Не може да потоне некој сајт, за самопромовирање на корисниците. И онака фејсбук нема друга намена. Извадокот “Го користам за контакт со пријатели“ малку важи, за истите тие пријатели да би имале фејсбук треба да имаат е-маил, а е-маил контактот е далеку посигурен, а тука се и тон програми како скајпот. Постоеја и ќе постојат вакви досадни мрежи како фејсбук, почна лудилото во македонија со тагед, пријатели, хајфајф, па стигна на фејсбук, како глобално село за сите со скршено его, или бујна сексуална фантазија. Досаден е концептот на истиот, премногу монотон изглед, секој со својот профил “глуми“ веб-сајт, за објавување разноразни вести, кој за себе си, кој за времето, кој за политиката, го дрват неславните диџеи објавувајќи миксови по 2 часа што траат, во рок од 3 минути преку 50 песни се редат на ѕид и останати кретеноидни објави.
Кога го отворам мојот профил, 3 % имам корист од него, како RSS FEED од веб сајтовите, додека останатите 97 % се дневник со досадни дешавки од типот : Јадење, мочање, секс, луди вечери итн...
Сајтот во живот го одржуваат ергените за барање девојка, и девојките на кои им фалело во живо едно “Прекрасна си, закон си, топ си мwa кис4е“.И истиот како таков, не би гледал дека има некоја голема намена во приватниот живот на луѓето. Факт е дека сите го користиме а најбитно е на кој начин. Како што кажав, контактот со пријателите, ќе биди истиот што и претходно бил кога немало фејсбук.