држи паралелата со коливе која ја спомна ти, али како и да е мислам дека би било коректно да има опција кој сака да бира што да користи дали стариот или новиот.


И јас така мислев кога го активирав тајмлајнот во септември минатата година, но баш и не е така тапа како што мислев. Новиот е многу подобар, а и повеќе е ориентиран кон бизнисите, барем како што гледам и можам да заклучам јас... Доста популарен е кај компаниите.
 
После факинг тамјлајн и премногуте промени кои го ебе..
 
Само на мак форуми можеш да прочиташ коментари, ајде да пропадне, ееее ќе пропаднеее уууу...
Аманте бе луѓе? Некој фамилија ви дира? Ако не сакате не го користете
 
Нема никаква шанса за сега да пропадне. Кој не го сака нека не го користи.
 
:pos:
Про и Анти ФацаЌитапот а оние што го немаат ?
 
Воопшто не ми се допаѓа што го наметнаа Тајмлајнот... некако ФБ стана одбивен,и не само поради тоа, туку и поради фактот што постојат досадни апликации, и досадни луѓе кои замараат со бедни лајкови, коментари и постови!
Моја прогноза е дека ќе пропадне, исто како HI5...а на негово место ќе дојде друга социјална мрежа и така натака...
 
Јас незнам зошто вие воопште се замарате со тоа дали ќе пропадне или пак не ако вие убаво на фб седете си... ако вие убаво постирајте си сликите со напрчени газиња и фала за таквите сликици :sneaky: барем да имам што да гледам :icon_lol: А за тие што не вие убаво на фб едноставно деактивација на профил и никому ништо. :) А дали сега ќе пропадне или утре или за год и тн. ни јас ни некој од тука знае :) и дај олабавете со ова темиве за фб дали ќе пропадне доста е веќе по Македонскиве сајтови фејбук ова фејбук она :facepalm: та преку .!. више мадињава ми станаа портокали бреееј :cenzura:
 
За мене не е подоходовен од Ејпл и Гугл, ако имам пари попрво нив би ги одбрал отколку ФБ.
Да не спомнувам што овие двете имаат солидни профити повеќе квартали наназад, а ФБ во единствениот квартал има загуба.

Од Гугл и Ејпл не е, али од Јаху во догледно време ќе биде дупло.

Кажи ми што продава ФБ? Како го продава?
П.С.
Не е профитабилен, бар не сега и со овој бизнис модел. Сигурност за во иднини, не знам, зависи како ќе се одвиваат работите. Цена од 35%, сигурно, само ќе се почека некое време.

Ми се чини дека е најбрзиот начин до информација. Ако го изменат рекламниот систем (они се паметни дечки сигурно ќе им текне нешто) верувам дека ќе ги поминат и Ејпл и Гугл. Премногу народ на едно место, лесно е за манипулирање.
 
ФБ нема никогаш да падне,целта на постоењето на ФБ е многу поинаква од таа која мнозинството мисли дека е.

http://www.youtube.com/watch?v=tntv6LzpG0k&feature=related

Сеа ке речат многу дека се ова се теории на заговор дрн дрн ама во Америка нема ништо случајно или креирано без некоја позадинска намера.Во Related ке најдете уште некое видео поврзано со ова,ако имате време погледнете ги,ако ништо друго ке ве натера да се замислите.
 
Латас не рече нишо за ова (n)
----------
Минатата година G+ се силеше дека ќе го турни facebook па ништо.
Dust in the wind
 
Ми се чини дека е најбрзиот начин до информација.
Лош избор на зборови, ама ќе претпоставам што мислиш.
Ако го изменат рекламниот систем (они се паметни дечки сигурно ќе им текне нешто) верувам дека ќе ги поминат и Ејпл и Гугл. Премногу народ на едно место, лесно е за манипулирање.
Имаше некои промени во целокуптиот бизнис модел, ама некако касно дојдоа, па не предизвикаа некоја значаја промена, ќе видиме што ќе каже следниот извештај.
Инаку рекламниот систем им е доста ефикасен, ама далеку од доволен:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom