Facebook, најмоќната разузнавачка алатка на CIA?

Член од
24 септември 2009
Мислења
47
Поени од реакции
4
Abe koj saka da znae informacii za mene kaj sam roden kd kako sam praven xD :D koj ga briga za mene bozem sam nekoja slavna lichnost ili...toa treba da se pazat tia shto imat napraveno golemo krivichno delo shto se barani od CIA ... :) ete toa jas mislam :D
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.778
Поени од реакции
12.243
bozem sam nekoja slavna lichnost ili
Тоа е и мое мислење :)

Туку...само што открив дека ЦИА нашла податок за мојата фарма на Фармвил, што имам посеано и дали имам крави, овци...тешко мене :pos2: :smir:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Убава пропаганда на конкурентските социјални мрежи (или некој друг можеби), против фејсбук:). Иако повеќе би сакала да го разгледувам социолошкиот аспект на користењето на друштвени сајтови, сепак ќе се придржувам до темата. Се согласувам дека е и повеќе од можно сите информации кои се наоѓаат на интернет, да се насочуваат, поседуваат и да стигнат до влијателните раце. Ова е облигаторно и нормално. Дури и да не го прифатиме фактот дека заштита на личните податоци постои само привидно, додека зад кулисите има други правила, сепак треба да сме свесни дека некогаш тие лични податоци, можат да не` спасат од терористички напад. Во принцип, сеуште стојам до тоа дека Интернетот е американска база за контролирање на светот. Целиот интернет, не само фејсбукот.
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229

ова е вистина а башка за ЦИА работат најдобрите хакери, програмери кои како така мозат да ти ги искористат информациите до компјутерот и се друго со имаш, верувам дека Фејсбук е ситна риба за нив!

by the way Фејсбук е тапа ич мерак не ми прави!

А што Мислите ЦИА неможе кајганава да ја прелистува да разузнува се можат тие! што треба да се одалечам од нет, со самото пристапување на нет ние сме експонирани во свеот!
 
MHJ-GIRL

Програмер
Член од
1 февруари 2010
Мислења
84
Поени од реакции
13
Се мислев дали да ја отворам темава во подфорумот за интернет, но некако по прикладен ми се чинеше овој форум. Сепак, речиси секој од вас користи Facebook, а не само мнозинството на интернет гикови кои ги имаме на форумов :)

Што е тоа Facebook? Колку многу знаете за Facebook? Ви текнува кога всушност се појави и како стана толку популарен? Зошто толкава фама? Кој ја генерира? Океј, сите знаеме дека Facebook ви овозможува да прикачувате и да се означувате на фотографии, да додавате виртуелни пријатели, да коментирате, да споделувате видео клипчиња, да отварате групи и тн... Но, од друга страна пак - која социјална мрежа не ви го овозможува истото тоа? Што го прави Facebook толку посебен и поразличен од другите?

Одговор: Вашите лични податоци.
Вашето вистинско име и презиме, вашите вистински пријатели, вашите политички согледувања и ставови, вашите дневни активности, белешки, записи, заеднички пријатели, вашите омилени книги, филмови, домашна адреса, телефон, e-mail адреса, клубови, образование, работно место, датум на раѓање, сексуална ориентација и тн... Едноставно, се што некој би сакал да го дознае за вас, доколку го интересира.

Обично, сите кај сите останати социјални мрежи се регистрираме под псевдоним. Јас сум Acid, ти си Трпе. Ги искажуваме нашите ставови, но никој всушност не знае кои сме. На Facebook - не е баш така. Доколку мислите дека Facebook се грижи за вашите лични податоци, се лажете.

Сите податоци кои ги внесувате на Facebook остануваат нивни за секогаш, а со секоја ваша објава на било каков материјал и информации и на било кој дел од Facebook, вие им давате ексклузивно право да ги користат истите за сопствени и да ги дистрибуираат за туѓи цели.

Зошто стана оваа мрежа толку популарна? Зошто не некоја друга? Знаете ли дека во изминативе години Facebook одби безброј понуди за преземање од страна на Yahoo и Google кои вредеа МИЛИЈАРДИ долари? Сигурно не сте знаеле, но првата инвестиција Марк Зукерберг (основачот на Facebook) ја доби од Петер Тиел, основач на PayPall. По една година, Facebook доби уште 12.7 милиони долари од Accel, компанија чиј директор (Џејмс Браер) е близок со Гилман Луи, директор на InQTel - компанија формирана од CIA во 1999.

Клопчето се одмотува се повеќе и повеќе, но луѓето се наивни и познавајќи ги - воопшто не се трудат да ги прочитаат правилата. Камоли да размислат како се користат нивните лични информации и најосетливите информации од нивниот личен живот. Битно е да си во тренд. Битно е вечерва да направиш 10 слики, од кои барем за 5 ќе речеш: "е овие се за фејсбук".

Нови членови, внимателно со овој сервис. Користете псевдоними, не целосни имиња. Не објавувајте точен датум на раѓање, не откривајте премногу информации за вас... Вашите податоци се ставени на располагање на секој што сака да ги купи.

Чекај малку. Јас ќе ги објавам моите лични податоци ако јас сакам. Ако несакам-неморам да ги објавам на фејсбук или било каде на интернет ;) Така да... Е тоа што има некои глупи па објавуваат тоа...

Да точно. Но кој ти брани и на фејсбук да бидеш
под псевдоним?

Хммммм :smir: кој ми кажува... а што е ова...

Marjan Lazarevski

Информации Фотографии RSS/Blog

Притоа, слика на профилот од тебе, 4 албуми... :helou:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
А ти од кај знаеш дека јас стварно се викам Марјан Лазаревски? :)
 
Б

Бат Елохим

Гостин
А ти од кај знаеш дека јас стварно се викам Марјан Лазаревски? :)
Може и кажал Џорџ Тенет бе! Одлевал податоци од Циа и така му заврши кариерата! :pos:

него... јас втор остров си купив... а и имам артефакти од маите и ацтеките... кај и да е на врата да не ми затрипаат циа??? :)
 
S

smart ass

Гостин

ова е вистина а башка за ЦИА работат најдобрите хакери, програмери кои како така мозат да ти ги искористат информациите до компјутерот и се друго со имаш, верувам дека Фејсбук е ситна риба за нив!

by the way Фејсбук е тапа ич мерак не ми прави!

А што Мислите ЦИА неможе кајганава да ја прелистува да разузнува се можат тие! што треба да се одалечам од нет, со самото пристапување на нет ние сме експонирани во свеот!
NSA.....if you send e-mail containing words like bomb, Al..jihad,dual purpose materials,names of members of US Congress...and nicknames of NSA staff or cooperatives then Your mail is captured by Super PC Located under NSA Building.Their software have almost unlimited capability.

more info not available.

CIA is simply the muscle of NSA.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Море и на форумов не пратат некој опасно а не па фб.:nesum:
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
1. постојат мн луѓе шо ставаат вистински информации.. да имаше место кај шо се ставаше матичен број ја сум сигурен дека и тоа ке го напишеа..
2. шо ке ти е фејсбук воопшто
3. можеш на мејлот да стаиш лажни информации (пошо мора да имаш мејл за Фејсбук) па потоа и на фејсбук да ги потврдиш лажните информации..
:salut:
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.160
Поени од реакции
30.298
1. постојат мн луѓе шо ставаат вистински информации.. да имаше место кај шо се ставаше матичен број ја сум сигурен дека и тоа ке го напишеа..
2. шо ке ти е фејсбук воопшто
3. можеш на мејлот да стаиш лажни информации (пошо мора да имаш мејл за Фејсбук) па потоа и на фејсбук да ги потврдиш лажните информации..
:salut:
А немора воопшто да ставаш лични информации:pipi:
 
H

^HITMAN^

Гостин
Зошто стана оваа мрежа толку популарна? Зошто не некоја друга? Знаете ли дека во изминативе години Facebook одби безброј понуди за преземање од страна на Yahoo и Google кои вредеа МИЛИЈАРДИ долари? Сигурно не сте знаеле, но првата инвестиција Марк Зукерберг (основачот на Facebook) ја доби од Петер Тиел, основач на PayPall. По една година, Facebook доби уште 12.7 милиони долари од Accel, компанија чиј директор (Џејмс Браер) е близок со Гилман Луи, директор на InQTel - компанија формирана од CIA во 1999.
Не дека нема некој процент вистина во ова, но според мене, уште една од ненормалните теории на заговор дека нам секогаш некој сака да не следи и контролира и да не манипулира.

InQTel - Компанија формирана од CIA? CIA e агенција за разузнавање на САД и НЕМА право да основа фирми, како прво. Како второ доколку некој ми каже, "Aбе се тоа тајно е и не е јавно регистрирана од CIA туку од луѓе на CIA" - глупости !!! И доколку е така, верувајте дека истите тиа луѓе од ЦИА кои го користат ФБ за вакви работи, не се до толку глупи за да за некоја нивна фирма тајно регистрирана со платен газда, разбере некој и да им прави документарци по интернет и да ги клевети и да ги разознае.

Facebook не те тера со сила ти да ставиш и име и презиме, нуту пак датум на раѓање, ниту е-маил, ни НИШТО !!! Ако сакате ставете си, ако не не си ставајте или пак не правете facebook, направете под псевдоним или лажно име и готово.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom