ВЛАДАТА ТРЕБА ДА ПРЕСЕЧЕ ЗА РУДНИKОТ ЗА ЖЕЛЕЗО
Само една понуда за Тајмиште
За десетина дена се очекува Владата да донесе одлука дали ќе ја прифати единствената понуда за издавање под концесија на рудникот за железо Тајмиште во општина Зајас или, пак, ќе се распише нов тендер. По пропаѓањето на првиот конкурс, на кој имаше три понуди, од кои најголемата беше од 2 милиона евра од турска компанија „Kурум холдинг“ од Истанбул, но не се реализира, Министерството за економија распиша нов оглас со исти услови. Но на овој се јави само една, и тоа домашна компанија која за концесијата нуди 670.000 евра.
- Во моментов е завршена целата работа, но проблем е што имаме само една понуда. Излезе дека една домашна компанија ја достави најдобрата и единствена понуда, но таа е три пати пониска од најдобрата понуда што ја имавме на првиот тендер - вели министерот за економија Ваљон Сараќини.
Тој објаснува дека на првиот оглас имало неколку понуди, при што прворангираната била во висина од 2 милиона евра, второрангирана била понудата во висина од 750 милиони евра од една грчка фирма, а треторангирана била од 400 милиони евра, исто така на турска фирма. Согласно тендерската документација и Законот за минералните суровини, избраната компанија имала обврска во рок од 30 дена да го уплати концесискиот надоместок, да регистрира фирма во Македонија и да достави банкарска гаранција во висина од 3,5 милиони евра како потврда дека во рок од 5 години ќе изгради фабрика за обработка на железо. Меѓутоа, компанијата дополнително побарала рок од 14 месеци за да може да направи дополнителни испитувања, што не можело да се прифати бидејќи останатите компании со ова ќе биле доведени во нееднаква положба. Поради ова, на „Kурум холдинг“ ~ беше активирана банкарската гаранција во висина од 400.000 евра.
Според јавниот повик, концесијата за експлоатација на минерални суровини се даваа за период од 30 години, со можност истиот да биде продолжен за уште еден период, но не подолг од 30 години, а компанијата има обврска да отвори фабрика за обработка на железото што треба да значи и отворање нови работни места.
Во рудникот Тајмиште експлоатацијата на рудата беше прекината пред две децении, но се проценува дека тој с` уште има резерви, кои во денешните услови и цени на светските берзи се интересни, односно има резерви на железна руда за период од 150 години.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F2E11FD5CDA82A4DA21C7E9BA8AC6010