Покрај најавата за повторно експлоатирање на железната руда кај Тајмиште по 15 години, геолозите и металурзите најавуваат отворање на неколку нови рудни окна за бакар, злато, железо и никел
Владата наметнува нови обврски за искористување на железната руда кај локалитетот Тајмиште, кај Зајас. Изградба на фабрика за преработка на железната руда и вработување на околу 1.000 луѓе во првите пет години е најновиот услов за заинтересираните инвеститори што сакаат да ги експлоатираат рудните богатства од Тајмиште.
Иако веќе една индиска, две турски и две домашни компании веќе подигнале тендерска документација за да станат концесионери на ова рудно наоѓалиште, Министерството за економија ја прекина постапката и почна нова. Со новите услови државата сака да се осигура дека концесионерот нема само да ја експлоатира и да ја извезува железната руда, која се проценува на околу 150 милиони тони.
„Владата одлучи да ја прекине постапката за доделување концесија за експлоатација на минерални суровини и да почне нова, во согласност со која се воведуваат нови услови за инвеститорот. Обврска за идниот инвеститор е да изгради погон за преработка на рудите на железо, што ќе придонесе за отворање нови работни места, односно зголемување на бројот на вработени“, кусо објаснуваат од Министерството за економија...
http://www.kapital.mk/mk/makedonija...a_ruda_-_uslov_za_da_proraboti_tajmishte.aspx
Во последно време гледам многу заинтересираност за рудното богатство кое го имаме. Прво беше Алшар, Иловица, сега ова.
Ајде колеги кајганџии ваш коментар околу ова. Само да не бидат од типот позиција-опозиција.
Очекувам плодна дебата